Исчезнати лица

Член од
14 април 2012
Мислења
33.073
Поени од реакции
68.097
Се освен доживотен затвор без можност за помилување за сите инволвирани би било премала казна. Никакви олеснителни околности. 2 убиства, свирепи, планирани, договарани. Не сум "знајала" не е оправдување.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.582
Поени од реакции
27.428

Да кажам уште една информација која многу малку се експлоатира во јавност и мислам дека е важна за цела оваа ситуација.

Имено никој не збори за тоа во каков однос биле Палевски и дедото на убиеното девојче Ванчо-Вања Лазаров. Вања Лазаров е висок функционер на СДСМ(иначе во 2002 е прв човек на царина одма после доаѓањето на СДСМ на власт) во исто време кога и Палевски (90-тите години). Тоа значи дека многу добро се познавале и најверојатно имале одлични односи. Во периодот 2002-2006 година Љупчо Палевски добива 1М евра оштета од државата затоа што претходната власт му го урнала поткровјето на зградата во Дебар Маало, каде што тој бил претприемач. Немојте да ме земате за збор за ова, ама можеби во истата таа зграда живеело девојчето (ова треба да се провери). После 2006 владата на Грујо му го зема тоа милионче на Палевски. Највеорјатно во некои матни зделки и си имале некакви замерки.

Околу тоа што се десило, јас мислам дека е многу чиста ситуацијата кој е убиецот и нема што да се дискутира тука, прашањето е дали се мотивите само тие што се прикажуваат. Јас мислам дека има нешто малце повеќе.

1. Убиениот Велешанец е сеуште мистерија. Според мене има неколку верзии. Ги редам според мене од најголема веројатност кон најмала.
- Можно е да бил соучесник, пошто реално бил во истиот круг на луѓе. Во одредениот момент се предомислил пошто разумот проработел кај него и Палевски ладнокрвно го ликвидирал.
- Ако е вистина тоа околу ископување на златото, тогаш може да бил жртва заради мапите. А златото во меѓувреме да го ископал Палевски и да си го обезбедил бегството, додека црепоиве околу него се надевале дека ќе кренат револуција со парите.
- Да бил жртва за 500 евра лихва. Ова ми има многу малку веројатност, пошто они тука ги играле „големите пари“.
- Да бил случајна жртва, за да му го земат возилото. Ова ми е глупа варијанта пошто поголем ризик си носат, одколку бенефит.

2. Таткото на девојчето. Дефинитивно не е салам човек. Да дадеш лајк кога те приведуваат како еден од осомничените за завера на убиство на сопствената ќерка е ненормално. Па така многу е тешко да се прочита дали бил во играта или е само искоритен како куртон.
- Да бил дел од заверата. Најверојатно е уценет со нешто, што не може да го каже на суд и полиција, пошто покрај затворот што му следи, ќе го јаде и тоа.
- Да бил само обичен деген што тек така ги дал податоците.

3. Типот што го приведоа од Родина, чие било Кангото (возилото што го возел Палевски). Дефинитивно нешто смрди тука, тука имало некаква си координација на (суб)партиско ниво меѓу Десна, Родина и Бачевци (велешанецот Жежовски е од Бачевци, некои викаат се трансферирал у Десна), што после одредено време почнала да се растура дружбата.

4. Паника. Ова не е убиство од паника, пошто девојчето е убиено во 10 часот, а мајката објавува статус на ФБ во 12 часот. Нема како да знаеле дека полицијата е известена.

5. Мотив. Мотивот е многу нејасен. Јас мислам дека е ова лична вендета на Палевски, кои ги организирал малоумниве против Масоните и почнале со фамилијата на Ванчо Лазаров (најверојатно или е влав или овие мислеле дека е влав) кој на некој начин бил дел од таа стара структура на власт (кои спроед дегениве мора да се власи или да имаат скриено влашко потекло). Барем приказната на Палевски кон учесниците била таква, да ги вратат украдените пари од транзицијата на народот. На крајот ќе испадне дека за Палевски ова било лична одмазда према Ванчо, ако е така, тогаш ова е најбаналната причина за убиство на дете која сум ја видел.

6. Од претходното мислам дека заверата е поголема од она што го гледаме. Мислам дека повеќе маргинални организации и партии се вклучени во ова. Иако сум бил експлицитно против бипартискиот систем во Македонија и сум го сметал за туѓ, од мене МВР и системот ќе добијат полна поддршка да му стават крај на ова зло. Пошто ова зло што не снајде е поголемо од СДСМ и ДПМНЕ заедно и треба да се уништи целосно во корен. Треба детална истрага да се утврди кој све знаел за ова, кои биле следните жртви на споисок и колку требало да оди во длабочина. Да посегнеш по животот на едно дете, заради неговиот дедо е ултимативно зло, не е тоа градење Македонштина.

Ова што се случи е можеби најстрашната работа што се случила во историјата на Македонската независност, која не може да се мери ниту со Смилковци. Терорирстите кои ги убија децата на Смилковци биле отруени со идеологија, имало масакри и убиства од страст. Но ова убиство е чиста злоба, во своја најчиста форма. Нема убиство од паника тука. Можеби да, дебилите се испаничиле, но тоа што го направил Палевски е чисто зло, кај него немало паника. После тоа само го организирал своето бегство, ладнокрвно, без никаква тронка на каење и избегал. Снимал видеа буквално како да не се десило ништо. Нема ниту еден знак на човек што го мачи убиство на дете. Знаел што ќе се деси, знаел дека ќе ги фатат, знаел дека ќе го кажат дебилите. Едноставно без да покаже никаква грижа на совест, го убил детето при здрав разум, знаејќи дека тоа што го прави е ултимативно зло. Значи не од ниски животински страсти, не заради идеологија, не заради религија, туку при здрава свест и чист разум ја убил. Ова е нешто настрашносто што се случило во Македонија. Чисто изворно зло. Ако злосторниците во Смилковци биле заведени од ѓаволот, ова е лично ѓаволот. Видете ги подкастите на Палевски на 28 и 29... еден микрометар не му е мрдната совеста.

Од прилика само за таткото имам утнато, пошто не ја знаев информацијата дека не знаел за Вања кога ги крена палците во судот. И греота за човекот што го осуди јавноста на база на новинарски шпекулации.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.518
Поени од реакции
20.037
И шо чекаат за пресуда ? Имаат признание до детал, имаат тела, имаат видео докази, имаат разговори од Палчо како договара бегство, го фаќаат преку граници.
Наредно рочиште ако нема пресуда нека си ебат мајката цело судство. Ќе го гледам јас онде во судница кај шо се смешка како ништо да не било, дотеран, стросан како за на модна ревија, абе истрижи ги таму, клај му одело затвореничко, понижи ги пред јавност, осуди ги доживотна мамето нивно психопатско.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
209
Поени од реакции
897

Нема да трае долго, ќе му пресудат во затвор.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.369
Поени од реакции
26.425
И шо чекаат за пресуда ? Имаат признание до детал, имаат тела, имаат видео докази, имаат разговори од Палчо како договара бегство, го фаќаат преку граници.
Наредно рочиште ако нема пресуда нека си ебат мајката цело судство. Ќе го гледам јас онде во судница кај шо се смешка како ништо да не било, дотеран, стросан како за на модна ревија, абе истрижи ги таму, клај му одело затвореничко, понижи ги пред јавност, осуди ги доживотна мамето нивно психопатско.
Не го гледај, кој те тера?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.555
Поени од реакции
43.506
треба да сведочат и другите учесници, карате кид, куварот и Палчо мислам.
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.662
Поени од реакции
1.293
И шо чекаат за пресуда ? Имаат признание до детал, имаат тела, имаат видео докази, имаат разговори од Палчо како договара бегство, го фаќаат преку граници.
Наредно рочиште ако нема пресуда нека си ебат мајката цело судство. Ќе го гледам јас онде во судница кај шо се смешка како ништо да не било, дотеран, стросан како за на модна ревија, абе истрижи ги таму, клај му одело затвореничко, понижи ги пред јавност, осуди ги доживотна мамето нивно психопатско.
Па се чека сведочење на другите учесници. Каратистот, Кешишев, таткото и Палчо. Ќе има уште рочишта, ама битно е дека почна да се одмотува клопчето.

Туку, гледам никој не спомна за тоа, или може мене ми избега. Според сведочењето на овој Манев, Вања му рекла на Палчо да не бара пари од татко и, демек он не ги сакал нејзе и сестра и. А според све до сега што видовме, дури и од мајката беше кажано како се грижел за ќерките и покрај разводот, бил доста поврзан со нив. Не знам, уште не е јасна која улога ја имал човекот. Како поминува време, се повеќе ми се чини дека не е инволвиран во целиот случај, дури и овој Манев кажува дека под ќотек и од страв кажал дека и Ѓорчески е вмешан. Ама ајде да почекаме пред дефинитивен заклучок. Многу недоумици има околу него, за овие другиве психопати све е јасно.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.438
Поени од реакции
7.150
И шо чекаат за пресуда ? Имаат признание до детал, имаат тела, имаат видео докази, имаат разговори од Палчо како договара бегство, го фаќаат преку граници.
Наредно рочиште ако нема пресуда нека си ебат мајката цело судство. Ќе го гледам јас онде во судница кај шо се смешка како ништо да не било, дотеран, стросан како за на модна ревија, абе истрижи ги таму, клај му одело затвореничко, понижи ги пред јавност, осуди ги доживотна мамето нивно психопатско.
Треба сите да пројдат сведочење. И останатите двајца монструми и главниот монструм Палчо, па и таткото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom