Добро утро момци и девојки
Кај еден другар имаме проблем што дојде сам од себе и не можеме да го решиме некако. Купи лаптоп
ASUS K52J и истиот ден зеде рутер
Linksys Wrt120n, го приклучивме се како што треба а има кабловски интернет и поврзавме со модем и се како што треба и 5-6 дена се работеше во ред, се до сношти кога наеднаш падна интернетот на лаптопот а на пц-то што му е има, а рутерот светат ламбичките како што треба, и кога на лаптопот ќе ја побараме конекцијата со име linksys и кога ќе пробаме да се конектираме вика Windwos unable to connect, а притоа во Wireless најдените мрежи на лаптопот како рутерот да му ги меша и има многу конекции од рутерот, во случајот конекцијата се вика linksys а има и други мрежи со имиња: linksy, linksy$, @link, linksys$$, и така натаму со вакви чуди имиња.
Прво си рековме може да е до компјутер и го преинсталиравме одма, но пак истиот проблем, наеднаш се деси ова. Па барам совет нешто ако знае некој нешто, ова дојде наеднаш неочекувано и без причина, јас симнав firmware за рутерот но си реков да видам одговори овде па да правиме нешто со другарот.
Благодарам
Поздрав:smir: