Исчезнати лица

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.355
Поени од реакции
38.603
1. Трачарат три „млади моми“ цели три дена како мајката своето дете:
те го продава,
те го слика,
те бриши слики,
те во Виена е,
те соучесник е,
дрн дрн ДРН.

2. Сите три редум, лајкаат пост каде рандом член колни по медиумите кои ширеа непроверени дезинформации за вмешаност за мајката (која когнитивна дисонанца чоече).

3. Се дознава дека детето е удрено од кола и потоа фрлено на депонија. Сега трачарат дали е силувано, удавено, тепано не знам што, па анализи се прават на фамилии, дури се оди дотаму дека на еден од нив пари му се платиле за да признае но сепак со парите ќе си ја „обезбеди фамилијата“.

И сето тоа се дешава дури телото на детето не е оладено.

Колку сакате јадете гомна дека не сум во право, али од вакви луѓе како вас ми се гади животот.

@Zlatikevichius батуле ова преминува некои граници или затварај тема или земи бриши постови ко овие погоре. Дете умре во мкд, дете умре во Србија па да прочита некој од родителите или роднините какви се теории не се свртија тука од кајгана „експертите“ има уште толку да му се превртат цревата.

Дну дна.
Туга.
Не требало толкав пост брат. Го пишуваш само зборчето "жени", и го додаваш ова емоџи до него - :toe:.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.515
Поени од реакции
18.782
Едни пропаднати алкоси ги шетаат за нос и ги мавтаат цела полиција и цела нација, па нека се отепаат сите колективно стварно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.947
Мене совозачот не ми е јасен најискрено. Он бил совозач побогу, 0 кривична одговорност имаш во моментот, едноставно пријавуваш, си тераат институциите и тоа е тоа. А сеа идиотот си напраил да лежи до крајот на животот во затвор за туѓо дело (знам дека е и негово делото со тоа што отишол на депонијата и помогнал на возачот, овде зборам стрикно во моментот на газењето дека не било негово делото). Може некој ќе рече абе колеги/другари биле па ако иде едниот нека иде и другиот у оган, ама тука не се работи за компири или за животни, се работи за дете од неполни две години.

Не знам веќе што е скроз точно што не, ама ако е стварно дека девојчето било живо кога го удриле и дека отпосле го усмртиле (дали со давење, дали со фрлање на депонијата и оставање да умре во ѓубрето) тогаш треба да умрат во најтешки болки од некоја излечива болест. Мада кога ќе размислиш секако треба да умрат во најтешка агонија со оглед на тоа дека не застанале и не пријавиле туку го товариле телото и продолжиле накај депонијата. Ако добро разбрав едниот и вечерта активно се вклучил во потрагата што само по себе е прејезив чин.

Немам коментар до каде може да оди човековото дно, ќе разберам секојдневни ситуации, паркирање, чекање ред во болница, пропуштање пешаци и слични секојдневни глупости, ама за човечки живот кога се работи едноставно не смее да има изговор и нема разбирачка за вакви монструозни чинови.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.366
Ситуацијава ме потсети на филм од пред 20год.

Газат човек и за да се види што точно се случило времето се враќа од 5 различни перспективи.
Така и со нашиве интелектуални пијаници. Треба да им го враќаш времето зошто мозокот им е исушен за видиш од што направиле глупост.


Можело ова многу на различен начин да се реши доколку овие не биле толку глупи.
Првин совозачот што се нафатил на вакви глупости, а најмалце што можел да добие е едно испрашување во станица.
Второ што се решил да го задави девојчето. Па однеси го во болница кажи го удривме брзавме да го донесеме. Вака ја направил најидиотската работа и ќе лежи затвор за глупости. Мислам дека во историјата не лежел човек затвор за поголема глупост од оваа, да бидеш глуп.
Трето шоферот, од глупост си се осудил сам. Возел 20 како што кажале. Можеби не бил крив, девојчето излетало, толку треба. Ама он си се пресудил сам. Па и да си пијан, сигурно нема да те затворат како сега што ќе те затворат.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.515
Поени од реакции
18.782
А замислете имало и комшии кои го виделе детенцето како лута на улицата и никому ништо, си рекле абе аман тука е мајка и најверојатно, каде е тука емпатијата и одговорноста?? Па куче да го видам залутано ќе го тргнам од патот да не го согази некоја кола а не две годишно малечко дете.
Не знам, мислам дека било во која земја надвор од Балканот ова да се случи, ќе застанат, ќе повикаат одма полиција додека некој не дојде од родителите или некој близок, овие го одминале како ништо да не било.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.464
Едни пропаднати алкоси ги шетаат за нос и ги мавтаат цела полиција и цела нација, па нека се отепаат сите колективно стварно.
можеби Путин стои зад нив како кај Вања
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Нема никаква врска ни сличност ова со случајот на Вања од кај нас. Кај гледате сличности?

Србите ги читам ептен запалени дека нешто друго е во прашање пошто не можат да го најдат телото.
Овие до толку биле изгледа пијани, што којзнае и дали знаат кај го оставиле.

Најодвратното нешто ми е што едниот и внука на таа возраст имал. Не ја гледаш внука ти во тоа девојче бе глупаку? Па и на таткото му рекле не сме ја виделе. Па уште и ако била жива.... Затоа е потребно телото, да ги сотрат со казна и 40 год во затвор секој ден наново и наново да доживуваат пеколи, да се молат во пеколот да одат само да се спасат.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.355
Поени од реакции
38.603
Овие секако ќе добијат максимална, и со тело и без тело. Самите постапки и признаените дејствија ги опфаќа тој членот за максимална, особено тој што го барал девојчето наредниот ден.

Сепак мислам ќе ја најдат, само да не е одвлечена некаде од некое диво животно.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Овие секако ќе добијат максимална, и со тело и без тело. Самите постапки и признаените дејствија ги опфаќа тој членот за максимална, особено тој што го барал девојчето наредниот ден.

Сепак мислам ќе ја најдат, само да не е одвлечена некаде од некое диво животно.
Србите непредвидливи се со казните.
За еден што исто вака пијан усмртил девојче и сам се пријавил одма, му имаа дадено 15 години за убиство и загрозување во сообраќај нели во алкохолизирана состојба, а на еден што ја располовил главата на мајка му на пола со секира, 6 години. Зошто издрогиран бил нерачунлив бил, не знаел дека ја убива мајка му, мислел дрво е. И ако ти се чита уште сто случаи ќе ти кажам што прават со казните. Очекувај дека можат да најдат низа олеснителни околности, да ги извадат и психички болни, па да завршат во затворена болница, па кога ќе се излечат ќе си бидат надвор нормални граѓани пак.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.571
Поени од реакции
66.229
Возачот воопшто не приметил дека го удрил, совозачот приметил, го внел во кола, го задушил кога се освестило во кола, го фрлил на депонијата. Следниот ден го преместил. Не сака да каже каде, демек е блокиран, не може да се сети, па ги шета од една на друга локација.
Дарвинова награда за овој. Лешпер. Нокти со клешти би му вадел.

Ако добро разбрав едниот и вечерта активно се вклучил во потрагата што само по себе е прејезив чин.

Немам коментар до каде може да оди човековото дно, ќе разберам секојдневни ситуации, паркирање, чекање ред во болница, пропуштање пешаци и слични секојдневни глупости, ама за човечки живот кога се работи едноставно не смее да има изговор и нема разбирачка за вакви монструозни чинови.
На времето гледав Criminal Minds, и доста добар дел од епизодите се снимени во вистински случки. Многу често се случува кривецот да е учесник во потрагата. Најчесто да може да даде погрешна насока на истрагата, или евентуално дополнително да прикрие траги.

Глуп пример е, ама во Куманово пред неколку години имаше лик кој палеше коли секоја вечер во одреден дел од градот, па почнаа луѓето кои немаат гаражи да се организираат во стражи, со полицајци во цивилка. Се испостави дека еден од ликовите кој бил на стража неколку пати е пироманот.

Умот на ваквите болесници, работи на некоја друга фрекфренција.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.355
Поени од реакции
38.603
Србите непредвидливи се со казните.
За еден што исто вака пијан усмртил девојче и сам се пријавил одма, му имаа дадено 15 години за убиство и загрозување во сообраќај нели во алкохолизирана состојба, а на еден што ја располовил главата на мајка му на пола со секира, 6 години. Зошто издрогиран бил нерачунлив бил, не знаел дека ја убива мајка му, мислел дрво е. И ако ти се чита уште сто случаи ќе ти кажам што прават со казните. Очекувај дека можат да најдат низа олеснителни околности, да ги извадат и психички болни, па да завршат во затворена болница, па кога ќе се излечат ќе си бидат надвор нормални граѓани пак.
Премногу медиумска врева направи случајот, цел Балкан и дури во Австрија и Германија беше на ударни вести.

Ќе го јадат немиен, дури и да се прекршат некои закони во законикот на никој нема да му е гајле. Популистички држави како нашата и Србија се е можно.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Премногу медиумска врева направи случајот, цел Балкан и дури во Австрија и Германија беше на ударни вести.

Ќе го јадат немиен, дури и да се прекршат некои закони во законикот на никој нема да му е гајле. Популистички држави како нашата и Србија се е можно.
Ќе видиш за казната. Запамети што ти реков.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.791
Поени од реакции
30.651
Абе не им текнало кога се разбудило детето на болница да го однесат :tapp:
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
260
Поени од реакции
783
Абе не им текнало кога се разбудило детето на болница да го однесат :tapp:
Ако е полуживо полу умрено што ќе го носиш на болница или ја превземаш цела одговорност или играш до крај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom