Исчезнати лица

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.080
Поени од реакции
1.900
Kako uspea be voj velibor vo pritvor da ja isfarba kosava? Terorist od najvisok stepen?

posle losi uslovi imale. more na kolec da gi nabodat site
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.288
Поени од реакции
38.403
Т-Биџонс ќе се појави секако. Да ја носи сурлата на Зурлата.
Како да се бориш против Т-Биџонс?
Не се бориш, мочаш и правиш краток спој.

...ајде прибери си го речникот,
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.288
Поени од реакции
38.403
Стварно бе кај пропаднаа сите тие што тврдеа дека Палчо е невин? Ги нема веќе со месеци на темава.
...стварно, јас не прочитав никаде некој да каже т.е. да напише „Палчо е невин“, ако мислиш тоа дека се пишувало дека „нема цврсти докази“ и се одоговлечува нешто што самите институции рекле само да го екстрадиратт од Турција „готово“, тогаш ОК, едно да се суди според видливи докази, друго да се суди со „можеби„, „изгледа“,


...и сега ако ова се прочита горе наведениот наслов на линкот, ќе речеме ејјј стварно зошто? опааа веднаш осуда од некои членови тука, аааааааа вие мислите и пишувате дека Палчо е невин :(


„....Да знаев дека е девојче, немаше да учествувам. Прво го грабнавме Панче. Се каев што направив ваква глупост. .... Во зградата, кога личноста излезе, не забележавме дека е дете. Ја врзавме и ја ставивме во вреќа. „

И? нормално е ова што не забележал(е)дека е дете? дрогирани ли биле или што?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.227
Поени од реакции
4.123
Ми се поврати читајќи ги исказиве. Мислиш вакви ликови само во Америка има. Штета што нема смртна казна за вакви како Палчо. :sick:

...стварно, јас не прочитав никаде некој да каже т.е. да напише „Палчо е невин“, ако мислиш тоа дека се пишувало дека „нема цврсти докази“ и се одоговлечува нешто што самите институции рекле само да го екстрадиратт од Турција „готово“, тогаш ОК, едно да се суди според видливи докази, друго да се суди со „можеби„, „изгледа“,
Ти си олицетворение на политичката елита. Немаат срам, а немаш ни ти! Како бе не ти е срам!?? Иди сокриј се негде. Куп глупости изнапиша претходно и ги бранеше со тие глупи твои тези (посебно Палчо психопатот), па сега ги вртиш работите. Не знам како не ти ставиле бан некој, квази-сејзнако, вечити експерт во сите теми. Како те трпат дома не ми е јасно...
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.084
Поени од реакции
13.065
Одвратно, одвратен случај, не можам ни да замислам низ што поминувало сирото девојче, ниту па низ што поминуваат сега најблиските читајќи ги овие искази.
Ептен збунувачки случај, ме интересира кој е мотивот позади смртта на 14 годишно девојче. Ова или ќе испадне стварно мастеркрајм или слеп води слепог.
Искрено не им верувам многу на исказите на Манев, мислам дека се исфилувани малце за да падне јавноста на емоции. Секој гледа да спаси жива глава колку може.
Ама не ми е јасно, овој Манев и тој слугата, ајде двајцата како трупчиња се. Тој третиот, нели беше каратист? Абе гледаш дете дека си киднапирал, гледаш овој Палчо колку е нестабилен, зарем не може да реагира во моментот, да се спротистави? Како може разумот да не ти проработи во такви моменти?
Ич не ги жалам, и тој ќотек што го добиле е малце, нема казна што е доволна за ова дело.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.288
Поени од реакции
38.403
Ми се поврати читајќи ги исказиве. Мислиш вакви ликови само во Америка има. Штета што нема смртна казна за вакви како Палчо. :sick:
Ти си олицетворение на политичката елита. Немаат срам, а немаш ни ти! Како бе не ти е срам!?? Иди сокриј се негде. Куп глупости изнапиша претходно и ги бранеше со тие глупи твои тези (посебно Палчо психопатот), па сега ги вртиш работите. Не знам како не ти ставиле бан некој, квази-сејзнако, вечити експерт во сите теми. Како те трпат дома не ми е јасно...
...ајде бе бате, ти кој „не си“ од политичка елита (мислиш не те читам) кога веќе осудуваш, покажи каде „бранев“ ? толку од правни судски процедури, без докази и тоа цврсти не може бре да судиш со „можеби“, „изгледа“ нели ти е јасно што значи „право“ ? ние пишуваме мислење тука за судски процес на прво исчезнато, па убиено лице, не пишуваме каков карактер сум јас или како е по моја дома, па уште бан да добијам? а тебе цвеќе да ти се даде за прекрасните реченици за моите дома...невидена работа!
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
423
Поени од реакции
793
Да им успееше планот, или да беше прекриено сето ова, веројатно ќерката на Пановски и на Гранит ќе ги грабнеа.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
339
Поени од реакции
896
Држи вода тоа дeка барале откуп.. Можда Вања го познала Палчо па морал да ја убие.
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
979
Поени од реакции
3.225
...ајде бе бате, ти кој „не си“ од политичка елита (мислиш не те читам) кога веќе осудуваш, покажи каде „бранев“ ? толку од правни судски процедури, без докази и тоа цврсти не може бре да судиш со „можеби“, „изгледа“ нели ти е јасно што значи „право“ ? ние пишуваме мислење тука за судски процес на прво исчезнато, па убиено лице, не пишуваме каков карактер сум јас или како е по моја дома, па уште бан да добијам? а тебе цвеќе да ти се даде за прекрасните реченици за моите дома...невидена работа!
Сега и експерт по право стана.
Покрај медицина, надри медицина, фотографија, филм, политика, политички слики, влада, тенис, фудбал, мода, кошарка, блам држава, криминологија, гео политика и последно АИ.
Се нешто во Економија мислам ти фали во албумот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.288
Поени од реакции
38.403
Сега и експерт по право стана.
Покрај медицина, надри медицина, фотографија, филм, политика, политички слики, влада, тенис, фудбал, мода, кошарка, блам држава, криминологија, гео политика и последно АИ.
Се нешто во Економија мислам ти фали во албумот.
...држи се за темата!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.275
Поени од реакции
68.999
Се освен доживотен затвор без можност за помилување за сите инволвирани би било премала казна. Никакви олеснителни околности. 2 убиства, свирепи, планирани, договарани. Не сум "знајала" не е оправдување.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.639
Поени од реакции
27.583

Да кажам уште една информација која многу малку се експлоатира во јавност и мислам дека е важна за цела оваа ситуација.

Имено никој не збори за тоа во каков однос биле Палевски и дедото на убиеното девојче Ванчо-Вања Лазаров. Вања Лазаров е висок функционер на СДСМ(иначе во 2002 е прв човек на царина одма после доаѓањето на СДСМ на власт) во исто време кога и Палевски (90-тите години). Тоа значи дека многу добро се познавале и најверојатно имале одлични односи. Во периодот 2002-2006 година Љупчо Палевски добива 1М евра оштета од државата затоа што претходната власт му го урнала поткровјето на зградата во Дебар Маало, каде што тој бил претприемач. Немојте да ме земате за збор за ова, ама можеби во истата таа зграда живеело девојчето (ова треба да се провери). После 2006 владата на Грујо му го зема тоа милионче на Палевски. Највеорјатно во некои матни зделки и си имале некакви замерки.

Околу тоа што се десило, јас мислам дека е многу чиста ситуацијата кој е убиецот и нема што да се дискутира тука, прашањето е дали се мотивите само тие што се прикажуваат. Јас мислам дека има нешто малце повеќе.

1. Убиениот Велешанец е сеуште мистерија. Според мене има неколку верзии. Ги редам според мене од најголема веројатност кон најмала.
- Можно е да бил соучесник, пошто реално бил во истиот круг на луѓе. Во одредениот момент се предомислил пошто разумот проработел кај него и Палевски ладнокрвно го ликвидирал.
- Ако е вистина тоа околу ископување на златото, тогаш може да бил жртва заради мапите. А златото во меѓувреме да го ископал Палевски и да си го обезбедил бегството, додека црепоиве околу него се надевале дека ќе кренат револуција со парите.
- Да бил жртва за 500 евра лихва. Ова ми има многу малку веројатност, пошто они тука ги играле „големите пари“.
- Да бил случајна жртва, за да му го земат возилото. Ова ми е глупа варијанта пошто поголем ризик си носат, одколку бенефит.

2. Таткото на девојчето. Дефинитивно не е салам човек. Да дадеш лајк кога те приведуваат како еден од осомничените за завера на убиство на сопствената ќерка е ненормално. Па така многу е тешко да се прочита дали бил во играта или е само искоритен како куртон.
- Да бил дел од заверата. Најверојатно е уценет со нешто, што не може да го каже на суд и полиција, пошто покрај затворот што му следи, ќе го јаде и тоа.
- Да бил само обичен деген што тек така ги дал податоците.

3. Типот што го приведоа од Родина, чие било Кангото (возилото што го возел Палевски). Дефинитивно нешто смрди тука, тука имало некаква си координација на (суб)партиско ниво меѓу Десна, Родина и Бачевци (велешанецот Жежовски е од Бачевци, некои викаат се трансферирал у Десна), што после одредено време почнала да се растура дружбата.

4. Паника. Ова не е убиство од паника, пошто девојчето е убиено во 10 часот, а мајката објавува статус на ФБ во 12 часот. Нема како да знаеле дека полицијата е известена.

5. Мотив. Мотивот е многу нејасен. Јас мислам дека е ова лична вендета на Палевски, кои ги организирал малоумниве против Масоните и почнале со фамилијата на Ванчо Лазаров (најверојатно или е влав или овие мислеле дека е влав) кој на некој начин бил дел од таа стара структура на власт (кои спроед дегениве мора да се власи или да имаат скриено влашко потекло). Барем приказната на Палевски кон учесниците била таква, да ги вратат украдените пари од транзицијата на народот. На крајот ќе испадне дека за Палевски ова било лична одмазда према Ванчо, ако е така, тогаш ова е најбаналната причина за убиство на дете која сум ја видел.

6. Од претходното мислам дека заверата е поголема од она што го гледаме. Мислам дека повеќе маргинални организации и партии се вклучени во ова. Иако сум бил експлицитно против бипартискиот систем во Македонија и сум го сметал за туѓ, од мене МВР и системот ќе добијат полна поддршка да му стават крај на ова зло. Пошто ова зло што не снајде е поголемо од СДСМ и ДПМНЕ заедно и треба да се уништи целосно во корен. Треба детална истрага да се утврди кој све знаел за ова, кои биле следните жртви на споисок и колку требало да оди во длабочина. Да посегнеш по животот на едно дете, заради неговиот дедо е ултимативно зло, не е тоа градење Македонштина.

Ова што се случи е можеби најстрашната работа што се случила во историјата на Македонската независност, која не може да се мери ниту со Смилковци. Терорирстите кои ги убија децата на Смилковци биле отруени со идеологија, имало масакри и убиства од страст. Но ова убиство е чиста злоба, во своја најчиста форма. Нема убиство од паника тука. Можеби да, дебилите се испаничиле, но тоа што го направил Палевски е чисто зло, кај него немало паника. После тоа само го организирал своето бегство, ладнокрвно, без никаква тронка на каење и избегал. Снимал видеа буквално како да не се десило ништо. Нема ниту еден знак на човек што го мачи убиство на дете. Знаел што ќе се деси, знаел дека ќе ги фатат, знаел дека ќе го кажат дебилите. Едноставно без да покаже никаква грижа на совест, го убил детето при здрав разум, знаејќи дека тоа што го прави е ултимативно зло. Значи не од ниски животински страсти, не заради идеологија, не заради религија, туку при здрава свест и чист разум ја убил. Ова е нешто настрашносто што се случило во Македонија. Чисто изворно зло. Ако злосторниците во Смилковци биле заведени од ѓаволот, ова е лично ѓаволот. Видете ги подкастите на Палевски на 28 и 29... еден микрометар не му е мрдната совеста.


Од прилика само за таткото имам утнато, пошто не ја знаев информацијата дека не знаел за Вања кога ги крена палците во судот. И греота за човекот што го осуди јавноста на база на новинарски шпекулации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom