Од неколку аспекти може да се разгледаат случувањава. Најпрво и јас мислам дека нема никакви шанси да се работи за грабнувања поради продажба на органи. Континуирано низ годините кај народот прва помисла откако ќе има некакво исчезнување е токму тоа дека го грабнале за органи.Тоа е разбирливо бидејќи во историјата имало таков случај во блиска земја и народот под дифолт секој случај го поврзува со тоа. Затоа и за секој случај сомнителен главна, ако не и единствена причина со која се поврзува исчезнувањето е теоријата за продажба на органи, никогаш не е поврзан случајот со robbery gone wrong или слично.
Од друга страна, фактот што МВР соопштува минимални или никакви детали за сите овие случаи, му дава прилика на народот да си претпоставува секакви случаи. МВР мора да сфатат дека таквото сценарио, каде што народот не знае ништо и си претпоставува што се случува, само предизвикува дополнителна паника и страв, и апсолутно со ништо не може да се запре стравот така кај народот, џабе соопштенијата од МВР да нема паника, мора да информираат за што токму се работи во секој случај поединечно, вака со минимални и никакви детали, народот ќе продолжи да живее во агонија.
Ова информациите што кружат по фб, што некој мој имењак ги ставил во една објава, може да се точни, може да се лага, а може и да се вистина но преувеличена вистина токму поради општа состојба на паника што е најверојатно, па ако се работело за девојчиња кои со друштво во кола оделе некаде и по пат едно вриштело да и се врати телефонот од другарот кој седел напред и пишувал од кај нејзе на фб да се зеза, некој попатен човек покрај кој поминала колава одма случајот го поврзал со грабеж и повик за помош и одма пишал на фб... Јасно ни е, дека ако истото се случело пред 5 месеци, немало да се изрегистрира ова како биг диал, но сега е општа состојба на паника и страв, и секој ваков случај е потенцијално киднапирање.
И дајте еден по еден случај, еве за денешново тело нула информации знаеме, за вчерашното знаеме колку што можев да разберам, човекот воопшто не тргнал накај Нерези каде што е најден, туку тргнал накај Аеродром што е тотално спротивна насока. Дали се проверени сите мобилни повици и пораки да се види зошто човекот завршил во Нерези? Дали има траги од насилство на телото? Дали во текот на возењето контактирал некој од неговите другари, кој му ја кажал причината поради која е сменет правецот на движење? Не знам дали објавување на овие информации би пречело во истрагата на МВР, но знам дека ако се продолжи со необјавување на информации, народот ќе продолжи со теории за вадење органи итн...
И да, која е веројатноста ако се вадени органи од телата, труповите да се фрлаат во населено место, во Лисиче и Нерези... Не е ли пологично да се закопаат телата во некоја нива надвор од населено место, каде што никогаш не би се нашле или би се нашле само коски после многу години... Да се испочитуваат фамилиите и да не се шират никакви лажни теории, последно нешто е тоа што им треба во овие моменти.