Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
не знам авторот како го мери економскиот раст, дали према количеството оружје или новите возила ама не е баш во право. Економски раст постоел и постои. Појаките племиња на сметка на послабите, но тогаш не постоеле дворци, возила или згради па авторот да го забележи тоа. Појаките цивилизации према послабите само тогаш не постоеле возила ако така авторот го мери, не знам. За тој раст заслужни се нивните колонии. Само што сега наместо физички, постојат економски колонии и донекаде воени. Другото е исто, едни се развиваат на сметка на други. интересно е што авторот наведува 2 држави кои се меѓу државите кои имале најголем број колонии и воделе голем број војни кои сигурно не биле заради некоја идеологија или развој на науки. Постои еден можеби прелом, т.н. индустриска револуција, како дел од еволуцијата на човештвото, но и таа се одвивала на плеќите на други. Една од најфалените држави, Шведска е меѓу десетте најголеми извозници на оружје и којзнае колку "проекти" во третиот свет, главно под државна контрола.
Како ли тоа некоја фирма да ти изгради патишта, улици, згради, фабрики, и да ти плаќаат еден куп луѓе да работат шо пред тоа не работеле, го сметате за експлоатација? Да, ти даваат пониски плати, ама порано сте ги немале ич.
Напрајте си математика.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155

И во книгите по економија ќе ги најдеш тие податоци за физичката, сега економска експлоатација. И реално и денеска постои. Нормално е да изградиш и пат и железница за да пренесеш дијаманти, дрва, злато, кожи, нафта и што се не. Пат од неколку милијарди им носи заработка од неколку стотици милијарди. Белким златото на дворците низ бившите колонизатори не е копано во Европа, за нафтата немаат бунари во Холандија.
Всашнос како го измерил авторот економскиот раст, по формула? Да не мисли на продуктивност, трудоинтензивност или такво нешто?
 
Последно уредено:

А шо е тоа шо го прави државата како она врши експлоатација?
Само шо кога фирми инвестираат не е монопол (пошто државата е тоа и само тоа), и нема да им плаќам за непотребни услуги кои не ги користам. На пример нема да бидам задолжен да плаќам здравство, пензиско, ДДВ или било која друга услуга која ми ја дава државата.
Од фирмата ќе можам да го користам тоа шо ми треба, кога сакам и колку сакам, и кога имам пари. А не да бидам вечно должен на државата за неквалитетни услуги.

И не, не зборувам тука за монополот у јужноамеричките држави со водата. Зборувам за вистинска конкуренција и за пазарна економија, у која тоа што е мое ќе биде само мое. И да не заборавам, корпоратизам е различно од капитализам.
Кај нас имаме некоја мешавина на крони капитализам, нео социјализам и корпоратизам. Корпоратизам е тежок збор за кај нас, пошто немаме такви големи компании, ама у суштина е кога државата парите кои ќе ни ги собере од даноци, ќе ги инвестира за изградба на споменици кои на никој од нас не му требаат. Звучи познато?
 
Не ме сфати или не знам што е. Цела Африка е разорена и скоро цела Азија за да се задоволат потребите на демократска Европа и Америка. Како и централна Америка. И во минатото и денеска. Нечиј прогрес наводно кој немал врска со колониите, голем број држави со милиони убиени скапо го платија и сеуште го плаќаат.
 
Кога е разорана? Кога државите палеле и гаселе и биле некои хард кор монархии?
Да, разорани се тогаш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Кога е разорана? Кога државите палеле и гаселе и биле некои хард кор монархии?
Да, разорани се тогаш.
кога? Не можам овде да пишувам со часови за нешто кое го има во секоја историска книга. Колонијализмот (кој постои и денеска во подруга форма) им донел огромни ресурси, затоа и напредувале. Или попластично. Ако некој секој ден ти зема половина од ужинката и 90% од парите, ќе останеш ненајаден и беспари да купиш нешто подобро. Тој ќе биде прејаден и со доволно пари да купи што му е волја. Додека се доведеш во ред, се повторува истото. Епа не моеш глава да дигнеш камоли да напредуваш. Малку детски ама е поописно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
А темата беше инвестициски бум во Македонија.

На прв поглед ова ми се гледа паметен потег, сепак интернетот владее посебно во туризмот.
Со половина милион евра Македонија ќе се рекламира на Гугл
Договорот бил потпишан кон крајот на јануари, а промоцијата на туристичките убавини на Македонија ќе трае 12 месеци.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за Канал 5 изјави дека принципот на рекламирање ќе биде преку клучни зборови кои ќе ја исфрлаат Македонија меѓу првите резултати од пребарувањето. Работна група, заедно со министерот Иво Ивановски веќе утврдила листа на клучни термини. Листата е испратена во хрватското преставништво на Гугл и за неколку месеци се очекува реализација.
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
А темата беше инвестициски бум во Македонија.

На прв поглед ова ми се гледа паметен потег, сепак интернетот владее посебно во туризмит. Само ни фалат и домашни страни како боокинг.цом
Со половина милион евра Македонија ќе се рекламира на Гугл
Договорот бил потпишан кон крајот на јануари, а промоцијата на туристичките убавини на Македонија ќе трае 12 месеци.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за Канал 5 изјави дека принципот на рекламирање ќе биде преку клучни зборови кои ќе ја исфрлаат Македонија меѓу првите резултати од пребарувањето. Работна група, заедно со министерот Иво Ивановски веќе утврдила листа на клучни термини. Листата е испратена во хрватското преставништво на Гугл и за неколку месеци се очекува реализација.
Фала Богу конечно редно беше да се напраеше овој потег, уште порано требаше ... куцаш Македонија или било шо поврзано и ти испаѓаат одма резултати во прв ред ... Голем буст ќе биде ова како промоција ... :) Има страна веќе напраено за букирање однапред мислам одамна си напраено,и аапликации има исто ...
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
4.453
Редно време е да сватат луѓето дека социјализмот е мртов многу одамна. Влезени сме во капитализмот веќе 24 години. Некогашното златно време оодамна заврши а со него и медот и млекото и идиличната пропаганда дека сме среќни. Значи влеговме во систем кој е креиран за да богатите станат побогати а сиромасите повредни и поизовцани. Во овој систем ништо не е сигурно. Не е сигурно дали владата ќе владее утре, не е сигурно дали фабриките ќе работат утре ниту дали нашите работни места ќе останат ниту плата дали ќе имаме утре. Со еден збор џунгла. Систем креиран за да успеат најагресивните и бескрупулозни манипулатори кои ќе си а продадат душата за да бидат на врвот. Ако сте такви нема да дремете на форум, а ако изберете да не сте ќутете и трпете си го изборот да бидете овца која ќе ја стрижат. За жал повеќето тука сме овци и повеќето сме крајно немоќни тоа да го смениме. Затоа кога големите корпорации ќе решат да ти фрлат коска за да го соберат кајмакот кажете фала и живејте го изборот кој ви се наметнал. Гледам дека многу луѓе мрсат муда ова или она не чинело ама до сите вас шо мрчите да ве потсетам дека ако сакаш нешто одиш и си го зимаш газејќи по трупови или не се осмелуваш и мрчиш по форуми. Тоа е суровата вистина а ако не ви се свиѓа напрајте ме лом по цитати ама нема да смени ништо. Апсолутно ништо.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.100
Поени од реакции
21.748
Зошто одма со песимизам сакаш да нудиш производ на пазарот и да си свој газда или некој друг да менаџира наместо тебе и ти да бидеш ебана странка.

Ми го сфати муабетот нели затоа треба упорност се надевам и Балканските држави конечно ќе се обединат во некоја си Унија фајнали да имаме и ние некој ќар оптимизам братко.

.
Јас одсекогаш сум сакал ние како држава да имаме свое изворно производство, свој брендови кои би биле препознатливи и конкурентни на странските пазари. Тука не мислам на сорта на јагниња или некој тип на домати и краставици или некој рудник или фабрика која произведува некој метал кој се продава на кило.
Но тоа што јас сакам и реалноста се два различни света. Но во досегашната историја од 20 и кусур години испаѓа дека ние како држава не сме кадарни да се носиме со странската конкуренција скоро во никој поглед освен во неквалигикувана и ефтина работна снага и извезување на суров и полупроизвод. Како што реков освем една рака фирми кои имаат свое производство на готов финален производ и кој успешно извезуваат, се друго е повеќе или помалку онака како што опишав. Е тоа е реалноста. Не велам дека сме глуп народ но очигледно нешто ни фали. Дали претприемачки дух или добар квалификуван кадар( тука не мислам на секој кој има диплома, таков имаме за извоз) или нешто друго незнам. И дека тоа е така затоа ние ги молиме странските инвеститори да дојдат кај нас и да го искористат потенцијалот со кој ние располагаме во изобилиле а не тие нас. Затоа им даваме еден куп бенефиции , погодности и ред други работи. Да беше работата поинаква ние ке бевме инвеститори и нас ке не молеа да одиме во други држави како што е сега нашата да инвестираме таму и да им ја искористиме ефтината работна снага и ресурсите за беспари. Така да џабе се чукаме по градите како ние сме незнам што и незнам како, реалноста кажува друго, ни се допаѓало тоа нам или не. Џабе родителите и кажуваат на својата ќерка дека е таа најубаво чупе во градот и дека таа треба да ги бира удварачите како тикви кога во реалноста никој не ја смета женско камоли за убава, уште помалце помислува да има нешто сериозно со неа освем да ја легни за една вечер , што би рекле да се испразни и ја искористи. Во моментот искрено не ми текнуваше некоја подобра компарација за состојбите кај нас освем оваа, ама сепак мошне сликовито ја доловува реалноста.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
За обезвреднувњето на платите, трошоците и потрошувачката кошничка, нацртано е на многу едноставен начин. Ова е за оние кои не можеа да го разберат неколку страни наназад.

Секое семејство посиромашно за 5000 денари
Трошоците пораснале за 4.000, платите пониски за 600 денари
Од 2010 година досега трошоците за живот за едно четиричлено семејство пораснале за 4.100, додека просечната плата во истиот период се намалила за 600 денари. Ова значи дека секое семејство за 4 години е осиромашено за скоро 5.000 денари
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Се е тоа во ред, но што ние би произведувале и би биле способни тоа да го пласираме на надворешниот пазар. Една рака фирми сега засега го можат тоа и при тоа не мислам на суров и полупроизвод. Разликата со странските инвестиции е што тие веќе имаат пласман. Лесно е да се речи ајде ке отвориме фабрики наместо споменици како најчесто спомнувана фраза. Но што тие фабрики би произведувале и каде тоа би го пласирале. Колку сме кадарни да произведеме квалитетно се гледа по тоа што ние во пазарна економија ги изгубивме и тие пазари каде веќе бевме присутни за време на Југославија или ајде ке речам во социјализмот. И јас сум за изворно домашно производтво кое ке се пласира на надворешен пазар со што извозот би бил поголем од увозот, рецепт за богата држава. Арно ама само со Косово процентот ни е на наша страна, секаде на друго место сме далеку во минус.
Па луѓето се тие што треба да ги градат тие фабрики. Државата треба да биде за нив 24/7 за да им помогне уште повеќе да се развијат.

Кога ќе прашаш па што ние ќе произведуваме. Ќе ти речам тоа што сите останати земји го произведуваат ! Сите дишеме ист воздух, пиеме вода и јадеме храна. Само мозокот не ни е ист во споредба со останатите народи. За жал уште на Балканот се живее како во Социјализмот, се чека некој на народот нешто да му даде а он да седи дома и да чека. Многу касно ја правиме промената во капитализмот, работите не се такви какви што биле порано.

Ако пазарот е сменет, тогаш и македонските компании ќе мора да се сменат. Верувај ми ако иновативноста почнеме да ја развиваме има мал милион работи од кои што можеме да се збогатиме. Америка го војува целиот свет само за да прави бизнис со оружје, дрога и све остало. Ние уште толку поутепани сме , неголи од пред 20 години.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Драг Владе пријателе и Џокович или Моника Селеш кога биле мали и тренирале тенис никој не ги подржал или дал пари финансиска помош нивните родители знаеле дека спортот е работа со принципи и малку повеќе пари со труд дошле до она што се.

Значи Македончето без разлика дали е во АФРИКА прати ме сега или Мелбурн или на Марс ако знае да се снајде и да работи ќе дојде до посакуваната цел.

А целта покрај парите и успехот не е само да успее еден Македонец или Македонче како што ти го преставуваш не заборавај дека на планетава има околу цирка 20 милиони македонци значи не сме сами но сме духовно слаби и работно нема фраер кој можи да го подигне ова ниво после тоа ќе бидеме поуспешни.

Што мислиш ти дека Џобс или Гејтс се попаметни или се малку повеќе рационални и инвеститори.

Не ме зезај кај нас целиот Балкан е БУРЕ БАРУТ секој гледа да те хакира у се само да не дојдеш до посакуваната цел

Андон Дончев селекторот на Македонија имаше една изрека Македончето може да ти прости се ама успехот нема да ти го прости.

Кавки странски инвестиции кога немаме домашни.
 
Ај ти земи изгради фабрика? Не збораме за гаража туку за фабрика. Тоа се пари не заебанција.
Но ете и државата да речи ете една фабрика од мене поклон. Што таа ке призведува и каде ке се пласира тоа производство. Тоа е поголемата мака.
Ете чисто ме интересира што ти би произведувал во таа фабрика. Имаш пласман или допрва ке бараш. Имаш конкурентен производ или ке почнуваш од нула да го развиваш? Имаш стручен кадар или допрва ке треба да го обучуваш. И кој ке ти го обучува и каде?
Зошто на пример некој не се сети да отвори ливница за пластични делови и не им ги нуди на фирмите кои се веќе тука, овие за коли што се. Кој бил ги видел, обични пластични џекчиња се. Но дали некој помислил дали воопшто тие фирми ке ги купат од тебе тие џекчиња и зошто воопшто би ги купиле кога си имаат свој партнер со кој соработуваат веќе години и години. Зошто би си пикале трн во здрава нога. А се работи за обични пластични џекчиња кои се вадат од калап. Значи ништо посебно. Тек да се работи за нешто многу пософистицирано и поскапо. Така да не дека сум песимист но муабетот ми е дека не оди тоа туку така. Тука испаѓа како најголем проблем да е халата од фабриката, а уствари најголем проблем е пласманот. А ние рака насрце немаме некоја блескава историја во брендови и Made in Macedonia не значи ама баш ништо кај никого дури ни кај нас. За контраст Made in Germany одма те асоцира на нешто квалитетно па макар и првпат да слушаш за фирмата.
Остаја ти Америка. Ние со нив сме два различни света.[DOUBLEPOST=1399931486][/DOUBLEPOST]

Никаде во ниеден мој пост немам никој наречено Македонче во погрдна смисла на зборот. Тоа е како прво.
Како второ како што и нагласив претходно и јас сум да си бидиме соопствени газди а не измеќари на некој странски фирми.
И да Моника и Џоковиќ почнале како мали и по години и години вежбање станаја тоа што се денес. Ете утре да почнеме што мислиш колку време ке треба Made in Macedonia да има значење кај некој од Канада ( со исклучок на исселениците). Мислиш дека на некој му се чека додека ние градиме успешна и конкурентна економија, ако и воопшто успееме да изградиме.
И токму затоа дека немаме домашни. Зошто немаме? Зошто увозот ни е многукратно поголем од извозот.
А и тој извоз сега што го имаме што нарасна. Кој го прави. Домашните или странските компании. Тие демек решија ај тука ке правиме фабрика а за пласман ке му ја мислиме после?? Или ете интересна работа со ветерниците. Колку кошта таа ветерница парче. Имав и во друга тема многу оддамна за тоа пишувано. Зошто наместо да ги увезуваме како готова технологија, не почнавме сами од нула( ако можи да се речи од нула) да пробаме да ги произведеме, па макар и биле инфериорни спрема овие. Следните ке бидат подобри, следните после нив уште подобри. Муабетот ми беше секако бевме со намера да купуваме и ни требаја наводно. Наместо тие пари што ги дадовме во готова технологија ке си развиевме наша. Факултетите ке обучуваа стручен кадар, фабриките ке добиеа порачки или ке се направеше наменска за тоа. И уште колку сектори ке работеа на тој производ. По 10 години најверојатно ке имавме и стручен кадар со практично искуство и економски исплатлива ветерница. Ова само вака хипотетички што би било кога би било.
 
Абе Владо што мислиш ние во светот немаме кадри или луѓе во светски компании шо работат него тука не е проблемот до производството тука немаме пазар каде да продаваме се додека не се врати онаа старата Југославија во ЕКОНОМСКА форма јас сум пишувал за тоа многу порано можеш да го видиш интервјуто со Виктор Трифуновски како објаснува стратешки како се позиционира пазарот.

А пред да прозиведувам нешто ќе направам јас контакт ќе отидам до Русија да речеме или Јапонија мора да има нешто мајку му шо ќе помине како македонски производ.

Но главниот проблем е тука што колку и да си добар неможеш да тераш раат да си го поминеш животот достоинтвено или ќе лежиш затвор или ќе даваш мито на партии или ќе че бидеш полтрон или кодош тоа е послатка пара за жал.

Никој тука не го интересира како ќе биде после 20 години нема клима за производство или домашен производ тој е засенет од национализмот .

Во Македонија е подобро да си Кинез или Индиец .

И директен одговор за фабрики и големи проекти прво микро бизниси после големи проекти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom