Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.612
- Поени од реакции
- 31.819
Колку што чини законот толку и не чини за кај нас зборувам. Еве ти ќе го носиш кученцето со маска, и некоја рандом џукела од нигде никаде може да ти слета и секунди се тоа, да ти го штави песот. Сака пазење со кучиња. Јас некни дебил испаднав со моето. Пуштено на еден голем парк, намерно во обичен ден кога има најмала фреквенција и движење да шетка така. И си бележи терен, шета во радиус од 20 тина метри, ко за несреќа се погоди да шетаат мајка со малечко дете, мало самојадче нека беше 3-4 месеци. Моево знам дека не е ни малку агресивно и тргна да си игра со кученцето мало. Детево се исплаши од големината на кучето и го пушти самојадчето од рака. Ова почна да бега на кај една улица тука во близина на која се вози многу брзо бидејќи е на излезот од градот и дотрчав јас го фатив за ремчето и заедно со се моето куче се вратив кај мајкава и детево. Ова моево веќе не му се виде интересно самјоадчето дека мало па продолжи да си шета низ тревата, но ете мојата желба да го пуштам моето куче рајат да се истрча, исплаши невино малецко детенце. Потоа се извинив, мајката рече дека не е ништо страшно и дека нивното дете сака кучиња-само дека големо му се видело моето затоа се исплашило. Потоа го зедов детенцето го врзав моево куче да го погали да си поигра и така.
Отсега строго врзано го шетам. Еве најбанална ситуација која од нигде никаде излезе од контрола.
Отсега строго врзано го шетам. Еве најбанална ситуација која од нигде никаде излезе од контрола.