Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Во една од т.н. најпрофитабилни фабрики во Македонија, Ронтис, просечната плата според Вечер е 230 евра, околу 14.000. Последниот оглас е од април за менаџер на производство со минимална плата од 20.000. Оваа година планирале зголемување на обртот од 8.5 на 12 милиони евра.
Во Велес „Ронтис“ отвора нови 100 работни места
Нов погон и 100 нови работни места во Велес отвора швајцарската фирма „Ронтис". Со ова ќе се зголеми досегашното производство на медицински помагала.

И едно инвестирање во видикот и здравјето. Според медиумот, надградбата чини повеќе од 11 милиони евра.
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Според медиумот, надградбата чини повеќе од 11 милиони евра.
Ронтис“ досега инвестираше 10 милиони евра, а новиот погон ќе ја зголеми оваа инвестицијата за уште половина милион евра.„

Значи со се новата инвестиција ќе достигне околу 10,5 милиони евра.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
ГЕРМАНСКИ „ODW ELEKTRIK“ ОД ЕСЕН СТАРТУВА СО ПРОИЗВОДСТВО ВО ОХРИД

Компанијата „ODW ELEKTRIK“ што ќе гради свој производствен комплекс во Охрид планира со производниот процес да стартува кон крајот на август или почетокот од септември оваа година.

Германската компанија што произведува електрични инсталации за познатите автомобилски брендови „Мерцедес“, „Порше“, „БМВ“ и „Фолсваген“, планира процесот да го стартува во постоечки производствен објект во Охрид, а подоцна производството да го префрли во целосно нов објект што би се градел во слободната економска зона, лоцирана во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

Според информациите од локалната самоуправа, на самиот почетокот во фирмата е предвидено да почнат да работат 30 лица. Претставници на менаџерскиот тим на германската компанија веќе спровеле интервју со потенцијалните кандидати за вработување. Првовработените е предвидено да заминат на обука во фабриката на „ODW ELEKTRIK“ во Украина, и тие ќе бидат идните едукатори за наредните вработени лица, чиј број се планира да биде некаде околу илјада.

Градоначалникот на Охрид оствари работна средба со еден од сопствениците и дел од менаџерскиот тим на компанијата, на која било разговарано за финалните подготовки и за евентуалната помош односно олеснувањата што Општина Охрид ги предвидува за инвеститорот.

- Наша грижа ќе биде да обезбедиме транспорт на работно ангажираните лица во вашата фирма. Навремено ќе биде изработена и планската документација за проширување на објектот за што сте во план. Остануваме на ветеното дека ќе ја олесниме соработката со Средното стручно училиште ОЕМУЦ „СВ. Наум Охридски“ за извршување пракса и едуцирање кадар за потребите на вашата компанија. Стоиме и на располагање за изведување на инфраструктурните работи околу изградба на објектот кој ќе го градите, истакна Бакрачески.
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C4A50A26F61EA448A252E1CCB4C6F410
[DOUBLEPOST=1400838195][/DOUBLEPOST]Еве нешто и од пред 10тина дена

Во Струга денес се отвори Месната индустрија Билјанови која инаку има шест генерациска традиција поврзана со месо и месни производи. Младиот Славе Билјаноски, тргајќи ги стереотипите настрана, наместо да замине во странство, тој со помош на поволните кредити кои ги обезбедува Владата на Р.Македонија, отвори своја фабрика за месни и сувомеснати производи.

И кога сите ми викаа да заминам во Скопје после завршувањето на мојот факултет или надвор од нашата земја, јас сепак решив да останам во Струга и да ја продолжам нашата шест генерациска традиција поврзана со месо и месни производи, благодарение на кредитот и поволностите кои ги дава Владата на РМ, ја отворивме оваа фабрика, вика младиот директор Славе Билјаноски.

- Пред скоро година и половина на ова парче земја поставивме камен темелник на фабриката за производство на месни и сувомесни производи. Особена финансиска помош за нас беше користењето на инвестиционен кредит за мали и средни претпријатија со повластена каматна стапка од државната Македонска банка за поддршка на развојот, вика младиот директор Славе Билјаноски на месната индустрија Билјанови Струга.

Со подостапен капитал нашите идеи можат да станат реалност, а ова секако ќе значи и подобрување на бизнис климата.

- Владата на Р. Македонија со своите заложби таму каде што на стопанствениците им е најпотребно, успеала и овој погон кој денеска е најдобар пример во потребите за обезбедување на ефикасни, достапни и со поволна камата прифатливи средства, рече пратеникот Антонио Милошовски.

Со отворање на нови 30 работни места ова е добар почеток на инвестициите кои се планирани во струшкиот регион.

- Ова само ќе биде позитивен чекор напред за она што се најавува како инвестициски бум во наредните години во Струга. Тоа ќе придонесе секако за развојот на економијата во Струга и намалувањето на невработеноста во овој регион, рече пратеничката Лилјана Затуровска.

Со отворањето на оваа месна индустрија во струшкиот регион ќе заживее целото сточарство на потегот од Прилеп до Дебар.
http://www.mrt.com.mk/node/8910[DOUBLEPOST=1400838325][/DOUBLEPOST]Почна изградбата на првата фабрика за биогас во Кичево
Во индустриската зона Иванидол-2 почна изградбата на првата фабрика за биогас во Кичево, приватна инвестиција на наш гастарбајтер во Швајцарија, од кичевското село Жубрино.

Новата фабрика ќе има дневен капацитет на преработка од 25 тони биоразградлив отпад, од кој преку системот за дигестори ќе се добиваат околу 3.000 кубни метри биогас на ден, кој може да се користи за различни цели. Биогасот и метанот ќе се согоруваат во гасната турбина, при што ќе се добиваат до 2.500 киловати електрична енергија на ден и до 1.500 киловати топлинска енергија.

Инвеститорот на оваа фабрика Фаик Шерифи во новоизградениот капацитет ќе вложи еден милион евра сопствени средства. Негова желба е искуствата од долгогодишната работа во Швајцарија да ги имплементира и на овие простори.

- Бидејќи сум 40 години во Швајцарија и таму имав можност да видам над 30 фабрики за биогас, одлучив нивните искуства да ги применам и во нашата земја. Со оваа фабрика може сите да добијат, бидејќи ќе произведува чиста енергија, а во исто време ќе бидат ангажирани поголем број лица - рече Фаик Шерифи, сопственикот на новата фабрика.

На свеченоста присуствуваше и Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево, кој истакна дека фабриката ќе го забрза развојот на градот.

- Новата фабрика е само првиот чекор кон сѐ позабрзаниот развој на Кичево и регионот. Придобивките од изградбата на овој капацитет ќе бидат како еколошки така и економски. Покрај тоа што ќе се вработат поголем број невработени лица, од оваа фабрика ќе добиваме чиста енергија, која како суровина ќе користи повеќе видови отпад - рече Дехари.

Новата фабрика ќе биде готова до крајот на септември.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52114750416&id=10&prilog=0&setIzdanie=23179[DOUBLEPOST=1400838515][/DOUBLEPOST]СВЕТСКАТА КОМПАНИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ РЕГУС ОТВОРИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Светската компанија за издавање и управување со недвижности Регус отвори фирма во Македонија. Станува збор за регионален бизнис центар преку кој компанијата влегува во Македонија и во регионот.

Фирмата е основана со паричен влог од 5.000 евра, а управител на фирмата е Пауло Хенрик Диас.

Регус груп е светски позната групација за издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг). Присутна е во над 100 земји во целиот свет, поседува 1.500 бизнис центри во над 600 градови. Има над еден милион корисници, меѓу кои и најголеми компании котирани од листата Fortune 500, како и многу старт-ап, мали и средни компании.
http://kapital.mk/MK/makedonija/98096/svetskata_kompanija_za_nedvizhnosti_regus_otvori_centar_vo_skopje.aspx
 
Последно уредено:
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Разумен компромис разумни отстапки, кој нормален ќе му се нафати на овој газда на агенција за вработувцање да му работи градежништво за 16,000 денари ?
кога дневницата во градежниство е од 1100 до 1900 денари
Гледам бараат шофери со бугарски пасош за работа во еу 25 евра дневница а газдиве со македонски пасош ако си плаќаат 45 50 еу па не ли е срамота бе повеќе од половина плата да ти ја земаат вакви паразити.

KРИЗАТА БАРА РАЗУМНИ ОТСТАПКИ

Газдата на домашна Агенција за привремени вработувања, минатата недела безуспешно барал тројца градежници за кои нудел нето-плата од 16.000 денари. За оваа работа не успеал да најде ниту еден работник и покрај тоа што тврди дека станувало збор за реномирана градежна компанија, која нема лошо искуство со неисплата на плата или барања работниците да работат без соодветна заштита и надвор од правилата.

Ова не е редок пример и покрај тоа што во земјава се регистрирани околу триста илјади невработени. Упатените, сепак, велат дека наоѓањето работа денес навистина е комбинација од вештини, снаодливост, но и среќа. Се тврди дека кога има голем број компании кои пропаѓаат, отпуштаат работници, вистинска добивка на лотарија е да се најде соодветна работа. И на глобално ниво, експертите за пазар на труд го нарекуваат процесот на барање работа во криза како излудувачки. Сепак, во нивните совети доминираат овие:
Не е време за пребирање
Барајте работа секогаш каде што има недостиг од кадар
Можете да се одлучите за сезонска работа, полесно се наоѓа
Бидете секогаш онлајн, со подготвено сиви

БЛАВО за владата блаво за вмбло ни ебаа мамата инвеститориве немаме кај да ги трошиме парите.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Ili ke gi kacat platite najmalku za 100% ili ke cekaat na starci pred penzija da rabotat po gradilistata.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

БЛАВО за владата блаво за вмбло ни ебаа мамата инвеститориве немаме кај да ги трошиме парите.
Е сега замислете сите вие кои критикувате а имате амбиција малку порелано да ги гледате работите) да треба да се расправате со луѓе кои од старт имат вакви ставови како цитираниот.
Незнам зошто е проблем да се разбере дека во држава со 40% невработеност треба одреден период да помине за да се достигне некој стандард. Прашајте ги постарите Германци колку заработувале кога ја дигале Германија од пепел. Само што за разлика од нас Германците работат и не паметуват вака требало онака требало, ако некој знаел подобро немаше да дојдеме до оваа дереџе. А за дереџето голем удел има и нашиот почитуван исполитизиран менталитет и љубомората.
На крај на сите оние што не им чини никој не ги тера на сила дај боже да се способни да заработат повеќе на некое друго место и дај боже да дојдеме до тој степен фирмите да мора да ги подобруваат условите и да ги покачуваат платите за воопшто да дојдат да им работат. Но за тоа треба време.
 
Момче не знам што ти е на тебе, зошто не можеш да сватиш што пишувам.
Во градежен сектор обичен работник за мешање малтер носење цигли редење прередување даски најмала дневница му е 1100 денари мајстори и палири земаат од 1800 до 3000 денари, и сега сакаш да каеш дека треба некој да иде да работи за 16 000 533 денари дневница ако работи 25 работни денови ?
Кога ако на некого му е дојдено до таква тешка физичка работа не му треба агенција на кое и градилиште да отидеш да прашаш ќе те примат одма, на сите градежни фирми им фалат работници,ни ќе го прашаат дали има искуство ни дали работел негде пред тоа туку одма ќе му рече пресоблакај се и почнувај.
Го боли курот градежникон дали фирмат мисли дека е реномирани и добростоечка фирма, парите му се битни никој не си го остава здравјето за безпари.
Кој е тој будала шо ќе му се нафати на оној од агенцијана да му работи за тие пари ?
Бараат шофери плаќаат 700/800 денари дневница
  1. Кое бе дигање од пепел што бладаш ? Кој не акна во пепел , овие сега што се на власт ни ебаа матер 2006/2007 плата во сектор дистрибуција беше од 16- 18.000 денари плус храна и превоз денес е 12/14000 без храна без превоз.
  2. комерција од +25 000 денари +процент денес во комерција ти е 15 000 + процент кој никако да ти го дадат.
Да јасен би ми бил муабетот за германија и дигање од пепел да имаше војна или сл овие сеуште права пепел сечат и горат.[DOUBLEPOST=1401296660][/DOUBLEPOST]
Ili ke gi kacat platite najmalku za 100% ili ke cekaat na starci pred penzija da rabotat po gradilistata.
Во сите сектори мораат да ги качат,сега работам во една македонска фирма работниците ги плаќа 18 000 денари не сум ни месец дена таму тројца дојдоа да работат седум души му избегаа.
И тоа прима луѓе на 50/55 години без никакво искуство нити основно познавање од работата, управителине што му се буквално вртат по телефони и молат луѓе да дојдат да работат.
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Да јасен би ми бил муабетот за германија и дигање од пепел да имаше војна или сл овие сеуште права пепел сечат и горат..
Со оглед на тоа каква приватизација имавме и колку народ остана без работа воедно се уништија и задругите и се она што вредеше и беше добра основа да се развие. Мислам дека на Македонија и се случи многу полоша работа од првата и вторта светска војна заедно гледано од економски аспект.
А тоа што го викаш градежен работник толку заработувал вамте тамте супер ако е така и ако во градежништвото можат да се запослат сите кои се без работа. Но очигледно е дека не е така и дека сеуште има повеќе од доволно луѓе кои работат под услови кои ги нуди Драксел Мајер. И уште еднаш ќе повторам НЕ Е СЈАЈНО и има многу простор за подобрување но сепак е подобро од никакво работење играње спортска по цел ден , вртење кутија цигари на маса и плукање по државата.
 
Еј слушај доста со тие муабети за криминални приватизации дрн дрн јариња, повеќето од тие што тогаш останаа без работа веќе и ги нема не се живи, ако има нешто криминално во приватизацијата имаа шанса да направат ревизија да конфискуваат криминално стекнат имот ти реков ми рече.
Ова денес не е последица на она од деведесетите не е последица на спомениците на транзицијата ова е директна последица од моменталнава неспособна владејачка гарнитура која што ја гласа јавна администрација и шиптаранана, да се согласувам со тебе од 2006 до 2014 за македонија е како да е 3 св војна не прва и втора заедно, затоа прекини да паламудиш молимте.
На крајот од краиштата секој има право да плука по ова гомно што го нарекуваат држава ова не е држава бе КЛОЗЕТСКА ДУПКА.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Гигантот Филип Морис влегува во Тутуснки Комбинат Прилеп и се најавува дека до крајот на годинава во Прилеп ќе отпочне производство на Марлборо!

Со среќа нека им е![DOUBLEPOST=1401610058][/DOUBLEPOST]
Еј слушај доста со тие муабети за криминални приватизации дрн дрн јариња, повеќето од тие што тогаш останаа без работа веќе и ги нема не се живи, ако има нешто криминално во приватизацијата имаа шанса да направат ревизија да конфискуваат криминално стекнат имот ти реков ми рече.
Ова денес не е последица на она од деведесетите не е последица на спомениците на транзицијата ова е директна последица од моменталнава неспособна владејачка гарнитура која што ја гласа јавна администрација и шиптаранана, да се согласувам со тебе од 2006 до 2014 за македонија е како да е 3 св војна не прва и втора заедно, затоа прекини да паламудиш молимте.
На крајот од краиштата секој има право да плука по ова гомно што го нарекуваат држава ова не е држава бе КЛОЗЕТСКА ДУПКА.
Со криминалната приватизација во 90-те (1993-1995 г.), кога државните претпријатија беа подарувани на директорите (наместени од тогашната партија на власт) , се уништиле 680 фабрики и 250.000 работници останаа без работа. Тоа беше катастрофа за македонската економија, пола од луѓето останаа невработени, а другата половина земаа плати на 3-4 месеци еднаш. Ова многу добро го осетија сите оние кои сега имаат 45 и повеќе години, а работеле во фирмите кои намерно се уништуваа преку презадолжување, во периодот од 1993 до 1997 година.

Не е можна ревизија на приватизацијата, зошто таа беше озаконета со катастрофални закони донесени 1993 г., 1994 г. и 1995 г.

Со криминалната приватизација се уништи македонската економија и индустриски капацитети, а без индустрија нема и никаков економскии развој.

Од 2007 г. наваму, почнува нов економски препород и повторна индустријализација на државава, со давање одлични бизнис услови на секој инвеститор, домашен или странски. Тоа е реалноста.
 
избегнувам да зборам за ова поготово што се живо се чита ама аман со таа тема приватизација. Со лаги. Во приватизацијата од осамостојувањето до 2005-2006 учествуваа сите, сите дигаа рака, сите имаа информации...
Ревизија потегнаа оваа година дури и во БиХ, хрватите и србите се во процес. Во Македонија во 2010 е даден предлог за ревизија, истиот е одбиен за во 2011 или 2012 да се даде предлог за ревизија од истите оние кои во 2010 го отфрлија. Како што реков на почетокот, не ми се пишува повеќе за оваа работа, гледам да ги ублажам информациите колку е можно ама доволно е, да не се лажеме.
 
Последно уредено:

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Германска компанија влегува во Македонија: Нови 500 работни места

Германската компанија „Техникал текстил“ ќе инвестира во Македонија. Со оваа нова инвестиција што вечерва ја најави сопственикот на компанијата, во првата фаза ќе се отворат од 500 до 600 работни места.

Станува збор за компанија која се занимава со производство на изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија.

Во првата фаза планирано е да бидат инвестирани 12 милиони евра, а фабриката во Македонија ќе биде лоцирана во технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Согласно планот, се очекува изградбата на фабриката да започне од август годинава.

Планираниот извоз во првата година ќе биде меѓу 20 и 30 милиони евра, но за две до три години се очекува негово зголемување.

- Ова е одлично место за нас. Давачките се ниски, има поволни услови за водење бизнис и квалификувана работна сила. Земјата е убава и луѓето се многу пријатни, изјави сопственикот Џенс Вандланд по средбата со премиерот Никола Груевски.

Македонија е избрана во конкуренција со голема слободна економска зона во Абу Даби.

- Компанијата ги разгледувала можностите за инвестирање во Абу Даби, но целиот процес на пример на издавање на градежна дозвола траел повеќе од две години. Случајно при патување, сопственикот на компанијата во економски магазин во Германија видел напис каде Македонија е споредена со други земји од гледна точка на даноците. Неколку дена подоцна дојде во Македонија и многу брзо му беа дадени сите потребни информации за инвестирање, истакна директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо.

Фабриката во Македонија ќе биде петта по ред по веќе постоечките во Германија, Словачка и Кина
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Една од причините за инвестициите кои влегуваат во последните години:

Некои држави во регионот вредно работеа кон создавање клима за инвестиции, целејќи да го ослободат потенцијалот на приватниот сектор. Македонија е една од врвните реформатори во отстранување на административните пречки за водење бизнис, истакна потпретседателката на Светската банка Лора Так, која денеска во Виена учествуваше на конференцијата за Западен Балкан.

http://netpress.com.mk/lora-tak-makedonija-e-megju-top-reformatorite/
[DOUBLEPOST=1401894094][/DOUBLEPOST]Објавен огласот за првите вработувања во „Маркард“
Среда, 04 Јуни 2014 16:31

Германската компанија „Маркард“ ги објави првите огласи за вработување. Фирмата бара пет лица – менаџери и тоа за финансии, производство, квалитет, човечки ресурси и логистика.

Огласите се достапни на интернет страната Вработување.мк. Таму заинтересираните лесно можат да се информираат за сите услови кои треба да се исполнат.

Ако се има во предвид забрзаната динамика на работа во индустриската зона Караслари, овие огласи се очекувани за велешани. Оваа инвестиција вредна 35 милиони евра е прва поголема странска инвестиција во Велес.

Фабриката би требало започне со производство во јуни наредната година, a како што беше најавено оваа фабрика ќе отвори околу 600 работни места.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/160530-Objaven-oglasot-za-prvite-vrabotuvanja-vo-Markard?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+kurir/makedonija+(Курир+-+Македонија)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom