Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Проверете и во Кам, има еден 175 ден. кило, подобар е од тој во Стокомак на вкус...
знаеш ли како се вика стекот ? ја земав еден исецкан 205 денари пошто не видов поефтин.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ај да ажирирам уште една храна која ја практикувам во последно време, Аљаска Полок филети, на 100грама содржи:
81ккал
17г протеин
0,8 гр масти
71мг холестерол
21,9 гр селен
Го земам од КАМ, BueSea во паковање од 750 грама за 115 денари.

Од истата фирма од КАМ ги земам и филетите Ослич по 145 денари за 750 грама.
Состав на 100грама:
90ккал
18,31гр протеин
1,3 гр маси
67мг холестерол
32 мг селен

вредностите се од паковањето, на интернет гледам се разликуваат по калкулаторите, али за нијанса.

Инаку полокот ми се допаѓа, а колку што читав живеел строго во дивина, не го одгледуваат по рибници па да го хранат со хормонска храна, со пилешкото официјално се поздравувам на неколку месеци.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Жито-Лукс ’Микс од зрна’ сега пишува дека има 10г протеин на 100г - а порано пишуваше 25г.
Го смениле составот или ја корегирале етикетата?

На страната уште им стои ова

Ако можам ќе го сликнам лебов дека на него сосема други вредности пишува, од памет беа нешо као 284кал, 10прот, 47јаг
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
Не ми се верува да ја корегирале етикетата зашто од кога знам за лебов пишуваше 25 грама протеини дека има, не е можно цело време да им била грешна. Најверојатно го смениле составот зашто и другите вредности се различни. Колку што запамтив сега пишува дека има 10,8 грама протеини, 5 грама масти, 1,8г диететски влакна итн..
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Па ви ја намалиле сојата и ете ти помалку протеин, реално од се што е наброено во составот таа има најголем процент на протеин, ваљда ви промениле сооднос, а можеби и само тикета, поголем дел од табелите на производите се грешни, посебно на македонските се copy-paste од интернет :D
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
Па не дека мења нешто, и онака не го рачунам лебот во извор на протеин, чисто како опсервација е интересно..
 
H

HoT IcE

Гостин
После одличните одговори у генералната тема за ББ решив да прогуглам и да се стекнам со општи познавања за исхрана во склад со тоа што сакам да постигнам, ама да бидам искрен и покрај многуте прочитани совети ова/она неможам да раздвојам квалитетна информација од selling product/маалски муабети. Читав за некои режими на исхрана кои се прескапи и нема шанси да ги дозволам во догледно време или некои режими кои се премногу стриктни во однос на многу работи па затоа решив овде да прашам.
Имам 22 години, висок сум 170цм, моментално имам 76кг. Според овие правев некои калкулации на сајтов и ги добив овие резултати:
12655990_1637528389845988_328053996_o.jpg
Исто правев калкулација за ideal weight и ми излезе дека е 65 што е реална цел за мене да достигнам.
Пак да потенцирам дека сум почетник(уште немам ни почнато со некаква исрхана или вежбање, од 1ви) и сакам да ја сменам исхранава, да се физички активирам. Ама под мењање исхрана не мислам да биде нешто заради кое ќе ме измаваат од дома, туку така поскромно со квалитетен ручек(месо и слични поскупи работи) два пати во недела..
Значи целта ми е да почнам да се хранам поздраво, помалце џанк и да ослабнам и да добијам на мускули а намалам body fat.

А да заборавив исто да пишам и да ми препорачате некои витамини или слично за почетници за болки и побрзо опоравување на мускули.
 
Член од
8 јануари 2015
Мислења
150
Поени од реакции
43

Прегледај го приврзокот 137900

Пред се исфрли го лебот,благото и чипсовите, и сите сокови (освен од цедено овошје) јади дупли порции на ориз и компири и повеќе месо и зеленчук,и еднаш во денот јаткасти плодови една рака, потоа почни постепено да намалуваш од оризот и компирите.Ваљда кога ке почнеш да намалуваш веќе ке знаеш повеќе за исхраната и како да си ги планираш оброците.Јас вака почнав супер ми оди сеуште а џанк многу ретко јадам и алкохол ич не пијам.Еден ден во неделата јадам повеќе јаглехидрати.
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
После одличните одговори у генералната тема за ББ решив да прогуглам и да се стекнам со општи познавања за исхрана во склад со тоа што сакам да постигнам, ама да бидам искрен и покрај многуте прочитани совети ова/она неможам да раздвојам квалитетна информација од selling product/маалски муабети. Читав за некои режими на исхрана кои се прескапи и нема шанси да ги дозволам во догледно време или некои режими кои се премногу стриктни во однос на многу работи па затоа решив овде да прашам.
Имам 22 години, висок сум 170цм, моментално имам 76кг. Според овие правев некои калкулации на сајтов и ги добив овие резултати:
Прегледај го приврзокот 137900
Исто правев калкулација за ideal weight и ми излезе дека е 65 што е реална цел за мене да достигнам.
Пак да потенцирам дека сум почетник(уште немам ни почнато со некаква исрхана или вежбање, од 1ви) и сакам да ја сменам исхранава, да се физички активирам. Ама под мењање исхрана не мислам да биде нешто заради кое ќе ме измаваат од дома, туку така поскромно со квалитетен ручек(месо и слични поскупи работи) два пати во недела..
Значи целта ми е да почнам да се хранам поздраво, помалце џанк и да ослабнам и да добијам на мускули а намалам body fat.

А да заборавив исто да пишам и да ми препорачате некои витамини или слично за почетници за болки и побрзо опоравување на мускули.
Убаво ти пиша @dstojanovic666
Не ти требат некој скапи диети значи се што ти пиша стојанович
плус уште би додал - ако сакаш да ти растат мускулите месо 2 пати во недела небива мора да внесуваш протеини ако не можеш месо барем сургутка земи си, јади повеке јајца, соја, граф, и се што содержи поголем број на протеини

Од витамини ја земам редовно омега3-6 , мултивитамински некој, витамин ц земи си посебно, затоа што ако земаш мултивитамини обично во нив има околу 200мг витамин ц а дневна доза препорачана при висок интенсистет на вежбање е околу 1г . Од болка во мускули аналгин,парацетамол може да се напиеш ако ептен боли инаку редовно нема нешо да се пие, од болки најдобра маст има контерпејн ама сеа ја нема по аптеки...
Ако имаш интезивен тренинг добро е да пиеш бца(суплементи) ама тие скапи се...
 
Последно уредено:
H

HoT IcE

Гостин
Фала многу :)
Андол ќе врши работа место парацетамол?
И магнезиум шо функција има при вежбање? Имам некои 10 мали пакетчиња магнезиум директ па кога да ги пијам пред или после тренинг или уопште не ми треба?
 
Член од
8 јануари 2015
Мислења
150
Поени од реакции
43
Да заборавив јајца соја грав леќа овес итн... насабајле исто така пиев зелен чај со исцеден лимон цимет и ѓумбир,го практикував до пред да почнам булк.За мултивитамини такви ствари не би ти препорачал поубаво ке јадеш зеленчук и овошје,само омега 3 земи си.За воспаление ананас ке си купиш доста помага.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Фала многу :)
Андол ќе врши работа место парацетамол?
И магнезиум шо функција има при вежбање? Имам некои 10 мали пакетчиња магнезиум директ па кога да ги пијам пред или после тренинг или уопште не ми треба?
Абе не се кљукај со андоли и парацетамоли освен ако не е апла да немоеш да станеш од кревет да мочаш.
Ако е до тој степен ондак си претерал и не смее да ти се повтори толкав волумен да вежбаш следен пат - а не да се крпиш со аналгетици.

Ќе си јадеш храна богата со протеин, ќе си јадеш здрави масти, ќе си јадеш сложени јаглехидрати.
Овошје зеленчук месо млеко млечни производи јајца мешункасти растенија итн итн итн
Сигурно не треба да ти објаснувам дека пржено, сувомеснато и шеќер се надвор од равенката.

За витамини за почетници - мулти витамин / минерал а-з + ЗМА (цинк / магнезуим / Б6) пред спиење и евентуално Омега-3.
Ова се буквално работи кои нема да имаат приметлив ефект али ќе ти помогнат со тоа што нема да си одмогнеш ако не ги пиеш и си во дефицит на истите.

Спиење мин 8 саата - Одлична исхрана - Паметно и напорно вежбање
Сите три мора да ги имаш за да имаш резултати

Немој да размислуваш на cheat meals
Луѓе паѓаат на ова - 6 дена јаделе ко шо треба, 7 миот ден “кснале“ малце и мислат дека е топ 6 дена позитива 1 негатива = 5 добри.
Yeah - no. Седмиот ако усереш буквално сите 6 наназад моеш да ги негираш и да се вратиш на чекор 0.

Не брзај, ова „хоби“ е “маратонско“. Замислените резултати може да се и 1-2 години одалечени зависност од генетика и сериозност.
Најубаво ти е да најдеш љубов во ова иначе нема да си најдеш мотивација и ќе се откажеш.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
Не мора толку сериозно, анализи, триста суплементи, калкулации и слично. Може и од тоа да снема мотивација - премногу амбиции и планирање. На почеток доволно е само да почне да вежба.
Јас од кога сум почнал со билдинг до ден денес не ги следам целосно сите работи што му ги набројавте, а да не збориме па кога почнував. Само одев во теретана и дигав :). Tек покасно кога навлегов веќе почнав да пратам исхрана, програми, лево-десно..
 
Не се сите исти сепак.

Има луѓе кои не сакаат да почнат ако знаат дека не е перфектно или мин-максирано.
Различен пристап ама не значи дека е лош пристап ако работи за нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom