MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Она по што протестантите се идентични со атеитстие, можеме да го сведеме на фразата која ја кажа славниот, а сега веќе покоен Саган, кој „...нејќеше да верува, туку сакаше да знае...„. Така, протестаните го прифаќаат Писмото само рационално и есапџиски, онолку колку практично им одговара и само оној дел од учењето кој е чисто „теоретски„ и кој не ги обврзува на било какво продуховено делување па затоа им е многу лесно да извадат цитат и да речат, „..да, тоа е така, оти така пишува...„, но од учењето и од делувањето од Црквата, повеќе е од јасно дека нас не не’ спасува знаењето, туку верата и делата, и не не’ спасува тоа што сакаме се’ да знаеме и дознаеме до детаљ, туку не’ спасуваат светотаинското делување на Црквата, кое за верните е практична непознаница и навлегува во сферата на Божјото делување на Земјава.
А тоа што протестантите немаат одговор за временскиот јаз од 1 300 г., е помал проблем, оти немаат одговор ниту на прашања кои ним им се реално блиски, а не временски далечни, а тоа пак ги прави послични со атеистите, кои повеќе (сакаат да) знаат за еволуционите процеси кои ѓоамити се случиле пред 5 милј. години, а не го гледаат тоа што им се случува под носот.