- Член од
- 1 јули 2012
- Мислења
- 2.438
- Поени од реакции
- 7.150
Ако добро се сеќавам, на сведочењата на тие од МВР, и изнесувањето докази, кажаа дека немаат докази за било каква комуникација меѓу таткото и Палчо. Во досегашните сведочења во суд, од почеток до крај, за таткото се кажа само зошто им бил сумњив на инспекторите, нели освен што овие рекле дека он му кажал на Палчо, затоа што тргнал накај Палас и Качанички пат, пораката која ја пратил во групата во школо, која ја избришал и они не ја знаат содржината, а некои родители рекле дека гласи "кажете колку треба?", тоа што ја нашле колата пред полицијата да ја најде. Друго, од сведочењата на тој кумот и мајка му, дознавме дека татково воопшто не побарал помош од нив, не биле во контакт преку 15 години, туку дека они сами му се јавиле и му понудиле помош. На крај се испостави дека они се клучни за воопшто да се најдат колите и да им се влезе во траг на монструмиве. И ова денес, дека го тепале овој за да каже дека слушнал дека таткото имал контакт со Палчо, а денес демантира дека имале било каков контакт, бар он колку што знае.Па имаше дека имале доста повици со палчо еден кон друг а палчо вика дека не го знае, како и да е случајно не го сомничат, еве како некои работи што полека се отплеткуваат така и за ова ке се знаат за што всушност го сметаат за соучесник
Мене по денешново сведочење еден друг детал ми падна во очи. А тоа е дека Палчо ја сликал Вања, демек да прати слики на родителите и да бара пари. Нешто што не се десило, ниту пратил слики, ниту се побарани пари. Е сеа ми паѓа овој дел сомнителен. Ако ја слика, големи се шансите сликите на некој да ги пратил, па да добил наредба да ја убие. Затоа што на предходните судења беше кажано дека пред да ја убие, правел муабет со некој на телефон. Така да може да станува збори и за нарачано убиство, затоа што детето е одма убиено. Тоа повеќе ми има логика, него ли официјалниот мотив за сега.