О – се уште немате поврзаност на настаните?
д – уште немаме, гледаме дека има нешто меѓутоа официјално не е поврзан настанот. Го земавме Кешишев за повторен разговор ноќта, седнав прашав дали сака цигара, вода, тивко, без галама, реков гледаш дека ве имаме, не сме си отишле дома, не случајно си тука, да видиме што е работава, биди човек. Он рече, Кешишев рече јас не сум човек, кажа еден лош израз, рече јас не сум човек и јас сум учесник во ова, чим сум учесник не сум човек. Се кршеше човекот, полека се разговараше, рече не сум бил, сме оделе со Палчо некаде накај тоа Бразда. Ќе ме однесеш ли? Не, ние одевме ми покажуваше Палчо некој објект сакал да гради, да ми го покаже местото, не знам дали ќе ве однесам, ќе видиме. После некое време рече ќе одиме, Музафер со него комуницираше најмногу, излеговме надвор околу 4-5 сабајле, ладно беше, влеговме во две коли во првата беше Музафер, Кешишев и уште еден колега Ријад мислам дека беше, во другата кола бевме јас, началникот Данчевски и Дени што работеше на опожареното возило.
Стигнавме накај Бразда, не шеташе, застанавме на некоја височинка, рече овде сакаше Палчо да прави некаков објект, реков кажи за што дојдовме, биди поконкретен, соземи се. Музафер ќе го тргнеше на страна, се шушкаа на страна. Тргнавме, јас пак да тргнам не знам таму да отидам, а Дени вика одиме кај што е запален Цитроенот. Како што дојдовме, навистина, излеговме од кола, таму беа остатоците, запалената трева. Штом сте дошле до овде, рековме да каже што е, тој му викал цело време се плашам ако дознае Плачо, има многу луѓе по полиција, ќе ме убие, ќе му кажат они, тој му викаше не се плаши.
Отидоа понапред , Музо рече ај да одиме понапред, да одиме на тој ридот горе. Влегоа во кола, тргнавме нагоре, по пат одевме по асфалтен пат, тука ги оставивме колите, имаше земјен пат и тргнавме нагоре, одеше прв Музо со Кешишев, ние позади и дојдовме на еден пат што се дели. Се поделивме, они отидоа лево, ние десно. Идевме, бараме не знам што бараме, мисле дека бараме некој леш ама немаше ништо. Како ќе најдеш кога е голема површина и не знаеш што бараш.
Помина пола саат, се слушнавме со овие, се најдовме доле. Рече дојдете по мене, го фативме левиот крак, на 500-600-700 метра и тој како дојдовме таму не зборее со глава покажуваше. Ние земавме да копаме, да растргнеме. Пак покажуваше со глава, земавме јас, Дени, а имаше да дојдовме до нешто како прекривка, некои перници и јас и Дени ги тргнавме тие перници, некоја мушама расфрлани, куфер некој, ги тргнавме и видовме доле некои дрва, ровка беше земјата. Копаме тука, пропаѓа како копаме, а Музафер и кешишев стојат на страна, Кешишев нејќеше ни да гледа со грб беше свртен и дојде Музо рече овој вика може да е маленкото, кое маленко, девојчето Вања… Продолживме со копање, го викнавме и Кешишев да копа со нас, дојде копаше со нас и се тргна пак на страна и Музо почна да збори со него на страна. Баравме лопати, ние не бевме спиени со денови, немаше сила да копаме, отиде еден колега од селото донесе лопати и Кирчо началникот копаше и одеднаш гледаме нешто бело… Застанавме да не направиме некоја штета на телото, бевме во шок солзи ни идеа на сите.. Известивме, му се јавивме на Бубевски, на директорот на судска медицина, сите претпоставени старешини… Им се јавив на колегите други, во меѓувреме го донесоа Веља од Велес, имавме друг тим што го пречека Веља за разговор. Им се јавив дека го најдовме девојчето, разговарајте видете нека ви каже што знае Веља. Музафер разговараше со Кешишев и му рекол знаеш ли кој беше со нас, Боре некој, каратистот, не го знаеш. Началникот се јави кај началникот во Велес да го најдат кој е Боре Каратистот и да се обезбеди да се донесе во Скопје. Дојдоа сите од судска медицина, ОЈО, не знам кој се уште не. Телото се подигна.
О – што најдовте на местото кај телото, дали беше нешто чудно?
д- девојчето беше како живо, рацете ѝ беа врзани позади со стеги исто и носете и имаше уста на ленатат. Други знаци на насилство немаше, беше буквално како жива.
д – кога се вративме назад, колегите ми кажаа дека Веља им кажал за друго тело, за Панче дека е закопан и дека ќе им го покаже телото. Тоа тие го откриле со него. Пред да отидат да разговараат, ние со Веља разговаравме исто, откако се вративме назад.
О – што ви кажа Кешишев кога веќе дојдовте до телото на Вања, што ви рече, како дошло до тоа телото на Вања да биде тука закопано во дупката, дали ви појасни нешто?
д – сите кажуваа, тоа се нивните искази дека по насоки на Палчо работеле, дури еден од нив рече тоа беше одлука на Палчо, јас не можам да знам што има во неговта глава, тоа сум го слушнал од нив. Веља опишуваше каок отишле, што правеле, зборам за делот за Вања ни го кажуваше.
Судија – ме интересира како стигнавте до телата
д – ви кажав, со Кешишев, не знам што не ви е јасно
Судија – за Панче како стигнавте до телото
д – колегите го земаа Велими со колеги од Скопје и Велес, ова ви го прекажувам од нив, јас не бев тие ми кажаа, тој ги носел до некои како грмушки, тука им рекол да копаат, било многу длабоко, викнале други полицајци од Велес, имало и камења бутано внатре, го најдоа таму и Панче и на тој увид пронашле и една чаура, така доаѓаат до Панче