а ти веруваш во тоа дека „нешто ке се деси“ ?
Проблемот е во тоа што овие се качиле на планината за да ги чекаат вонземјаните кои ќе дошле да ги спасат... Ти навистина мислиш дека вонземјани ќе дојдат да ги спасуваат? Доколку се случи нешто и ако гинат 7 милијарди луѓе верувај ќе загинат и тие.
Јас само реков да замислите, значи да се запрашате во себе колку глупо би било тоа, тие 20 000 кои биле сметани за лудаци, подоцна да се докаже дека тие биле единствените што биле нормални меѓу лудите.
Како беше онаа мисла на еден познат човек, не ми текнува сега точно кој беше: -Кога сите околу тебе се луди, а само ти си нормален, тогаш ти си тој што е луд.
Не дека и јас верувам во ова што овие на планинава веруваат, или пак да кажувам дека тие се во право, но се нервирам што секогаш оние кои ке размислуваат "надвор од кутијата" се автоматски осудени,понижени, навредувани и многу често таа осуда од мнозината го намалувала развојот на целото човештво низ годините. Во минатото многу интелигентни умови, научници, кои биле осудени од мнозината за вештери, шпиуни, врачари, како сакате наречете ги, биле убиени или нивното дело и насока на размислување и творење била уништена,а можеле уште многу работи да пронајдат и да придонесат во развојот на човештвото, само ради тоа што мнозината била слепа, глупа и крута кон различните размислувања.
Од различното не треба да се плашиме или уште полошо од старт да го гледаме со некаков скептицизам, треба да го истражиме, затоа што тоа е нова шанса за ново искуство.
Ете ако не се во право луѓето, ке си се симнат на 22ри, посрамени и од тоа ке научат дека не треба да носат такви бесмислени одлуки во иднината. Тоа се вика учење од грешките. Не е проблем ако некој направи грешка, проблем е ако не научи ништо од тоа.
Според мене, малку пологично би требало да размислуваат тие 20000, и да си поставуваат малку повеќе прашања во главата, како на пример: Зошто некој многу поинтелигентни суштества од нас, кои дошле на планетава најверојатно да ја истражат и да комуницираат со нас, би не спасиле само нас 20 000 луѓе баш поради тоа што стоиме на овој врв, на оваа планина? Зарем оваа планина е еден вид на нивна единствена станица, нешто како нашите автобуски станици, оваа да им биде единствена станица кај што ке слетаат? Зошто ако веќе спасуваат, да не спасат некое племе од Африка на пример, што сме ните позаслужни од нив за да бидеме спасени, бидејки ова нема никаква врска со религијата, вонземјани и религија....некако не иде. Дали таа светлина што ја виделе на врвот од таа планина е воопшто вонземска или земска, наша, некој проект за развој на нова технологија кој сеуште е држен во тајност од јавноста поради некои интереси на некоја влада? Што би можело да се случи на 21ви,ако веќе нешто решило да се случува? Ако е поплава, како ке надојде, тивко со споро надоаѓање на водата од морињата кон копното или како некое големо цунами? Ако е цунами, колку високо ке биде? А што ако тоа нешто што треба да се случи, да се случи преку намалување или зголемување на температурите? Што ако температурата е -100 или па +100 степени, што ке се прави во тој случај? И вакви прашања можам да пишувам уште 2-3 дена и никој да не знае да ги одговори точно, према тоа, мислам дека премногу наивно постапиле тие 20 000. Немам ништо против тие што престојуваат таму, и што имаат идеи различни од мнозината, но мојот разум ми вели дека нивното размислување нема никаква логика, смисла. Инаку верувам дека доаѓа период на големи промени, во смисла на свеста на човекот, промена на целиот општествен систем по кој сите ние функционираме. Мислам дека човекот ке почне повеќе да размислува како да е дел од една целина на сложен склоп на планетата и универзумот, и малку повеќе ке размислува за заедничкото, за зачувување на природата, за отттргнување на националните, расни, и верски разлики... едноставно човештвото ке размислува за обединување, наместо за разединување како што досега размислуваше.
Не ја отфрлам можноста за природни непогоди, бидејки доколку ја гледаме планетата земја, како еден организам или како човек, ние луѓето сме вирусот во телото на планетата и кај и да е таа ке го најде антивирусот за да се излечи, така да, дали тоа ке биде преку поплави, урагани, соларни бури, промена на полови, земјотреси и сл, не знам, но нешто ке се деси, за да се направи некаков баланс.