Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.908
- Поени од реакции
- 61.410
Ова е, извини, една од најлошите црти на нашиот менталитет. За нас ништо не е меродавно, ние си имаме своја верзија на работите. А бе знаеш, има нешто...Александар личи и бил пропалица сепак, ја уште одма кога се деси чув дека дужел пари, пишував, нене, после неговите го кажаа. Само се забораило тоа. Не дека е поврзано, него и он е матен
Во вакви случаи кај нас човек е виновен без разлика дали ќе го осудат или не. Секогаш ќе му зборуваат зад грб, а некои и во лице ќе му кажуваат дека направил нешто.
Друга работа ќе ти кажам, исто така дел од нашиот менталитет, кога велиш дека „пропалица бил“. Да ти појаснам. Мене не ми делува дека е пропалица, мене ми делува дека е одговорен татко кој се грижел за своите деца. Кој презел обврска да ги чува бидејќи мајка им заработувала повеќе, па било логичен избор тој да се посвети на децата. Ги возел низ град да ги сретнат другарчињата, ги следел со мобилна апликација, бил во контакт постојано... Што ми беше зборот: кај нас е многу битно како те перцепираат. Физички, како изгледаш. Како се облекуваш, како се држиш. Врз основ на тоа ќе заклучат како треба да те третираат. Ова добро го знам затоа што сум бил и горе и долу. Сум бил во ситуација да не можам да се облечам како што сакам, или сум имал премногу проблеми да мислам на тоа како изгледам и како се носам. Не сум имал работа официјално, иако сум заработувал. На секој шалтер,во секоја мочана институција ми се обраќале со реченици од типот: „Што сакаш?“ или ми повишувале тон. Ме третирале како ѓубре, искрено. Одамна беше тоа но се сеќавам. Денес одам со главата високо, облечен сум убаво, пукам од самодоверба, ми се обраќаат со „Господине“ и „како да ви помогнеме“. Знаеш зошто ти го кажувам ова? Затоа што него го имаат перцепирано како партал. Невработен, разведен, бивш зависник (пред 30 години). Додади на тоа уште некои шпекулации дека се коцкал и должел пари, и веќе имаш перцепција дека овој мора да е вмешан некако. Да бил дотеран, скоцкан во одело, вработен, неразведен... никој немало „А“ да му каже во станица, ќе го прашувале како можат да помогнат.
И понатаму, да оставиме простор на обвинителите да го испрашуваат и да покажат дека навистина нешто има, и ако има, нека одговара за тоа. Но ако го најдат невин, ако не успеат да покажат ништо што го поврзува со случајот, да покажеме малку почит кон човекот поради голготата низ која има поминато. И да престанеме со тоа „а бе има нешто тука...“
Не сакам да се замерувам со членови поради различни мислења, не е ова ад-хоминем, но треба да се каже ова.