Па луѓето се тие што треба да ги градат тие фабрики. Државата треба да биде за нив 24/7 за да им помогне уште повеќе да се развијат.
Кога ќе прашаш па што ние ќе произведуваме. Ќе ти речам тоа што сите останати земји го произведуваат ! Сите дишеме ист воздух, пиеме вода и јадеме храна. Само мозокот не ни е ист во споредба со останатите народи. За жал уште на Балканот се живее како во Социјализмот, се чека некој на народот нешто да му даде а он да седи дома и да чека. Многу касно ја правиме промената во капитализмот, работите не се такви какви што биле порано.
Ако пазарот е сменет, тогаш и македонските компании ќе мора да се сменат. Верувај ми ако иновативноста почнеме да ја развиваме има мал милион работи од кои што можеме да се збогатиме. Америка го војува целиот свет само за да прави бизнис со оружје, дрога и све остало. Ние уште толку поутепани сме , неголи од пред 20 години.
Ај ти земи изгради фабрика? Не збораме за гаража туку за фабрика. Тоа се пари не заебанција.
Но ете и државата да речи ете една фабрика од мене поклон. Што таа ке призведува и каде ке се пласира тоа производство. Тоа е поголемата мака.
Ете чисто ме интересира што ти би произведувал во таа фабрика. Имаш пласман или допрва ке бараш. Имаш конкурентен производ или ке почнуваш од нула да го развиваш? Имаш стручен кадар или допрва ке треба да го обучуваш. И кој ке ти го обучува и каде?
Зошто на пример некој не се сети да отвори ливница за пластични делови и не им ги нуди на фирмите кои се веќе тука, овие за коли што се. Кој бил ги видел, обични пластични џекчиња се. Но дали некој помислил дали воопшто тие фирми ке ги купат од тебе тие џекчиња и зошто воопшто би ги купиле кога си имаат свој партнер со кој соработуваат веќе години и години. Зошто би си пикале трн во здрава нога. А се работи за обични пластични џекчиња кои се вадат од калап. Значи ништо посебно. Тек да се работи за нешто многу пософистицирано и поскапо. Така да не дека сум песимист но муабетот ми е дека не оди тоа туку така. Тука испаѓа како најголем проблем да е халата од фабриката, а уствари најголем проблем е пласманот. А ние рака насрце немаме некоја блескава историја во брендови и Made in Macedonia не значи ама баш ништо кај никого дури ни кај нас. За контраст Made in Germany одма те асоцира на нешто квалитетно па макар и првпат да слушаш за фирмата.
Остаја ти Америка. Ние со нив сме два различни света.[DOUBLEPOST=1399931486][/DOUBLEPOST]
Драг Владе пријателе и Џокович или Моника Селеш кога биле мали и тренирале тенис никој не ги подржал или дал пари финансиска помош нивните родители знаеле дека спортот е работа со принципи и малку повеќе пари со труд дошле до она што се.
Значи Македончето без разлика дали е во АФРИКА прати ме сега или Мелбурн или на Марс ако знае да се снајде и да работи ќе дојде до посакуваната цел.
А целта покрај парите и успехот не е само да успее еден Македонец или Македонче како што ти го преставуваш не заборавај дека на планетава има околу цирка 20 милиони македонци значи не сме сами но сме духовно слаби и работно нема фраер кој можи да го подигне ова ниво после тоа ќе бидеме поуспешни.
Што мислиш ти дека Џобс или Гејтс се попаметни или се малку повеќе рационални и инвеститори.
Не ме зезај кај нас целиот Балкан е БУРЕ БАРУТ секој гледа да те хакира у се само да не дојдеш до посакуваната цел
Андон Дончев селекторот на Македонија имаше една изрека Македончето може да ти прости се ама успехот нема да ти го прости.
Кавки странски инвестиции кога немаме домашни.
Никаде во ниеден мој пост немам никој наречено Македонче во погрдна смисла на зборот. Тоа е како прво.
Како второ како што и нагласив претходно и јас сум да си бидиме соопствени газди а не измеќари на некој странски фирми.
И да Моника и Џоковиќ почнале како мали и по години и години вежбање станаја тоа што се денес. Ете утре да почнеме што мислиш колку време ке треба Made in Macedonia да има значење кај некој од Канада ( со исклучок на исселениците). Мислиш дека на некој му се чека додека ние градиме успешна и конкурентна економија, ако и воопшто успееме да изградиме.
И токму затоа дека немаме домашни. Зошто немаме? Зошто увозот ни е многукратно поголем од извозот.
А и тој извоз сега што го имаме што нарасна. Кој го прави. Домашните или странските компании. Тие демек решија ај тука ке правиме фабрика а за пласман ке му ја мислиме после?? Или ете интересна работа со ветерниците. Колку кошта таа ветерница парче. Имав и во друга тема многу оддамна за тоа пишувано. Зошто наместо да ги увезуваме како готова технологија, не почнавме сами од нула( ако можи да се речи од нула) да пробаме да ги произведеме, па макар и биле инфериорни спрема овие. Следните ке бидат подобри, следните после нив уште подобри. Муабетот ми беше секако бевме со намера да купуваме и ни требаја наводно. Наместо тие пари што ги дадовме во готова технологија ке си развиевме наша. Факултетите ке обучуваа стручен кадар, фабриките ке добиеа порачки или ке се направеше наменска за тоа. И уште колку сектори ке работеа на тој производ. По 10 години најверојатно ке имавме и стручен кадар со практично искуство и економски исплатлива ветерница. Ова само вака хипотетички што би било кога би било.