Свесен сум и дека последнава година вредноста на удделот е во генерално надолна линија, но токму овој кризен период е и идеален за инвестиции, така да штом начекам нагол пад на удделот, инвестирам. Штом помине 2012, полесно ќе се дише
Сепак, доколку целта ви е долгорочна (10-15-20 години), тогаш и покрај кризните периоди во инвестициските фондови излегува дека штедниот влог најмногу расте. Значи на краток рок ваквиот начин на шедење е ризичен, но на долг рок е одличен.
Незнам како, но слушајки ве тебе и останатите што инвестирате во ИФ....сепак успеваат овие од фондовите да ви го усадат ова во глава, бидејки го слушам по којзнае кој пат. Но никако не сум убеден во тоа. Сосема обратно го покажува времето. За 4 години Растечките на Илирика изгубија 44% (почнаа со цена од 100, сега се 56 Денари)... уделот на добар пат е да отиде и на половина! Тука некаде се и ЈИЕ (Југоисточна Европа).... Само во првата кризна година 2007 изгубива 32-33% од вредноста.... Таа година КД Фондови не работева, те почнава со работа следната.... инаку ќе ја доживееа истата судбина - погледни ја архивата на КД - БРИК Хрватска или Сковенија....таа година се со огромни падови, те загуби!
Најпрвин кога се појавија ИФ зборуваа за добивки по 3-4-5 години.... пред година две агитираа дека приходите се очекуваат за 6-7-8 години.... Ти сега велиш (а не ме чуди и овие од фондовите да го велат истото) за 10-15-20 години!.... Па добро, те прашувам: кој сериозно би инвестирал сега, за да има некаква добивка по 10 или 15 години? На крајот од краиштата кој го гарантира тоа, дека по 15 години ќе има добивка? НИКОЈ! И да се случи такво нешто по 15 години.... кој знае колку ќе изнесува реалната добивка тогаш?..... Ќе постои ли Европа, ќе постои ли Еврото по 15 или 20 години? Колку ќе вреди, те. колкава куповна моќ ќе има по 15 години? Претпоставувам знаеш дека и Еврото не е имуно на губење на вредноста!? Подложно е на инфлација и на губење на вредноста - во однос на храната, нафтата, енергенсите, ресурсите, водата, особено према златото, среброто, Јуанот, Доларот.... и тоа обратно пропорционално овие поскапуваат Еврото поевтинува.... Еве и под предпоставка на ЕУ да не и се појават во наредниот период; некоја нова Грција (еве гледаме повторно Грција), Ирска, Португалија.... и тн. и тн. и да претпоставиме дека Еврото ќе губи вредност како во своето *златно доба* цца 2-3% годишно! Ако просечно Еврото губи по 2,5% годишно тогаш за 15 години пријателе твоите (хипотетички) 10,000 Евра во КД Фондови станат 15,000, те 50% во плус, ти ќе бидеш само на свое! Земи дигитрон и сам провери:
1,025 Х 10,000 и удри 15 пати на рамно! И тоа во најдоброто сценарио! Јас би бил среќен кога со Еврото би било така долгорочно, бидејки нашиот Денар и економија се врзани за него.
Едно си во право: КД Фондови БРИК има многу подобри портофолио менаџери! Илирика се тотални лузери, почнувајки од Але.... па натаму до Ив.... дилетанти!