Еден куп муслимани живеат во срцето на Европа-Париз, па оди иди види ги како живеат.Турција не е само Истанбул, а ако не ми веруваш земи карта и оди во Виена.
Научи да разликуваш конзерватизам и примитивизам.Има огромна разлика.Евреите се меѓу најучените и најобразованите луѓе, а се крајно конзервативни.Тие да размислуваа поинаку, да имаа шљам како што имаат Македонците, пола младина да им е уфилмана со либерализам, комунизам, анархизам , сите за еден, еден за сите, никогаш не би биле тоа што се денес.Никогаш!
Е сега ја опраи работата, на едно место стави и баби и жаби и се .......... Либерализмот е начин на живот пред се кој е диктиран од моменталниот ни систем Капитализам(кај нас увезен и наметнат од запад), а Комунизми/Анархизми такви утопии и бљувотини немаат врска со темава ............... Либерализмот и Демократијата се пред се западни-Капиталистички придобивки(е сега добри или лоши...) ........... Либерализмот е повеќе начин на живот и нема врска со некаква политичка идеологија/бекграунд, ниту пак конкретно со некој политичко-општествен систем, иако Либерализмот и Демократијата се најмногу приврзани со Капитализмот !
Инаку токму во Капитализмот, Либерализмот и Демократијата е најизразена индивидуалноста/индивидуализмот кај човекот, така да нема врска денеска тоа: еден за сите, сите за еден(умре тоа време), секој си тера и нека си тера по свое, Демократија на дело, секако никој да не ја нарушува слободата и Демократијата на другите ........... тоа: еден за сите, сите за еден повеќе важи за Конзервативците, отколку за Либералите !
Инаку исто така и Комунистите(прави) се конзервативни, не се многу либерални и демократски настроени, така да споредувањето и компарирањето на Либерализам со Комунизам е навистина смешно пред се !
Е сега тие сликите што си ги постирал за Париз, тие забулените не се Турчинки, Турчинките не се толку темно, посветли се(слични ко нас), во Париз и општо во Франција нема Турци и Курди, туку има Арапи(пред се од северна Африка, но и од блискиот и среден исток) ............... а штом се однесува до наталитетот во Турција да сеуште е висок, но не како порано, а и тој наталитет знаеш ли кои го држат, секако дека не модерните секуларни Турци, туку Турците кои живеат во руралните внатрешни предели на Турција, Курдите исто така имаат висок наталитет дури и повисок од наталитетот кај Турците, а Арапите имаат далеку поголем наталитет од Турците, а тука да ги ставиме и Персијците(Иранците), Пакистан, Авганистан, како и Индија, па и ЈИ Азија и.т.н.
Наталитетот гледан на планетарно ниво всушност расте во поголемиот дел од светот, освен во Северна Америка, Австралија, Европа, Русија, Кина, Јапонија и.т.н. Русите паднаа од 150 милиони на 142 милиони за две децении, Кинезите поради политиката на едно дете стагнираат веќе подолг временски период(1.3-1.4 милијарди), Јапонците исто така стагнираат повеќе децении на околу 125 милиони жители .... највисок наталитет имаат централна и јужна Америка, Африка, делови од Азија ........... додека пак во Европа единствено позитивен природен прираст има во Реп.Ирска ............... а и на Балканот веќе никаде не расте наталитетот, на последните пописи може да се примети дека сите балкански земји имаат помалку жители денеска отколку пред деценија две, па дури и населението е намалено и во Албанија, Косово, Босна... причините се намалениот природен прираст, високиот морталитет(старо население) и секако масовните иселувања на Балканците кон западните земји во последниве две децении !