Исчезнати лица

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.640
Поени од реакции
20.640
Извини ја не сум медиум, ја само споделив тоа шо читам. Забрането е да споделам или? Темава е исчезнати лица. Ако не ти е јасно. Што е одвратно, тоа што лицата се исчезнати? Или тоа што јас споделувам на тема Исчезнати лица, за исчезнати лица???
Или устата ти е одвратна?
Од како си активна у последно време на форум, сфак фтор коментар ти одговара на никнејм, а сфак трет ти е навреда. Олабави се, дечко е у право. Постираш линкови од најдени мртфи тела.
Ми сфи се надамо дека овој е још една тинејџерска игра, а ти се бламираш сс постови дека цел Балкан е повржан, киднапирани, органи и слично.

Боље избриши си ги коментари сама, за да не тражиш модератори да ти ги бришеф у нидено време.
Или не, избриши си га акаунт.
Мислу дека никој нејке да те чита.
Ја сам озбиљан и добронамерно ти пишују.
 
Последно уредено:

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.727
Поени од реакции
19.890
Кај нас ова е чудно затоа што не се случува често, тука има таблоа у Walmart со изчезнати, деца, тинејџери.
Се надевам ќе на најдат жива и здрава, бидејќи колку повеќе време минува толку е потешко за наоѓање и надеж.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.648
Поени од реакции
70.625
Ете излегоа од МВР со скромни информации.

Хронолошки:
1. Девојчето излегува од дома во 7 и 27.
2. Во 8 и 35 мајката го пријавува за исчезнато.
3. Во 11 часот и таткото пријавува во полиција.

НЕМА ПОТВРДА ДЕКА ПОСЛЕДНАТА ТРАГА И СЕ ГУБИ КАЈ СИЛБО.
Значи од старт сме правеле празни муабети. Не демантираа дека последниот сигнал на мобилниот бил кај Силбо, но немаат никакви докази дека девојчето било таму.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.664
Поени од реакции
17.418
Па истото и јас го пишав погоре, не значи дека ако последно телефонот и бил приклучен на таа локација дека и таа била таму.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.805
Поени од реакции
26.367
Ете излегоа од МВР со скромни информации.

Хронолошки:
1. Девојчето излегува од дома во 7 и 27.
2. Во 8 и 35 мајката го пријавува за исчезнато.
3. Во 11 часот и таткото пријавува во полиција.

НЕМА ПОТВРДА ДЕКА ПОСЛЕДНАТА ТРАГА И СЕ ГУБИ КАЈ СИЛБО.
Значи од старт сме правеле празни муабети. Не демантираа дека последниот сигнал на мобилниот бил кај Силбо, но немаат никакви докази дека девојчето било таму.
Шпекулациите се од првите објави од мајката, која најверојатно од паника дава информации кои не треба да ги даде. И не очекувај потврди и деманти од МВР, само тоа што треба да го кажат ќе го кажат.
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Па истото и јас го пишав погоре, не значи дека ако последно телефонот и бил приклучен на таа локација дека и таа била таму.
Последните модели и генерации според регулативата на ЕУ и САД,дури и да е исклучен,оддава пак сигнал при префрлање на ќелија на мобилна мрежа/антена. Додека има батерија и напојување,телефонот си работи,без разлика . Ако ме може да се најде девојчево,физички е уништен телефонов . Дефинитивно.

Нема да ме чуди и веќе надвор од Македонија да е девојкава или второ,да чукнам пу пу ,убиена .

Оти сме ретардирана држава и народ,девојчево ќе беше нормално секојдневие оти фати моментум заради помодарство. 100 души и возрасни зборам кој се по до 25 години ги нема и запалена кола најдена после . Никој не ги спомна .

Загриженоста одлично е шо се сплоти народот, дегенизмот оти наеднаш фати моментум од социјални мрежи ми е толку антипатично .

Толку апатија создава шо глупо ми е веќе .

Однесувањево на народов е опасно .
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.954
Поени од реакции
35.874
Ете излегоа од МВР со скромни информации.

Хронолошки:
1. Девојчето излегува од дома во 7 и 27.
2. Во 8 и 35 мајката го пријавува за исчезнато.
3. Во 11 часот и таткото пријавува во полиција.

НЕМА ПОТВРДА ДЕКА ПОСЛЕДНАТА ТРАГА И СЕ ГУБИ КАЈ СИЛБО.
Значи од старт сме правеле празни муабети. Не демантираа дека последниот сигнал на мобилниот бил кај Силбо, но немаат никакви докази дека девојчето било таму.
Абе точноста на геолокацијата може да варира многу во таков реон со згради, и да била на Ленинова лесно може да ја покаже горе кај ГФ, особено ако бил исклучен гпс и ја лоцирале само со триангулација на мобилниот сигнал.
 
Член од
14 август 2020
Мислења
228
Поени од реакции
533
Во случајот со Пино имаше инфо само каде последен пат е видена колата.Исто вака привлече големо внимание во јавноста како може низ град што е покриен со камери,да се изгуби трага од човекот и колата.Мајката се бореше протестираше дури беше и приведена.Кажуваше дека инспекторите не и кревале телефон.Случајот се реши дури кога го најдоа телото на Пино.Девојката што го смислила настанот 6 пати била на распит и полиграф и инспекторите не фатиле ништо.

Во Белград лани за нова година исто исчезна Хрват.Имаше голем притисок од јавноста.Србите ги пружија сите докази на јавноста снимки,докази итн.Тим хрватски истражители беа во Белград,ниту тие не можеа да го решат случајот.Имаше теории навивачи го киднапирале, другарите го убиле па сите беа на полиграф,па некој го претепал и фрлил у река,у Виена избегал и што уште не.Отидоа до таму што пробуваа со фабриката на телефонот да стапат во контакт за тоа колку може да издржи во вода.Тврдеа дека е пливач и неможе да се удави,дека е спортист и никогаш не земал дрога.Нуркачи пребаруваа цели реки.После некое време телото исплива на површина баш таму мислам каде што бараа нуркачите.Токсиколошки наод позитивен на дрога и алкохол.Повреди немаше.

Во двата случаи телефоните не ги лоцираа жртвите,зошто незнам но можеби не е толку лесно да се лоцира телефон како што мислиме ние.
Камерите колку и да снимаат една секвенца да фали,пак проблем за истрагата.За случајот во Белград сите снимки беа споделени со јавноста.Немаше камера само каде што влегол во реката.

По денешните информации од министерот дека истрагата се води во повеќе правци,и дека нема точно инфо дека последен пат била пред броз кафе станува јасно дека и ова е тежок случај со милион варијабили(се окривуваше полицијата за џабе и кај нас и во Србија дека е спора но сигурно и они сакаат да ги решат случаите што побрзо и од професионален и од човечки аспект,но се чини не е едноставно).

Да се надеваме дека овој случај е некоја тинејџерска лудорија и ќе биде позитивно решен .
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.477
Поени од реакции
58.718
Поради што е потребно да се подобри безбедноста на децата во училиштата, има ли некакви безбедносни закани? Најголема закана за децата во школите се самите деца, што се ќофтаат како луди и има булинг на секој чекор.
Дете може да биде злоставувано во тоалет од вработен во училиштето или од друго дете или деца. Може да му се слоши некаде во кругот на училиштето или да се повреди од пад итн итн... многу работи може да се случат и затоа за време на часови секое дете мора да е на час и мора да има служба што врши проверка низ училиштето.

Ако Е-Дневникот не функционира, зошто би функционирала таква апликација тогаш? И убаво си кажа на крај, колку само изостаноци и оценки се поправаат/правдаат со тоа што родителот ќе проба да разговара со професорот или професорката?
Апликацијата сама по себе не прави ништо, потребен е систем.

Пред почетокот на школската година за сите вработени се одржуваат два семинари.

1) Семинар за заштита на деца, во кој вработените се едуцираат како да препознаат кај децата знаци на четири видови на злоупотреба:

- Физичка
- Емоционална
- Сексуална
- Запоставување

И потоа процедурите по кои треба да се однесуваат кога ќе забележат дека некое дете е жртва на злоупотреба, во училиштето или надвор. Ова опфаќа како да му пристапат на детето или како да реагираат ако детето им пристапи, какви прашања смеат и не смеат да поставуваат, кому да го пријават случајот итн... Има и ред други работи ама да не ширам сега.

2) Семинар кој се однесува на конкретното училиште, простории, кој каде смее и не смее, кој е задолжен за што итн.

Апликацијата е дел од систем кој функционира ако секој си ја работи работата. Наставниците се задолжени да ја пополнат во првите 10 минути од часот, не се пополнува кога ќе им текне. Луѓето кои се вработени да работат на безбедноста на децата се во канцеларија, надгледуваат и реагираат врз база на тоа што наставниците го пријавуваат. Чуварите надгледуваат тоалети и други простории кога сите треба да бидат на час.

Ова мене ми е пракса секоја недела. Функционира многу фино, без никакви проблеми. Секој вработен знае што треба да прави. Не сум сретнал се уште некој што вика „деца се, пушти ги нека се тепаат или нека пушат позади школо“. Си има ред.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.822
Поени од реакции
18.474
Дете може да биде злоставувано во тоалет од вработен во училиштето или од друго дете или деца. Може да му се слоши некаде во кругот на училиштето или да се повреди од пад итн итн... многу работи може да се случат и затоа за време на часови секое дете мора да е на час и мора да има служба што врши проверка низ училиштето.


Апликацијата сама по себе не прави ништо, потребен е систем.

Пред почетокот на школската година за сите вработени се одржуваат два семинари.

1) Семинар за заштита на деца, во кој вработените се едуцираат како да препознаат кај децата знаци на четири видови на злоупотреба:

- Физичка
- Емоционална
- Сексуална
- Запоставување

И потоа процедурите по кои треба да се однесуваат кога ќе забележат дека некое дете е жртва на злоупотреба, во училиштето или надвор. Ова опфаќа како да му пристапат на детето или како да реагираат ако детето им пристапи, какви прашања смеат и не смеат да поставуваат, кому да го пријават случајот итн... Има и ред други работи ама да не ширам сега.

2) Семинар кој се однесува на конкретното училиште, простории, кој каде смее и не смее, кој е задолжен за што итн.

Апликацијата е дел од систем кој функционира ако секој си ја работи работата. Наставниците се задолжени да ја пополнат во првите 10 минути од часот, не се пополнува кога ќе им текне. Луѓето кои се вработени да работат на безбедноста на децата се во канцеларија, надгледуваат и реагираат врз база на тоа што наставниците го пријавуваат. Чуварите надгледуваат тоалети и други простории кога сите треба да бидат на час.

Ова мене ми е пракса секоја недела. Функционира многу фино, без никакви проблеми. Секој вработен знае што треба да прави. Не сум сретнал се уште некој што вика „деца се, пушти ги нека се тепаат или нека пушат позади школо“. Си има ред.
Се сложувам со се што си пишал, само имањето нешто на хартија и спроведувањето во пракса кај нас е разлика небо земја. Ние имаме и најсовремени европски закони, ама имаме и тивко мнозинство на кое му одговара да постои сива област во општеството, за да кога ќе заебат нешто да можат врски да фаќаат, да поткупуваат, да не важат тие закони за нив просто.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.542
Поени од реакции
109.987
Апликацијата е дел од систем кој функционира ако секој си ја работи работата. Наставниците се задолжени да ја пополнат во првите 10 минути од часот, не се пополнува кога ќе им текне. Луѓето кои се вработени да работат на безбедноста на децата се во канцеларија, надгледуваат и реагираат врз база на тоа што наставниците го пријавуваат. Чуварите надгледуваат тоалети и други простории кога сите треба да бидат на час.
Па има и во нашите школи апликација. Се вика Viber. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom