Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.656
- Поени од реакции
- 34.947
Го започнав првото чистење. Па сакав да прашам од поискусните дали сум на добра патека, зошто сакам да го направам како треба.
Целта ми е да со срамнам салото на струкот. Кога почнав бев тоталка теле за вежбање, па барајќи совет од некој што веќе тренира со години почнав со 5к калории на ден, така да начукав баѓи сало.
мажиште
24 год.
170~ цм
84 кг
вежбам околу 1 година
Исхрана.
Оброк: одма после станување протеински шејк со 200мл млеко
Поручек1: 3 цели варени јајца
Поручек2: 2 цели варени јајца
Ручек пред тренинг: 250г стек со 100г ориз (неварена, жива мера) 8 кафени лажици сончогледово за приготвување на стекот
Оброк после тренинг: 250г стек со 100г ориз (неварена, жива мера)
Понекогаш земам нешто зеленчук, домат, краставица.
Вака секој божји ден,
2260 калории
170г протеин
80г масти
160г јх
Програма на Coolcicada PPL со мали измени. (додадена мртва, и некој сет и вежба плус за гради, по сугестија на член од тука)
10+ сати пред компјутер работа
тренинг 1:30, 2ч.
спиење 5-7ч
Суплементи
креатин
стимуланс
б комплекс
мултивитамин
омега 3
магнезиум
Прегледај го приврзокот 214095
Прво види дали ќе слабееш со овие калории, на таа висина и тежина не знам како си со мускулна маса, али ќе ти треба и кардио за да почнеш да слабееш ако сакаш да тераш со 2200ккал и со тие јаглехидрати. Паузите меѓу серии и вежби гледај да не ти се повеќе од 45 секунди, таман во саат и пол ќе имаш простор и за 20 минути кардио. Ако правиш како што треба, после саат и пол треба да бидеш како во базен да те фрлиле, 2 саати во теретана може со муабет или ако правиш 45-60 минути кардио, се друго ти е неефективно мафтање низ теретана. Кардиото миксај го, ако правиш 4 денови неделно, 3 нека ти се HIIT по 15тина минути, еден steady 45 минути.За исхранавa моја браче шо ќе речиш? Знам дека е патетична од поглед на разновидност, ама брка работа, толку се можи.
Следна работа, ако веќе не сакаш да ги скиниш јаглехидратите, барем циклирај ги, терај пример со 5 дена циклирање 150г/100г/50г/125г/200г, кога ќе стигнеш до плато со овие направи измена пример 2-3 дена со висок внес, или еден чит оброк.
Јаглехидратите гледај да ти бидат или од сабајлето + пред тренинг или пак пред тренинг и после тренинг, но смени место бел ориз со кафеав, или други изводи (овес), сладок компир, леб од цело зрно една кришка. Зеленчук особено зеленило фрли во сите оброци освен во тој после тренинг, ти треба за калиумот и магнезиумот (спанаќот е одличен за ова).
Друга опција да ги тргнеш јаглехидратите и да одиш на кето или кето+фастинг.
И за крај, спиењето обавезно да не ти е под 7 часови, тоа е еден од најбитните фактори и за баланс на хормоните и за одмор.
Автоматски споено мислење:
Со 30 склекови и почетник и каков сака нека биде џам ќе свитка.Па сеа 30 за почетник доста е. Некои 5 не можат да направат. После можеш и 100 да правиш, но нема поента више од 50 у една серија. 3x10 за некој што почнува е таман
За слабеење треба да ја среди храната, т.е најсигурна опција да ги тргне јаглехидратите комплет, плус кардио, плус тежински тренинг, не е ракетна физика, просто е, само си бара дисциплина и трпение.