Страшевски: Дали материјалите од Александар и Гоце ги зведовте некаде?Не знам на кој портал го најдов, ама цело вкрстено испрашување го имаше, сите поставени прашања и одговори.
Дејан Димовски: Јас не сум добил такви материјали од Гоце.
Страшевски: Дали материјалите од Александар се некаде заведени?
Судија: Не се дозволува прашањето, се опоменува бранителот да го почитува редот во судницата, ќе добие парична казна.
Обвинител: Приговарам, комуникацијата е фотодокументирана и приложена во листата на докази.
Страшевски: Прашав дали службено ги завеле.
Дејан Димовски: Што да заведам, тоа се неформални пораки.
Страшевски: Дали имате составено барем службена белешка?
Судија: Одговорено е прашањето
Дејан Димовски: Тие битни комуникации што сметало ОЈО дека се битни и било известено се фотодокументирани, што повеќе евидентирање од документирње на тие комуникации?
Бранителот го праша началникот и дали Палевски на снимките од безбедносните камери е забележан заедно со осомничените, или одвоено во некои одделни снимки.
Страшевски: Дали на камерите кадешто го утврдивте Палевски е некаде виден заедно со осомничените?
Дејан Димовски: Видете, тие фотографии им ги покажавме на нив, да, по кажување дека се они.
Страшевски: По кажување, или вие го видовте дека е заедно со осомничените?
Дејан Димовски: Во возилто се гледаат две лица, не можат да се видат сите, не се гледа дали има лице позади.
Страшевски: Палевски беше меѓу тие две лица?
Дејан Димовски: Од кај да знам, не се сеќавам.