Не знам како да го започнам постов, а да не бидам грешно сфатен, нешто во смисол: Брат не се правете сите детективи или инспектори...
Имам доста солидни познавања во оваа област (требаше дури и професија да ми биде) и ќе кажам најпрво едно нешто:
Ако девојчето не биде пронајдено најдоцна до утре или другиден, за жал, можно е да се случило едно од најцрните сценарија.Самоубиство или жртва на тежок патолошки случај.
Теоријата за трговија со органи веднаш ќе ја отфрлам.Ниедна криминална организација која се бави со ваков тип на криминал, не би киднапирала дете (особено дете) среде бел ден, па уште и во главниот град.Ризикот е преголем.
Ваквите организации се трудат да останат во што е можно поголема тајност затоа што со еден удар доживотен затвор не им бега.
Се до вчера, ми се вртеше во глава дека можно е девојчево да има избегано и да се крие поради икс психолошки и семејни причини, ама како што одминува времето...Сепак не ја отфрлам оваа теорија во целост.Сега за сега ми стои како најверојатна.
Не ми се пишува предолг пост за да ги образложувам и другите можни теории, нека помине одреден период, ден-два, па тогаш ќе напишам нешто повеќе околу тоа.
Баш би сакал да ги чујам и другите можни теории според тебе. Форумот е за дискусија, не знам зошто не би ги објавил.
Се сложувам со се' во тебе. Киднапирање за трговија со органи не се прави во главен град, во прометно место и врз таква жртва. Воглавно тоа се рурални места, каде што нема ни камера ни бутур и фамилии за кои повеќето нема ни да им веруваат дека се случило нешто. Никој криминалец од ваков тип не би сакал да привлече толкаво внимание на себе. Секако грабнувањево на деца кај нас е нешто што никогаш не се докажало, а единствено еден период околу 2000 и некоја кога исчезнуваа мали деца во албанскиве планински села, мислам дека и не ни има други сомнителни случаи.
Како што кажав во мојот претходен пост, веќе со одминување на времето мислам дека се издвојуваат само две сценарија. Или девојчето решило да си го одземе животот од икс причини (што ми е помалку веројатно како што објаснив во претходниот пост) или е киднапирана од некој болесник.
Тој дел како што нагласив е подрачје каде што има еден куп такви раритетни фаци. За да исчезне девојка на начинот на кој исчезнува и нема никаква трага, мпра некој да го планира тоа подолго време и да знае место каде што би ја криел. Има многу случаи каде што се појавуваат манијаци низ Карпош, ама тоа воглавно се некои што моментално ќе ја нападнат жртвата и би избегале (кој би нападнал сред бел дел во дел на градот со многу камери?). Ова повеќе личи на некој болесник или некоја бездомничка фаца што знае зафрлено место каде што никој друг не би пристапил (можеби околен подрум од зграда, место под мостовиве и слично). Ама па ваков случај не ни има кола за да ја одвлечка брзо. Не знам како би изгледало некој да влече девојче сред бел ден и никој да не ги забележи.
Не знам, многу чуден случај...
Последново сценарио ко ќе го напишам, може ќе речете сум луд, али ќе признаете дека можеби ви минало нкз глава.
Јас не отфрлам и варијанта да девојката е случаен таргет за исполнување на повисока цел. Децата што загинаа во Смилковци, за мене уште се колатерална штета на договорено дефокусирање на јавноста со организиран грозоморен случај од страна на тогаш владејачките партии. Никогаш не верувам во заговори, ама за тој случај има толку нејаностии, во кои главната е што напаѓачите апсолутно немаа никаква цел. Едноставно не правиш такво убиство без никаква цел. Какви болесници ја водат државава, ништо чудно да жртвуваат и дете за да дефокусираат од други работи.