@Human ете ти поконкретно за ПВО-то на Иран, и за условите за копнена инвазија (не дека секако не е јасно дека само лудаци Иран би ги нападнале копнено). Така било пред 20 години, а уште повеќе така е сега.
Soldiers, spies, and diplomats conduct a classic Pentagon war game—with sobering results
www.theatlantic.com
Нема причина зошто копнено би го нападнале Иран, ниту пред 30 години, ниту сега. Едноставно, нема опција таму, кај народот што би се борела против нешто за да Американците ја поддржуваат таа опција преку окупација. Во Авганистан тоа беа Талибанците, во Ирак сунитите од кои произлегоа еден куп екстремистички групи, во Виетнам беа комунистите итн. Во Иран нема такво нешто, барем не засега.
Но ниту Американците, ни сега, ни пред 20-30 години биле заинтересирани за копнена интервенција, не знам од каде е ова тврдење излезено.
Од друга страна, копнена инвазија и не е толку тежок проблем за Американците против Иран, се додека е ограничена само на кратка инвазија, а не окупација што ќе трае со години.
Во војната против Ирак, во 91ва, во време кога технолошки спротиставените страни немаше толкава разлика колку што има сега, Америка се покажа исклучително добро, веројатно толку добро што и самите Американци не очекуваа. Едни од најголемите тенковски битки во последните 70тина години се случија токму таму, каде Американците излегоа апсолутни победници.
Реално, во евентуален судир со Иран, Америка би постигнала воздушна доминација и потиснување на Иранската ПВО веројатно за помалку од 2 дена.
Нема Иран нешто што може да се носи со сила која ќе го преплави Иранското небо со авиони опремени со анти-радијациски проектили, претходејќи масивни напади со крстосувачки ракети и стелт бомбардери врз разни комуникациски, радарски, командни и логистички центри.
Силата на Иран се неговите прокси насекаде низ Блискиот исток - Ирак, Сирија, Либан, Јемен итн плус релативно големиот број балистички ракети. Нема Иран никаква опција да запри масивен воздушен напад, освен користејќи ги проксите како детерент за тоа.
Но има крајни граници кои ако Иран ги премини, сигурно ќе се соочи со ваков воздушен напад - ако се обиди да го затвори протокот низ Хормуз, ако стигне блиску до добивање нуклеарно оружје и сл.
Ирак на Садам Хусеин знае, а Ирак беше воено многу повеќе опремен од ова што е сега Иран.