А има некаква врска што на лап топот има Windows 7, а на статичниот XP?
Кај тебе е поразлично од кај Samurai Jack пошто имаш рутер а кај него немаше рутер.
Значи за да ви биде појасно суштината на проблемот е што коа сакате да отворите пример google.com, вие всушност испраќате TCP пакет до провајдерот со кој му викате дај ми го гоогле.цом. Е сеа TCP пакетот кој притоа го испраќате ја содржи покрај вашата ИП адреса плус и MAC адресата на мрежниот уред од ваша страна (LANкарта или рутер). Пошто провајдерот коа ви инсталира нет ви запишал 1 МАC адреса(од ПЦто) и дозволува само таа една MAC адреса да добие интернет вие кога ке споите друг ПЦ или рутер треба да ја лажете другата страна т.е провајдерот дека сте истата МАC адреса што они ја запишале па тек тогаш ке ви ја испрати гоогле.цом.
Укратко во првиот мрежен уред кај што ке го уштекате кабелот од кој доаѓа интернетот тој уред прв комуницира со провајдерот и мора да има МАC адреса иста со онаа што они ја запишале(во твојот случај лаптопот, десктопов се гледа дека одпосле стигнал)
Значи ке треба преку прелистувач да влезеш во сетинзите на рутерот и таму да најдеш кај му се менува MAC адреса, опција попозната како Clone MAC со која рутерот го лаже провајдерот дека е некој друг уред. Така рутерот ке добие нет, а после он преку DHCP ке си разделува нет на клиентите преку статични ИП адреси. Како да ја најдеш МАЦ адресата на лаптопот објснив во постот за SAmurai JAck со слика, таа треба да ја внесеш во рутерот.