И јас ли сум Викинг сега?
И јас ли сум Викинг?
Ууу.
ОрИгиналност и креативност не се бара овде.А ги имам во изобилие да не се лажеме:smir:
Во самиот концепт на оригиналност и креативност постои маана,бидејќи после толку милијарди трансфери на луѓе над земја-под земја,и после толку многу идеи,карактери и животни стилови,нема многу простор за појава на некој кој е доволно посебен за да биде уникатен.Кај нас во оваа кошница од држава можеби немањето конкуренција и слабиот проток на талент ти дало некаков си внатрешен импулс на посебност во карактер и изобилие на уникатни црти,но ефективно и глобално тој внатрешен импулс е лажен.
Индивидуалистот како таков првично мора да има силен интегритет и инстинкт за преживување.А тие работи овде не постојат,ако смеам да бидам искрен(кап кечап на кошула,спреп по скали,спреп по рамен пат),па затоа твојот личен индивидуализам и талент е крајно интровертен и ретко кој го забележал во живо.Со самата таа интроверција и неспособност да се изрази човек себеси во живо,каде најмногу треба,го прави и оној кој нема таленти и креативен набој да делува поиндивидуалистички од него.А да не збориме за оние кои го имаат.Тука веќе навлегуваме во сферата на засенување.
Најди ми грешки во спелување сега,не во текстот.
Тоа е кул.
Во мојот живот наоѓам повеке смисла отколку ти во твојот
Секој си наоѓа смисла во животот,и како нишка на индивидуалност,ја наоѓа во поголема количина одколку што би ја имало кај другите.
Но,правејќи ја споредбата,и во контекст на темата....кажи ми која е смислата на твојот живот?Каде се наоѓа твојата индивидуалност,каде се експресионира твојот талент и како сите тие рамки од твојата личност се прифатени од околината?Јас би рекол дека сепак се работи за необработена суровина која живее само одвнатре,а однадвор дава слика на генеричност и обичност,like a part of the flock.
Koлку за моментална финализација,две три реченици.
сите сме индивидуалци.Она што не прави вистински индивидуалци е како тоа го изразуваме,и колку сме умешни во тоа нашата посебност да ја направиме прифатлива за околината.
Кога веќе неможеме да ја пропагираме нашата индивидуалност и кога сме свесни дека не се врти светот околу нашите желби,не смееме да се огорчуваме себеси ако нешто не излезе по наше.
Екстровертноста е најбитна за еден индивидуалец.Барем екстровертност кога се изразува она што не прави нас посебни.
Work on that,girl.Others already know it all too well.