Иран

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.656
Поени од реакции
30.284

@Human ете ти поконкретно за ПВО-то на Иран, и за условите за копнена инвазија (не дека секако не е јасно дека само лудаци Иран би ги нападнале копнено). Така било пред 20 години, а уште повеќе така е сега.

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.077
Поени од реакции
6.699
америте не се способни прокси да ги нападнат иран,сигурно директ нема да ги удрат......можеби постои можност да им страдаат носачите на авиони и логистиката така да би била невозможна мисија да се удри голема сила
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.987
Поени од реакции
4.781
А У !!!! :eek:
Ваква предпазливост на јенкиве се повеќе ме убедува дека Иран сепак дошол до нуклеарно вооружување.
Пред некој месец имаше една вест, дека Иран успеал да произведе ХиперСонично (тоа е над 5 - 5,5 Мах), па така нуклерните глави губат на значај (затоа што нивните носачи се во главно суперсонични).
Се разбира далеку побавни се од Кинжал и Циркон ама ако се над 5км/с тогаш многу тешко се откриваат и пресретнуваат што значи дека САДистите треба да се подготвуваат да го напуштаат тој регион.
Што се однесува до нуклерани глави се пишуваше дека г-дин Ракетмен кој има блиски и пријателски односи со Трамп подарил неколку на Иран, е сега биди со ј...а па провери што е точно.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.083
Поени од реакции
4.729

@Human ете ти поконкретно за ПВО-то на Иран, и за условите за копнена инвазија (не дека секако не е јасно дека само лудаци Иран би ги нападнале копнено). Така било пред 20 години, а уште повеќе така е сега.

Нема причина зошто копнено би го нападнале Иран, ниту пред 30 години, ниту сега. Едноставно, нема опција таму, кај народот што би се борела против нешто за да Американците ја поддржуваат таа опција преку окупација. Во Авганистан тоа беа Талибанците, во Ирак сунитите од кои произлегоа еден куп екстремистички групи, во Виетнам беа комунистите итн. Во Иран нема такво нешто, барем не засега.

Но ниту Американците, ни сега, ни пред 20-30 години биле заинтересирани за копнена интервенција, не знам од каде е ова тврдење излезено.

Од друга страна, копнена инвазија и не е толку тежок проблем за Американците против Иран, се додека е ограничена само на кратка инвазија, а не окупација што ќе трае со години.
Во војната против Ирак, во 91ва, во време кога технолошки спротиставените страни немаше толкава разлика колку што има сега, Америка се покажа исклучително добро, веројатно толку добро што и самите Американци не очекуваа. Едни од најголемите тенковски битки во последните 70тина години се случија токму таму, каде Американците излегоа апсолутни победници.

Реално, во евентуален судир со Иран, Америка би постигнала воздушна доминација и потиснување на Иранската ПВО веројатно за помалку од 2 дена.
Нема Иран нешто што може да се носи со сила која ќе го преплави Иранското небо со авиони опремени со анти-радијациски проектили, претходејќи масивни напади со крстосувачки ракети и стелт бомбардери врз разни комуникациски, радарски, командни и логистички центри.

Силата на Иран се неговите прокси насекаде низ Блискиот исток - Ирак, Сирија, Либан, Јемен итн плус релативно големиот број балистички ракети. Нема Иран никаква опција да запри масивен воздушен напад, освен користејќи ги проксите како детерент за тоа.
Но има крајни граници кои ако Иран ги премини, сигурно ќе се соочи со ваков воздушен напад - ако се обиди да го затвори протокот низ Хормуз, ако стигне блиску до добивање нуклеарно оружје и сл.

Ирак на Садам Хусеин знае, а Ирак беше воено многу повеќе опремен од ова што е сега Иран.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.083
Поени од реакции
4.729
Азерите, курдите ….
Не е доволно оправдување за праќање војници и одржување окупација.
САД во 99та бомбардираат во Србија, на терен немаат војници.
Во 2011та бомбардираат во Либија, на терен немаат војници.
Ги поддржуваат Курдите во Сирија, но не вршат окупација на цела Сирија.
Не е правило, ама различни ситуации бараат различни решенија.
Нема никакви причини за долгогодишни окупации на Иран.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.690
Поени од реакции
26.220

Ок и прашањето е што може да постигне со бомбардирање на Иран? Ќе промени режим? Ќе им нанесат воени загуби? Југославија колкави воени загуби имаше од бомбардирањето?

Башка Иран не се боси, имаат со што да се бранат, имаат дури и можност лесно да напаѓаат Амерички бази во поширокиот регион. Башка како што стојат работите во Украина, ништо чудно тоа да биде тестинг поинт на некое ново Иранско ПВО, што наликува на С400...

На долги стази, бомбардирањето на Иран би значело буквално заглавување на САД од регионот на само тенок појас на територијата, која ја држи Израел под контрола, кога гледаме од овој аспект на работите.

Генерално ништо нема да постигнат со бомбардирање на Иран, само дополнително си ја усложнуваат ситуацијата.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.987
Поени од реакции
4.781
исправка,
Се разбира далеку побавни се од Кинжал и Циркон ама ако се над 5км/с тогаш многу тешко се откриваат и пресретнуваат што значи дека САДистите треба да се подготвуваат да го напуштаат тој регион.
сум напишал 5км/с а требаше 2км/с (со брзина од 5км/с се спомнува само онаа руската која според инфото е за свемирски...)
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.161
Поени од реакции
11.593
@Human Тоа талибаните од ТораБора или како беше не можеа да ги извадат од таа планината неколку месеци а не пак Иранциве што веројатно голем дел од пвоТо им е пикнато по тунели низ планините ќе ги рокнеле за два дена.

Добро бе да размислуваа вака и Јенките ќе ги спукаа до сега. Или Израел ќе правеше екскурзии кога ќе им чепнеше.

Јасна е доминацијата на Јеусеј во некои сегменти ама ти ги правиш незнам како да опишам ни јас. Проекција како да се моментално на пикот од својата воена тракеторија. Што е дискутабилно. Биле надмоќни еве Србија кога ја бомбардираа ама и тоа е дискутабилно бидејќи освен преку авиоудари, пичиња беа копнено да влезат. Пошто Србин не е исто и Талибан. Абе тоа и Талибаните не ги тепаа. Ниту пак оние косооките од Виетнам. Ете таму имаа воздушна надмоќ. И пак со прстот вуста.

Зборот ми е диксутсбилно е тоа за два дена ќе им го сјебеле пвто. Да ќе им го сјебат ако пушатат 2000-3000 авиони со се предаторите да ги рокаат секој ден.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.691
Поени од реакции
8.662
Србија потпиша договор откако Јелцин ги продаде за 5 пари и откако се заканија од НАТО дека ќе им ја сјебат енергетската инфраструктура. А прашање е и што улога изигра Милошевич у целата таа драма на распад на СФРЈ. Иначе НАТО многу тешко ќе влезеа копнено а и не верувам дека им било цел тоа.
Единствена значајна воена победа на јенките односно НАТО е над Садам Хусеин и тоа со милион војска и учество на 40 земји ако не се лажам. Од таа армија нема ни 10% сега НАТО.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.656
Поени од реакции
30.284
@Human немало кој да војува? неколку милиони Азери, којзнае колку Курди, Балочите на југоистокот... Зошто ги активираа ако ТИ си во право? Или едноставно Америте не можат да направат ништо во Иран?

Полн си со контрадикции.
Автоматски споено мислење:

Единствена значајна воена победа на јенките односно НАТО е над Садам Хусеин и тоа со милион војска и учество на 40 земји ако не се лажам. Од таа армија нема ни 10% сега НАТО.
Тоа е војна која ја почнаа само затоа што имаа неспоредлива воена супериорност, пред сѐ од технички аспект. Нека влезат во Иран па да видиме колку ги бива. Или во Кореја... :)
Автоматски споено мислење:

@Human Тоа талибаните од ТораБора или како беше не можеа да ги извадат од таа планината неколку месеци а не пак Иранциве што веројатно голем дел од пвоТо им е пикнато по тунели низ планините ќе ги рокнеле за два дена.

Добро бе да размислуваа вака и Јенките ќе ги спукаа до сега. Или Израел ќе правеше екскурзии кога ќе им чепнеше.

Јасна е доминацијата на Јеусеј во некои сегменти ама ти ги правиш незнам како да опишам ни јас. Проекција како да се моментално на пикот од својата воена тракеторија. Што е дискутабилно. Биле надмоќни еве Србија кога ја бомбардираа ама и тоа е дискутабилно бидејќи освен преку авиоудари...
Фантазира... Инаку тоа со Србија е резултат и на тогашната слабост на Русија. На пример пар С300 да испорачаа пред срањата, па сега други приказни ќе раскажуваше Човекот.
Автоматски споено мислење:

Башка Иран не се боси, имаат со што да се бранат, имаат дури и можност лесно да напаѓаат Амерички бази во поширокиот регион. Башка како што стојат работите во Украина, ништо чудно тоа да биде тестинг поинт на некое ново Иранско ПВО, што наликува на С400...
Баш офанзивните способности на Иран се проблем за САД и нивната мрежа бази во Блискиот Исток... Кој прати внимателно убаво виде дека сите тие 150+ напади во последниве пар месеци - тоа беа предупредувања. Откако САД не реагираа на предупредувањата, тогаш се деси првиот шамар со смртни последици. Ако Иран се на ниет навистина да им наштетат, сите тие бази се глинени голуби... Не дека тоа е ескалација што Иран имаат намера да ја направат, ама е последица која на САД им е јасно ставена до знаење.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.083
Поени од реакции
4.729
Ок и прашањето е што може да постигне со бомбардирање на Иран? Ќе промени режим? Ќе им нанесат воени загуби? Југославија колкави воени загуби имаше од бомбардирањето?

Башка Иран не се боси, имаат со што да се бранат, имаат дури и можност лесно да напаѓаат Амерички бази во поширокиот регион. Башка како што стојат работите во Украина, ништо чудно тоа да биде тестинг поинт на некое ново Иранско ПВО, што наликува на С400...

На долги стази, бомбардирањето на Иран би значело буквално заглавување на САД од регионот на само тенок појас на територијата, која ја држи Израел под контрола, кога гледаме од овој аспект на работите.

Генерално ништо нема да постигнат со бомбардирање на Иран, само дополнително си ја усложнуваат ситуацијата.
Има повеќе цели.
Редуцурање на воените капацитети. Елиминирање на нуклеарната програма. Можеби и промена на режим.
Во Југославија САД ја остварија целта, без разлика на воените загуби на Србите. На крајот Србите признаа пораз и се повлекоа од Косово.

@Human Тоа талибаните од ТораБора или како беше не можеа да ги извадат од таа планината неколку месеци а не пак Иранциве што веројатно голем дел од пвоТо им е пикнато по тунели низ планините ќе ги рокнеле за два дена.

Добро бе да размислуваа вака и Јенките ќе ги спукаа до сега. Или Израел ќе правеше екскурзии кога ќе им чепнеше.

Јасна е доминацијата на Јеусеј во некои сегменти ама ти ги правиш незнам како да опишам ни јас. Проекција како да се моментално на пикот од својата воена тракеторија. Што е дискутабилно. Биле надмоќни еве Србија кога ја бомбардираа ама и тоа е дискутабилно бидејќи освен преку авиоудари, пичиња беа копнено да влезат. Пошто Србин не е исто и Талибан. Абе тоа и Талибаните не ги тепаа. Ниту пак оние косооките од Виетнам. Ете таму имаа воздушна надмоќ. И пак со прстот вуста.

Зборот ми е диксутсбилно е тоа за два дена ќе им го сјебеле пвто. Да ќе им го сјебат ако пушатат 2000-3000 авиони со се предаторите да ги рокаат секој ден.
Ако се пикнат во дупки Иранците, тогаш САД веќе ја оствариле целта.
Нема Иран солидна против-воздушна одбрана, тоа е. Не против земја како САД.
Имаат некоја батерија С-300, некои свои системи и нешто со краток домет од Русија, но тоа е тоа.
САД ќе ги преплават со анти-радијациски ракети, секој радарски емитер ќе биде уништен веднаш, а секој аеродром ќе биде прва мета на бомбардирање. Тоа е, не е некоја филозофија.

@Human немало кој да војува? неколку милиони Азери, којзнае колку Курди, Балочите на југоистокот... Зошто ги активираа ако ТИ си во право? Или едноставно Америте не можат да направат ништо во Иран?

Полн си со контрадикции.
А зошто пак да ги активираат?
Не се водат така од денес за утре надворешни политики.

Не за џабе го турнаа сунитот Садам за да добијаат моќ во Ирак Иранците. :D
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.690
Поени од реакции
26.220
Има повеќе цели.
Редуцурање на воените капацитети. Елиминирање на нуклеарната програма. Можеби и промена на режим.
Во Југославија САД ја остварија целта, без разлика на воените загуби на Србите. На крајот Србите признаа пораз и се повлекоа од Косово.

Ако се пикнат во дупки Иранците, тогаш САД веќе ја оствариле целта.
Нема Иран солидна против-воздушна одбрана, тоа е. Не против земја како САД.
Имаат некоја батерија С-300, некои свои системи и нешто со краток домет од Русија, но тоа е тоа.
САД ќе ги преплават со анти-радијациски ракети, секој радарски емитер ќе биде уништен веднаш, а секој аеродром ќе биде прва мета на бомбардирање. Тоа е, не е некоја филозофија.

А зошто пак да ги активираат?
Не се водат така од денес за утре надворешни политики.

Не за џабе го турнаа сунитот Садам за да добијаат моќ во Ирак Иранците. :D
Мислиш ќе постигнат нешто во Иран? Можат?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.987
Поени од реакции
4.781
Србија потпиша договор откако Јелцин ги продаде за 5 пари и откако се заканија од НАТО дека ќе им ја сјебат енергетската инфраструктура. А прашање е и што улога изигра Милошевич у целата таа драма на распад на СФРЈ. Иначе НАТО многу тешко ќе влезеа копнено а и не верувам дека им било цел тоа.
Единствена значајна воена победа на јенките односно НАТО е над Садам Хусеин и тоа со милион војска и учество на 40 земји ако не се лажам. Од таа армија нема ни 10% сега НАТО.
Па не баш.
Србија потпиша кумановски откако се увери дека бандитиве од Отан ќе им уништат не само инфраструктура туку и сите економски и други стратешки објекти како Галеника, петроиндустрија..... телевизии и...
Милошевиќ, контроверзна личност од почеток до крај.
Првично играше за каубоиуте кои изгледа му ветуваа дека ќе добие голема Србија, но откако Германија влезе во игра увиде дека е наместен и дека нема ништо од тоа па почна да менува политика, ама тоа беше веќе доцна, на крајот како и секој што игра за туѓи интереси доби свое следување.
Не го потценувај ОТАН, навистина е еден од најголемите воени терористички сојузи кои постоеле во историјата, дури и со тие 10% може доволно зло да нанесе и да ја уништи цивилизацијата!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom