Исчезнати лица

Член од
5 март 2018
Мислења
17.808
Поени од реакции
20.524
Се двоумев дали да го пуштам видеото од Ландов и адвокатот од причина дека ќе ме изнервира од старт адвокатот, и не сум се излажала. Доволен беше еден исечок од 15 секунди да ми ја потврди тезата. Ландов има и челични нерви, јас да сум ќе во избркав од студио после оваа реченица, со каква леснотија го кажа тоа убиец на дете да се подзадума човек со какви психопати сме опкружени
 
Vartolu

The Infamous Mobb
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.463
Поени од реакции
6.298
Адвокатов на Палевски, Јовица Страшевски е:

1. Уценет. Палевски има нешто големо за него, толку големо, и е приморан да го брани и да се резили онака пред цела нација. Особено, што рече дека работел пробоно, дека нема да му наплаќал на Палевски за бранењето.

2. Амеба и тешка тараба. Очигледни работи, Пандов му изџвака, овој упорно контра. Има лозје, нема лозје..
Автоматски споено мислење:

Ухх повраќаница бееее.....
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.559
Поени од реакции
4.614
Ке го прашаат нешто без врска колку да помини редот. Пример, секако ке го прашаат зошто на обвинителот не му кажал за тепањето, дали имал видливи повреди.... и ке извлечат некое прашање од компарација на изјавата во истрагата и изјавата пред судот... и ке завршат со него. Потоа следува Палчо.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.271
Поени од реакции
118.277
Се двоумев дали да го пуштам видеото од Ландов и адвокатот од причина дека ќе ме изнервира од старт адвокатот, и не сум се излажала. Доволен беше еден исечок од 15 секунди да ми ја потврди тезата. Ландов има и челични нерви, јас да сум ќе во избркав од студио после оваа реченица, со каква леснотија го кажа тоа убиец на дете да се подзадума човек со какви психопати сме опкружени
Зошто? Искрено, знаеме сите дека Палчо е убиецот, ама еве ај кажи кој доказ го приложи обвинителството до сега? Оружје нема, мотив нема (т.е. претпоставен е од обвинителството), материјален доказ нема. Ако слушаш малце внимателно без емоции ќе видиш дека адвокатот е за голем дел од работите во право, тој не вика дека Палчо не е крив, него дека за тоа нема доказ до сега. И самиот кажа, ако видам еден доказ дека Палчо е убиецот ќе се извинам на јавноста и ќе се откажам. Муабетот ми е дека обвинителството, судството и полицијата ни се СРАМ.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.905
Поени од реакции
61.384
Мене не ми е никаков проблем адвокатот, тој си ја работи работата. Секој обвинет има право на адвокат. Ако обвинителството си ја заврши работата професионално, 100 адвокати не помагаат. На адвокатот му е јасно како ќе заврши случајот, знае дека е неодбранливо, малку ќе драми во јавност, па ќе си наплати што се договориле и тоа е тоа. Ако не е тој, ќе биде некој друг (тој е веќе некој друг затоа што еден веќе се откажа) така да нема потреба за засекираност тука. Да мислеше адвокатот дека ова може да се одбрани, секако немаше да му дозволи на психото да пљампа таму и да поставува 90 безвезни прашања. Јасно му е се нему :)
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.233
Поени од реакции
9.777
Очекувавме како јавност повеќе докази. Да ги уништат на судењето да неможат глава да кренат. Од немање докази си играат кур овие со поништување изјави, со Палчо глумење Џони Кокран. Незнам зашто и да добијат сите доживотна нема да осеќам никаква сатсифакција.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.546
Поени од реакции
18.954
Очекувавме како јавност повеќе докази. Да ги уништат на судењето да неможат глава да кренат. Од немање докази си играат кур овие со поништување изјави, со Палчо глумење Џони Кокран. Незнам зашто и да добијат сите доживотна нема да осеќам никаква сатсифакција.
Toa mozhebi u nekoj americki film. Tuka u realnost na cista srekja e reseno, a da bese normalen slucaj a ne javen linc najverojatno i palco ke se izvlecese.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.271
Поени од реакции
118.277
Прв пат го гледам Ландов, напиња како и другиве новинари, дрзок, малце арогантен, ама паметен дечко, брзо разбира што е проблемот со аргументот на соговорникот и веднаш реагира на bullshit. Во секој случај, напорно е да се гледаат емисии во кои новинарот зборува повеќе од гостинот и не му дава да заврши реченица. Барем за мене. Може и во полесен тон ова, остави го нека се искаже па шутирај му пенали колку сакаш, без двајцата да викате истовремено.
Се во ред, ама малце е напорен и безобразен кога соговорникот ќе му врати со аргументи. Мислам дека малце е умислен, т.е. мисли дека е препаметен и дека може да го издоминира буквално секој соговорник што ќе седне пред него. Ми се допаѓа што излегува поткован на емисиите, ама конкретно за оваа со адвокатот пробуваше да спинува без факти. Реално, снимка од камера пред домот на Велибор Манев не е доказ дека е извршено убиство, исказ на Кешишев дека чувал стража не е доказ, туку исказ, и тука е моментот што Ландов не го сфаќа или не сака да го сфати, а пробува да кажува работи како ФАКТ или ДОКАЗ.

Работата се утна од сам старт, уште во моментот кога умренион Спасовски излезе и се истрча како прле пред магаре нарекувајќи ги монструми и убијци Палчо и екипата. Мислам, тие се тоа, ама не можеш на тек започната истрага ти тоа да го кажуваш јавно, исто како што Мицко не смееше да излезе со документот со ист архивски број за дозволата за дискотеката Пулс во Кочани. Не разбираат изгледа политичариве дека си има ЗАКОНИ кои треба да се почитуваат во вакви случаи и со тоа може да ја отежнат истрагата.

Да не се разбереме погрешно, јас сум сигурен дека Палчо е извршителот, како и цела јавност, ама реално гледано на работите обвинителството ЗА СЕГА доживува тешка бламажа, а таа бламажа трае од првиот ден откако исчезна Вања, секако бламажа започната од МВР.
 
Јас престанав да следам такви програми затоа што новинарите мислат дека треба да ги издоминираат гостите и дека треба да ги слушаме нив и нивните мислења повеќе од тие на гостите. Повремено отворам да гледам вакви емисии затоа што ме интересира што ќе каже гостинот, а потоа го слушам новинарот цело време како ги сече сите реченици на гостинот и не му дава да се искаже. Ефтов е шампион во оваа класа. Тој не те вика во емисија да чуе што имаш да кажеш, туку ти да слушнеш што има тој да ти каже.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.377
Поени од реакции
10.225
Палчо е на некој начин некој реликт од времето на шарената револуција и механизмот што ни ја уништи целава држава а тоа се прислушкуваните разговори објавени 2015. Цел распад на систем ни се случува со ова, промена на идентитет, устав, економски колапс, колапс на здравство и колапс на безбедносен план. Нека не ве чуди целава неспособност и на МВР и на цел систем како што беше у случајот со пожарот у Кочани. Сва среќа што паднаа од власт па колку толку ќе може можеби нешто од нешто да се санира. Можеби ако не добиеше СДС втор мандат за време на короната немаше да допреме дно и можеби ќе имаше некоја надеж. Вака сега тражили сте гледајте е работава, здравство, МВР, образование, судство и т.н. све е тоа џаболебарска багра. Фали уште мал сплет на настани на геополитички план и ние ќе ја немаме оваа држава....остало е пар година за нас.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
821
Поени од реакции
1.140
Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, на денешното судско рочиште одговараше на прашања на Обвинителството.
Тој уште еднаш повтори дека не познава никој од останатите обвинети, освен што имал слушнато за Љупчо Палевски -Палчо, односно се зборувало за него во соседството кога ја градел зградата ,,Тифани”.
Обвинителката го соочи таткото на Вања со фактот дека само тој од обвинетите знаел кога Вања оди сама на училиште, тој тврди дека не го познава Палчо

-Лично го немам видено, како лик, како изгледа, дециден беше Ѓорчевски.

Тој повтори дека седум-осум години бил без работа, бидејќи се договориле со сопругата Зорица, тој да ги превзеде обврските околу двете деца кого биле мали, а таа работела.

Следуваа уште неколку прашања во оваа насока, со кои обвинителката сака да докаже дека тој не заработувал.

Обвинителката го праша за тоа и каков ученик бил во основно и средно училиште, односно дека бил слаб ученик.

-До 5 одделение бев сооученик со Радмила Шекеринска и бевме првенци на генерација. Потоа почнаа тинејџерските години и попуштив со учењето, а во средно татко ми ме запиша Економско, без да ме праша, поради што бев револтиран, одговори Ѓорчевски.

Обвинителката го праша Ѓорчевски дали двете ќерки учеле во исто училиште и дали секогаш наставата им почнувала во прва смена, наутро?

Тој одговори потврдно, и рече дека секогаш им го знаел распоредот на часовите.

Во петок, обвинителката рече, дека Вања без исклучок секогаш одела сама, бидејќи на Миња наставата и започнувала од вториот час, а таткото го потврди кажаното.

Така било и во петокот, кога бил првиот обид за грабнување.

-Во неделата, 26.11.2023 година, ден пред грабнувањето, знаете дека и во понеделник Вања ќе оди сама, бидејќи Миња ќе нема прв час. Дали го знаевте тоа, праша обвинителката.

Тој одговори дека знаел.

-И неделата претходно Миња ги губеше часовите со класната. Требаше да се врати во понеделникот, но повторно сте добиле информација дека и во понеделник нема да дојде, праша обвинителката, на што таткото потврди потврдно.

-Од сите обвинети од тука, само вие знаете дека Вања на 27.11.2023 година ќе оди сама на училиште, рече обвинителката.

-Да јас знаев, а не знам што знаеле другите обвинети, рече Ѓорчевски.

Обвинителката продолжи, дали е точно дека во неделата вечерта пративте порака на децата:,,Утре ќе биде ѕивра од сабајле, -7. Извадете уште сега топли ствари да не губите време од сабајле. Хулахопки, плус чорапи, мајци, блуза, дуксер, јакна. Чизми или добри кожни патики. Шал, ракавици не мора ако имате џепови, гласела пораката.

Откако ја прочита пораката, обвинителката праша: Сакавте да ги спремите децата како да ќе одат на планина, а не на училиште? Дека ќе бидат изложени на ладно, го праша обвинителката.

Тој одговори дека личи на него да напише нешто такво, зошто биле во тинејџерски години, па се облекувале фенси, а не топло. Затоа пораката ја препратил и на Зорица, зошто знаел дека нема да го послушаат, а за тој ден најавиле дека ќе бид најстудениот ден.

Обвинителката го праша зошто кога знаел дека ќе биде толку ладно не отишол да ги однесе со кола, и така бил без работа?

Тој посочи дека помислил, но ставот на Зорица бил дека не треба да ги разгалуваат, па затоа не се понудил.

Обвинителката го распрашуваше и за тоа како успеал толку брзо успеал да се спреми утрото кога Зорица му се јавила и му кажала дека ја нема Вања, бидејќи важел за човек што доцни.

Тој демантираше дека доцни и дека таквиот заклучок за него не е точно.

-Бев во кревет во долна облека. Зорица ја ставив на спикер. Додека зборуваше се облекував, рече Ѓорчевски.

Класичен пример каде што сакаат да прикажат лош карактер, т.е. да го оцрнат и да го прикажат како неподобен.

Каков ученик бил во основно и средно, тотално нема врска со случајот.
Зошто им рекол на децата да се облечат потопло, а било најавено дека ќе е студено утрото (секој родител тоа го прави и е сосема нормална работа).
Како успеал бргу да се спреми кога му кажале дека Вања ја нема. Зарем нема секој од нас да се спреми на брзина кога нешто итно е во прашање, а не па родител за своето дете.
 
Последно уредено:
Член од
2 јануари 2011
Мислења
1.571
Поени од реакции
1.031
Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, на денешното судско рочиште одговараше на прашања на Обвинителството.
Тој уште еднаш повтори дека не познава никој од останатите обвинети, освен што имал слушнато за Љупчо Палевски -Палчо, односно се зборувало за него во соседството кога ја градел зградата ,,Тифани”.
Фокус
Обвинителката го соочи таткото на Вања со фактот дека само тој од обвинетите знаел кога Вања оди сама на училиште, тој тврди дека не го познава Палчо
од fokus 11.04.2025

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, на денешното судско рочиште одговараше на прашања на Обвинителството.

Тој уште еднаш повтори дека не познава никој од останатите обвинети, освен што имал слушнато за Љупчо Палевски -Палчо, односно се зборувало за него во соседството кога ја градел зградата ,,Тифани”.

- Advertisements -

-Лично го немам видено, како лик, како изгледа, дециден беше Ѓорчевски.

Тој повтори дека седум-осум години бил без работа, бидејќи се договориле со сопругата Зорица, тој да ги превзеде обврските околу двете деца кого биле мали, а таа работела.

Следуваа уште неколку прашања во оваа насока, со кои обвинителката сака да докаже дека тој не заработувал.

Обвинителката го праша за тоа и каков ученик бил во основно и средно училиште, односно дека бил слаб ученик.

-До 5 одделение бев сооученик со Радмила Шекеринска и бевме првенци на генерација. Потоа почнаа тинејџерските години и попуштив со учењето, а во средно татко ми ме запиша Економско, без да ме праша, поради што бев револтиран, одговори Ѓорчевски.

Обвинителката го праша Ѓорчевски дали двете ќерки учеле во исто училиште и дали секогаш наставата им почнувала во прва смена, наутро?

Тој одговори потврдно, и рече дека секогаш им го знаел распоредот на часовите.

Во петок, обвинителката рече, дека Вања без исклучок секогаш одела сама, бидејќи на Миња наставата и започнувала од вториот час, а таткото го потврди кажаното.

Така било и во петокот, кога бил првиот обид за грабнување.

-Во неделата, 26.11.2023 година, ден пред грабнувањето, знаете дека и во понеделник Вања ќе оди сама, бидејќи Миња ќе нема прв час. Дали го знаевте тоа, праша обвинителката.

Тој одговори дека знаел.

-И неделата претходно Миња ги губеше часовите со класната. Требаше да се врати во понеделникот, но повторно сте добиле информација дека и во понеделник нема да дојде, праша обвинителката, на што таткото потврди потврдно.

-Од сите обвинети од тука, само вие знаете дека Вања на 27.11.2023 година ќе оди сама на училиште, рече обвинителката.

-Да јас знаев, а не знам што знаеле другите обвинети, рече Ѓорчевски.

Обвинителката продолжи, дали е точно дека во неделата вечерта пративте порака на децата:,,Утре ќе биде ѕивра од сабајле, -7. Извадете уште сега топли ствари да не губите време од сабајле. Хулахопки, плус чорапи, мајци, блуза, дуксер, јакна. Чизми или добри кожни патики. Шал, ракавици не мора ако имате џепови, гласела пораката.

Откако ја прочита пораката, обвинителката праша: Сакавте да ги спремите децата како да ќе одат на планина, а не на училиште? Дека ќе бидат изложени на ладно, го праша обвинителката.

Тој одговори дека личи на него да напише нешто такво, зошто биле во тинејџерски години, па се облекувале фенси, а не топло. Затоа пораката ја препратил и на Зорица, зошто знаел дека нема да го послушаат, а за тој ден најавиле дека ќе бид најстудениот ден.

Обвинителката го праша зошто кога знаел дека ќе биде толку ладно не отишол да ги однесе со кола, и така бил без работа?

Тој посочи дека помислил, но ставот на Зорица бил дека не треба да ги разгалуваат, па затоа не се понудил.

Обвинителката го распрашуваше и за тоа како успеал толку брзо успеал да се спреми утрото кога Зорица му се јавила и му кажала дека ја нема Вања, бидејќи важел за човек што доцни.

Тој демантираше дека доцни и дека таквиот заклучок за него не е точно.

-Бев во кревет во долна облека. Зорица ја ставив на спикер. Додека зборуваше се облекував, рече Ѓорчевски.

Класичен пример каде што сакаат да прикажат лош карактер, т.е. да го оцрнат и да го прикажат како неподобен.

Каков ученик бил во основно и средно, тотално нема врска со случајот.
Зошто им рекол на децата да се облечат потопло, а било најавено дека ќе е студено утрото (секој родител тоа го прави и е сосема нормална работа).
Како успеал бргу да се спреми кога му кажале дека Вања ја нема. Зарем нема секој од нас да се спреми на брзина кога нешто итно е во прашање, а не па родител за своето дете.
Божеее колку лута обвинителството, овие се скроз изгубени. Го прашува каков ученик бил во основно и средно...

Sent from my SM-S921B using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom