Еве ти од мене рецепт со кој џигерот верувам ќе ти стане едно од поомилените јадења.
-Прво го вариш џигерот, откако ќе го свариш ја истураш водата и го префрлаш во тава. За да не ти прска маслото го тураш џигерот во тавата без масло и мешаш се додека не потсуши, откако ќе потсуши малку џигерот во тавата додаваш масло и пржиш неколку минути колку да добие вкус на пржено (нели веќе е сварен). Во текот на пржењето додаваш вегета, оригано, црн бибер, ким. Јас го јадам со буковец, кромидот не го пржам туку си го јадам свеж, а кечапот ми подмачкува уште подобро со буковецот.