Пред да почнам со реплика,мала замерка,беше предупредено дека ќе се бришат сите кавгаџиски постови,после постот на ада, имаше еден на долуцитираната,со бедно опрадување дека била повикана,па ај ќе следам бедастоќа и ќе речам дека и јас сум повикан.Ако се брише,нека ги брише и двата.
Инаку имаше порано емисија на мтв наречена-говорете македонски а како за идеја ја земаше паролата-Кул е да зборуваш и пишуваш точно. Зошто сите овие каки,јас само сакав да и докажам на дамата дека оргинален=оригинален,матријален=материјален,децки=детски и така натаму. Многу пубертетлики и се поклонуваат (???) (тоа му иде како Taња Савич на детуле што само што ставило кабелска) па не би било во ред нашите генерации да замижат на тоа. На крај краеви,државна матура од македонски ги чека,а дамата ќе биде виновна за нивното незнаење. И самата ќе полага оваа година,па не вреди нејзиниот сјаен просек да се расипе за таква навидум незначајна работа.
Нема ова блага веза со индивидуализам.*Пријавува туѓа огорченост*
Кул факторот не се мери по ненамерни грешки додека се решава некој нешто да напише.Навистина погрешен пример во потрагата по тоа каде се наоѓаат индивидуалните црти кај еден човек.
Ќе ти објаснам,бидејќи се гледа во каква психичка состојба е напишано
Прво-неможе да наштети на просек,оти сите знаеме дека на матурски и на тестови се гледа контекстот и смислата,а помалку граматиката,ако воопшто.Можеш да си останеш индивидуалец,па макар и да немаш совршено граматичко тло.It's all in the expresiion,and how you can make it real and touchable.
Второ-Индивидуалецот,ако е доволно екстровертен и ја пласира својата посебна нишка,има своја маса на следбеници,точно.Со самото тоа,не значи дека неговите/нејзините постапки мораат да бидат позитивни или да се држат до одреден курс на општоприфатени социолошко-лингвистички ствари.
Нерон бил индивидуалец.
Млада господична Мерлин Монро исто така.
Хитлерчо не бил ништо помалку.
Не е до тоа дали изразуваш добри или лоши ствари,туку колку успешно ги изразуваш.
Од моја гледна точка,битно е да ги изразуваш.Оние кои незнаат како да го прават тоа,се далеку поголеми лузерчиња.
Со ова сакаш да кажеш дека само вие сте се пронашле во матката на оваа држава,последниот неистребен вид на уникатници кои со размножување би направиле промени! You shall be forbidden to talk when my lambs get silent ...и слично.
Јас зборев за изразувањето на посебноста,па од мое лично видување се дрзнав да го побарам кај тебе,колешке.Само предочив колку,барем за мене,е битно да се биде екстровертно посебен и дека јас лично интровертно посебните ги сметам за чудаци.
И не,не те вадам и тебе од тоа ние.И ти имаше фин еволутивен скок.It took time....but I stuck with you.
Секако,човекот целото време потрошено овде се трудеше да излезе од она Бада шлемче што му го ставивме на почетокот се сеќавате?
Те боли сеуште тоа нели бади?
Што автоматски дава ти дава одговор на она твое прашање за мојот живот и како го изразувам тоа што се наоѓа во мене. Што одлично реагира во мојата околина,и пошироко од твојот опеан пувеж.
Simply,после настаниве,остануваш скаменето засрамен од фактот пред какви луѓе требало да се ``докажуваш``како ``уникат``. И си го премолчувал тоа велејќи си самиот на себе дека сепак,со текот на времето,ќе те импресионираат.
Шлемче,а? *пријавува низок удар*
Без разлика чие шлемче сме носеле,дали бада и ада шлемче(од кое некој излегол,друг не),сепак со ова што го напиша само докажа која ми беше поентата.Барајќи посебност кај луѓето,човек лесно може да се разочара,оти посебноста сама по себе сигурно ќе наликува на нешто веќе видено и со самото тоа ќе биде компромитирана целата слика за одредени луѓе.Твојот лек е:"Не се труди.Седи дома,ионака нема потреба од докажување."
Ја разбирам таа работа и како тоа се функционира кога човек е исправен пред предизвикот да се оттргне од љубовта на тате и да се обиде да се наметне во нашата,сепак,неконкурентна мала земјичка.
Мојот излез е сепак човек да се бори против митовите.Да се бори егоистично против сите кои кои компромитираат неговиот диференцијален сегмент,кој по правило,треба да му даде некаков плус во општеството.Да придобива и да прибира.Ако неможеш тоа да го сфатиш и ако тоа го сметаш за бесцелно,твоја загуба.Твоја нова,трицифрена загуба.
Постои другарка која ја смета за најдобра затоа што и ги прекрила сите мувања и за да и помогне’’ги препишала сите за свои дела’’,што може да се сфати и на поинаков начин нели секако, и уште една на која не и текнува да се истушира и не знае ништо друго освен тоа кој со кого се спарил. Колку обично и несекојдневно и оригинално е тоа нели ?Што целосно се демантира со горенаведената изјава.Па секако. Миризлив семпл можете да побарате по пп за докази.
Опкружувањето е само дел од minions гардата.Не е битно какви луѓе стојат зад нас,се додека сме ги убедиле да го прават тоа,па макар и да стават глава во торба за тоа.
И секоја информација е добредојдена.Секоја нова информација,било каква,дава плус во можностите за нашето делување.Every man and woman can be pawns.And we need pawns to serve us,as the world is too big for one great mind to overtake.You should have known that.And go fishing.For some friends.More than two.
Индивидуализмот се искажува низ фините нешта,ставот ме боли за се и сешто го имаат деца од калибар на брат ми. Дури и тогаш,сепак,негде внатре ги интересира туѓото мислење и како во тој миг околината гледа на нив. Што го потврдува фактот дека зад секој индивидуалист,има цел entourage.
Ете така.Фино си го поби горецитираниот дел со ова.А ова,се разбира,е точно.Сите луѓе во тој entourage се потребни,нивните мислења исто така.Jesters or princes,every soul is worth consuming.
И за крај да ја цитирам ада и нејзиниот социолог...добро кажано...
''Ти и јас, и уште неколку можеме да имаме генијални идеи кои би го направиле светот навистина подобро место.
Но, нас никој не не зема во предвид.
Нештата ги менуваат групите.
Вистините ги создаваат групите.
Што побројни, тоа подобро.''
Точно.Ме мрзи да барам низ текстови на Ниче или Рансон,ама сепак групите како такви мора д апостојат.Но,нека не значи тоа само по себе дека постоењето на групите го уништува индивидуалецот.Напротив.Групата е збирштина од индивидуалци,кои заседно ја создале и како брејнсторм на идеи ја направиле функционална.Тие само го амплифицираат индивидуалецот,го убиваат самотничкиот импулс кој можеби карактерот му го всадил.А самотничкиот имплус,ги убива индивидуалците.Поарно компромис.