Искуства со не одговорни сопственици на кучиња

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
Не знам дали има ваква тема, ако има, се знае каде треба да оди.

Јас денес имав едно вакво искуство. Го шетав моето куче низ маало и од еднаш скокна комшиското куче (микс пит и ротфајлер) кое е врзано на ланец 24/7 и не е социјализирани со други кучиња. Беше како гром од ведро небо, за секунда видов како моето куче прета под шепите на нејзиниот нов непријател. Очајно почнав да го тегнам кучето по кожата, да ги заривам прстите во него. Но, џабе беше, кучето не ме фермаше.. На крај, конечно ми помогнаа сопствениците и го тргнаа кучето. Среќа не беше повредена Беки, но има шанси да ѝ остане тоа траума и да се плаши од кучиња. :(

Кажете вие за вашите случки со вакви сопственици.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.284
Пит и роВајлер? Кај го најде бре ова?
Ако причава е вистинита (немој да ме сфаќаш погрешно, скептик сум кога станува збор за каснување од пит и рот- кога ќе каснат, каснато е ама ајде, тоа е ваљда мој проблем не твој), ондак многу лесно се решава проблемот твој. Викаш полиција, му закачуваат кривична и мирна глава. Наеднаш ќе видиш како ќе му биде прибрано кучето. И не ми е едно јасно, како тоа бил на ланец и те нападнал? Од двор ли искочи? Како? Ланец скина? Сериозно, не те дриблам, само дообјасни ми ја причата, зашто стварно не разбирам.

Како и да било, во било која и од овие ситуации, секогаш можеш да повикаш полиција и ќе го казнат господинот дебело. Не дај боже, на повторување на дешавката- му го одземаат кучето. Воедно можеш и приватна тужба во моментов да закачиш, за претрпен страв, трауми... нападната си била. Е тоа единствено ако некој видел дека си нападната, во спротивно твојот збор против неговиот ќе биде (ако никој од вас нема видливи знаци од нападот).
 
Мене не ме касна зошто кучето од мало го знам и знам дека НИКОГАШ не би ме повредило. Инаку, микс е, има глава на пит бул, тело на ротвајлер... нема везе, набиено куче е и се гледа дека е снажно. Моето куче не е повредено, само преплашено. И луѓето градат, а таму кај што градат, се наоѓаше куќичката на кучето и таму беше врзано. А, сега не знам точно што се дешава зошто го чуваат од другата страна на дворот. Дали го скинало синџирот или одврзано било, не знам... сопствениците немаат време за нивното куче и го оставаат. Само храна и вода му даваат, не го шетаат... Инаку, мило е со луѓето, сака да си игра, но животни... МРАЗИ!
 
Eпа ко викаш дека е ок со луѓе ондак не мораш да одиш до крајност и до полиции и чуда. Едноставно, замоли ги, најпријателски, нека го приберат затоа што ти е страв да не се повтори истата ситуација. Воедно, секогаш постои опцијата да се откажат од него ако немаат време да го чуваат. Нека го дадат за вдомување, сигурно некој ќе му ја посвети потребната грижа и внимание.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
6.468
Поени од реакции
4.518
убав пример за НЕСОВЕСНИ и НЕОДГОВОРНИ сопственици кој треба секој да го осуди..........многу едноставно

шо фајде од пријави кога ќе биде касно за некого или неговиот миленик ?? подобро да не се најдите во вакви ситуации..........
 
Џабе е... знам, традиционално си чуваат така кучиња тие и не слушаат никој. Кучето пред ова, беше златен ретривер и го снема од двор за помалку од година, не знам дали умрело или избегало...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.284
убав пример за НЕСОВЕСНИ и НЕОДГОВОРНИ сопственици кој треба секој да го осуди..........многу едноставно

шо фајде од пријави кога ќе биде касно за некого или неговиот миленик ?? подобро да не се најдите во вакви ситуации..........
Па за да не се најдеш во ваква ситуација... или да не дозволиш некој друг да се најде во истата, треба да превземеш нешто, така?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
26 септември 2012
Мислења
6.468
Поени од реакции
4.518
Па за да не се најдеш во ваква ситуација... или да не дозволиш некој друг да се најде во истата, треба да превземеш нешто, така?
да го паљам со бенѕиИн..........
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.225
моето куче е многу мило со луѓе и сака да се гали, ама со други кучуња е агресивно, многу лае и тоа вришти и сака да ги касне, а пинчар е и незнам како да го променам тоа агресивно делување
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.284
моето куче е многу мило со луѓе и сака да се гали, ама со други кучуња е агресивно, многу лае и тоа вришти и сака да ги касне, а пинчар е и незнам како да го променам тоа агресивно делување
Mи се може, епа и него му се може :) иначе и ја имам пинчер исто се понаша (само обратно од твојава ситуација, со кучиња е ок, а се пушта на луѓе, го плашат очигледно, лае и бега наназад)... се надевам дека со кастрацијата сега ќе се среди тој момент.

иначе, да сум имала ситуации кога сум се револтирала со сопственици на кучиња, особено за еден холанѓанец што си го шета стафордот у парк, пуштен, без маска на него. Кучето е прекрасно со луѓе, дефинитивно прекрасно!!! Али имав ситуација кога се извадив од памет, од нигде никаде, седам у парк и го гледам кај мене до клупа, дечко ми се пушти да го собере малото ѕверче наше, ја тука го зграбив стафордот... ептен близок сусрет беше тоа... ептен малце фалеше... а господинов мртов ладен, мува не го лази, само ме прашува мажјак е или женка? Ја викам мажјак... е па ништо, нема да се сакаат ми вика и си продужуе... ја стојам, занемена, со уста подотворена.. што да кажеш? Ајде што да кажеш... и не е само таа ситуација, сум ги имала еден тон, особено кога сум се шетала со ротвајлерката (она е секад на ремче и со маска на неа), од нигде никаде ќе се избаци некој мрсул како овој малиов пинчеров мој, и ќе и се пушти да ја глода за нозе! И нормално дека ќе изреагира кучето- нормално! А сопственициве, си седат од страна, се смеат и го имаш муабетот- абе врати се бе мутав, види ја колкава е ќе те изеде... и си продужуваат да си седат и да си се смеат... ах... АХ:sick:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.279
Поени од реакции
9.826
Тоа е тоа, законите не се спроведуваат и плус мнозинството во земјава се сељачишта... следствено и нормално е дека и мнозинството од власниците на кучиња се исто, сељачишта.
И странци кога идат овде, исто се „просељачуваат„ кога гледаат дека повеќето прават така и дека закон не ги фаќа.

ne-se-plasi-kuceto-samo-si-igra.jpg
 
L

Lu

Гостин
Еххх досега еден куп ситуации сум имала со неодговорни сопственици на кучиња.

Али сега ќе ви раскажам една случка што ми се случи, која што ќе ја памтам за цел живот.

Беше 24.Август.2012, датава ја памтам бидејќи точно на тој ден (24.Август.2012) Доберманката полнеше 4 месеци (на 24.Април.2012 е родена).

Бевме собрани друштво во паркот за кучиња, во градскиот парк (Скопјаните знаат за кој парк зборувам) ... бевме вкупно 7 души собрани внатре во паркчето, и нашите кучиња си играа.
И проаѓа еден дечко (ќе го насловувам Кретен) со Американски Стафордски Териер (накусо Стафорд), и влезе во паркчето за кучиња.
И по правило, кога првпат влагаш со куче во парк за кучиња, секогаш кучето треба да ти биде врзано на поводник, бидејќи не се знае како може да изреагира, а кога е врзано на поводник можеш веднаш да ја ставиш ситуацијата под контрола, заразлика кога кучето не е врзано на поводник.

И влага Кретенот со Стафордот, и само што влага, одма директ го пушта од поводник, без претходно да се издушкаат кучињата и да се види нивната реакција !
Астра (Доберманката моја) душичка, си лежеше, значи никаква провокација немаше од нејзина страна, а и всушност 4 месечно кученце неможе да испровоцира таква крволочна реакција кај нормално социјализирано куче.

И Стафордов директ идење накај Астра, а Астра лежи, Стафордов и се доближува до вратот, ја душка 2 - 3 секунди максимум, и ШТРАК ја зграпчува за помалку од дел од секунда за горниот дел од вратот.
За ОГРОМНА среќа, и ја имаше фатено само кожата од вратот и дел од увото, значи не беше витален дел од вратот, за огромна среќа, бидејќи доколку ја фатеше целосно за вратот, или ќе ја удавеше, или ќе и го скршеше.

Целата драма од моментот кога ја зграпчи, па се до пуштањето, траеше 4 - 5 минути.
Тие 4 - 5 минути цело време ја држеше, вилицата беше силно стегната (укочена) и не сакаше да пушти.
Замислете што значи 7 луѓе во тој момент да пробуваат да ја отворат вилицата на Стафордот, и апсолутно сите да бидат немоќни едно добри 4 - 5 минути.

Јас за среќа не испаничив премногу, бидејќи видов на вратот дека не е на критично место стегната вилицата, туку само за кожата и увото, и присебно изреагирав.
Го фатив Стафордот за задните 2 нозе, и го дигнав скроз, за да му направам дисбаланс, и да му ја намалам моќноста на згрченото тело.

Исто така огромна среќа беше тоа што не почна да тресе со главата, како што е типично за нападот на Стафордот.
Стафордот кога напаѓа: фаќа, силно стега со вилицата, и не пушта додека не го удави пленот, и силно тресе со главата ... исто како што прават крокодилите, ист стил на напад има, тресе и распарчува се.
За среќа не почна да тресе, бидејќи ако почнеше да тресе, веројатно цело уво ќе и го откорнеше.

Јас му ги држев задните 2 нозе и целото тело во воздух, напред двајца дечки ги држеа споени главите на Астра и Стафордот, еден го држеше затнат носот на Стафордот, а останатите се растрчаа, кој да зима стапчиња, кој да зима шишиња со вода, се со цел да помогнат за Стафордот да ја опушти вилицата.
И на крај после 4 - 5 минутно држење (тие 4 - 5 минути како цела вечност да траеа) веројатно на прегриз го фатија Стафордот, поради тоа што снема воздух, и конечно пушти.

Во моментот кога пушти, прва мисла што ми прелета низ глава беше, отиде увото ... мислев дека пола уво ќе и биде откорнато, или во најмала рака со огромни рани ќе и биде, но за огромна среќа апсолутно ништо не и беше, никакви тешки последици немаше, освен една мала површна гребнатинка од самиот заб на Стафордот.

За илустрација да видите како тоа изгледаше:

Кретенот имаше огромна среќа што целата ситуација се случи внатре во паркчето за кучиња.
Да беше надвор од паркот за кучиња, ќе банкротираше од пари давање за отштети и тужби.

А за моја среќа, се' се заврши без апсолутно никакви физички последици по Доберманката.

Али затоа сега Доберманката кога порасна и стана свесна за својата моќ, скоро секогаш кога ќе види непознат Стафорд (и Питбул, бидејќи исто изгледаат со Стафордот) секогаш се накострешува, и често знае да изреагира на нив.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.279
Поени од реакции
9.826
Целата драма од моментот кога ја зграпчи, па се до пуштањето, траеше 4 - 5 минути.
Тие 4 - 5 минути цело време ја држеше, вилицата беше силно стегната (укочена) и не сакаше да пушти.
Замислете што значи 7 луѓе во тој момент да пробуваат да ја отворат вилицата на Стафордот, и апсолутно сите да бидат немоќни едно добри 4 - 5 минути.

Јас за среќа не испаничив премногу, бидејќи видов на вратот дека не е на критично место стегната вилицата, туку само за кожата и увото, и присебно изреагирав.
Го фатив Стафордот за задните 2 нозе, и го дигнав скроз, за да му направам дисбаланс, и да му ја намалам моќноста на згрченото тело.

Aлал да ти е, чим можеш да изреагираш така смирено кон некој кој заслужува сосема спротивно. Мислам дека јас да сум во таква ситуација, по 30тина секунди до максимум минута непуштање угризот, штрафцигерот ќе проработи на тоа куче.

Не дека не можам и помирољубиво, туку дека таквите кретени не заслужуваат подобро. Кога тој не му ја мисли за последиците од акциите на неговото куче, зошто јас да пазам да не му го повредам кучето во ситуација кога моето куче е во таква опасност.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
792
И јас ти се восхитувам, Лу.:D Јас не бев смирена, бесна бев на кучето, нервозна, исплашена. Од сега, секогаш кога поминувам покрај дворот кај што е кучето, ја кревам во раце Беки и трчам колку што можат нозеве мои. И да не биде во дворот, трчам.:unsure:
 
L

Lu

Гостин
Aлал да ти е, чим можеш да изреагираш така смирено кон некој кој заслужува сосема спротивно. Мислам дека јас да сум во таква ситуација, по 30тина секунди до максимум минута непуштање угризот, штрафцигерот ќе проработи на тоа куче.

Не дека не можам и помирољубиво, туку дека таквите кретени не заслужуваат подобро. Кога тој не му ја мисли за последиците од акциите на неговото куче, зошто јас да пазам да не му го повредам кучето во ситуација кога моето куче е во таква опасност.
Не испаничив и останав смирена, и присебно изреагирав во таа ситуација само заради тоа што видов дека Стафордот ја држеше само за кожата и за увото ... значи не беше во животна опасност Астра.
Така да тоа беше клучниот фактор за мојата присебност во таа ситуација ... бидејќи во спротивно доколку испаничиш, само може да ги влошиш работите и да дигнеш уште поголема тензија меѓу кучињата, што би можело да предизвика фатални поледици.

А доколку ја фатеше директно за целиот врат, и да видев дека е во животна опасност, и дека почнува да се гуши ... сигурно немаше да пробувам да му правам дисбаланс на телото на Стафордот, туку ќе превземев ригорозни мерки за да си го спасам моето куче.

Гарантирам дека доколку имав пиштол во тој момент без око да ми трепне ќе го застрелав Стафордот, или доколку имав ноженце, ќе му го зариев во грклан и ќе го убиев лично јас ... ги сакам премногу кучињата, ама да гледам како моето куче пред мои очи се гуши и умира ради некој си крволочен ѕвер, па без око да ми трепне ќе го убијам на лице место ;)

А откога Стафордот ја пушти Астра, и се' беше под контрола, лом го направив кретенот, и оттогаш никoгаш повеќе не е појави во парк.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom