Илјадници луѓе на Бугар Планина чекаат да бидат спасени од вонземјаните на 21-ви декември

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А замисли да се случи нешто на 21ви, ние како група од 7 милијарди жители на планетава, нема ни да дочекаме да се засрамиме, спрема оние 20 000 што размислуваат различно од сите.Кои глуперди ке испаднеме нели? :)
Замисли ги после како тријат рачиња, у стил : Ви реков!
Ова мора не некој бугар да му текнало нека проверат корења :))
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Замисли ги после како тријат рачиња, у стил : Ви реков!
Ова мора не некој бугар да му текнало нека проверат корења :))
Има нешто,нели е избрана Пик де Бугараш планина, или вонземјаните се бугари (тоа што си го мисли секој бугар), или водачот на лудациве им е бугар-преварант (што го мисли цел свет). :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А замисли ништо не се деси, како што никад не се десило во последниве илјадници години при кои се предвидувале многубројни апокалипси од кои ниту една не се десила:LOL:
Законот на големите броеви вели дека со секое промашено апокалиптично предвидување се зголемуваат шансите следното да биде точно...

:ептенevilface:
 
K

kalimer0

Гостин
Која трагедија ќе биде од цел свет само на таа планина да се случи нешто па да изгинат сите :facepalm:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Избришете ја темава кај нас има ненормални ќе почнат на Водно да се качуваат, после ќе треба да го праќаат Хавиер Солана да преговара да се симнат од таму.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
а ти веруваш во тоа дека „нешто ке се деси“ ?
Проблемот е во тоа што овие се качиле на планината за да ги чекаат вонземјаните кои ќе дошле да ги спасат... Ти навистина мислиш дека вонземјани ќе дојдат да ги спасуваат? Доколку се случи нешто и ако гинат 7 милијарди луѓе верувај ќе загинат и тие.
Јас само реков да замислите, значи да се запрашате во себе колку глупо би било тоа, тие 20 000 кои биле сметани за лудаци, подоцна да се докаже дека тие биле единствените што биле нормални меѓу лудите.
Како беше онаа мисла на еден познат човек, не ми текнува сега точно кој беше: -Кога сите околу тебе се луди, а само ти си нормален, тогаш ти си тој што е луд.
Не дека и јас верувам во ова што овие на планинава веруваат, или пак да кажувам дека тие се во право, но се нервирам што секогаш оние кои ке размислуваат "надвор од кутијата" се автоматски осудени,понижени, навредувани и многу често таа осуда од мнозината го намалувала развојот на целото човештво низ годините. Во минатото многу интелигентни умови, научници, кои биле осудени од мнозината за вештери, шпиуни, врачари, како сакате наречете ги, биле убиени или нивното дело и насока на размислување и творење била уништена,а можеле уште многу работи да пронајдат и да придонесат во развојот на човештвото, само ради тоа што мнозината била слепа, глупа и крута кон различните размислувања.
Од различното не треба да се плашиме или уште полошо од старт да го гледаме со некаков скептицизам, треба да го истражиме, затоа што тоа е нова шанса за ново искуство.
Ете ако не се во право луѓето, ке си се симнат на 22ри, посрамени и од тоа ке научат дека не треба да носат такви бесмислени одлуки во иднината. Тоа се вика учење од грешките. Не е проблем ако некој направи грешка, проблем е ако не научи ништо од тоа.
Според мене, малку пологично би требало да размислуваат тие 20000, и да си поставуваат малку повеќе прашања во главата, како на пример: Зошто некој многу поинтелигентни суштества од нас, кои дошле на планетава најверојатно да ја истражат и да комуницираат со нас, би не спасиле само нас 20 000 луѓе баш поради тоа што стоиме на овој врв, на оваа планина? Зарем оваа планина е еден вид на нивна единствена станица, нешто како нашите автобуски станици, оваа да им биде единствена станица кај што ке слетаат? Зошто ако веќе спасуваат, да не спасат некое племе од Африка на пример, што сме ните позаслужни од нив за да бидеме спасени, бидејки ова нема никаква врска со религијата, вонземјани и религија....некако не иде. Дали таа светлина што ја виделе на врвот од таа планина е воопшто вонземска или земска, наша, некој проект за развој на нова технологија кој сеуште е држен во тајност од јавноста поради некои интереси на некоја влада? Што би можело да се случи на 21ви,ако веќе нешто решило да се случува? Ако е поплава, како ке надојде, тивко со споро надоаѓање на водата од морињата кон копното или како некое големо цунами? Ако е цунами, колку високо ке биде? А што ако тоа нешто што треба да се случи, да се случи преку намалување или зголемување на температурите? Што ако температурата е -100 или па +100 степени, што ке се прави во тој случај? И вакви прашања можам да пишувам уште 2-3 дена и никој да не знае да ги одговори точно, према тоа, мислам дека премногу наивно постапиле тие 20 000. Немам ништо против тие што престојуваат таму, и што имаат идеи различни од мнозината, но мојот разум ми вели дека нивното размислување нема никаква логика, смисла. Инаку верувам дека доаѓа период на големи промени, во смисла на свеста на човекот, промена на целиот општествен систем по кој сите ние функционираме. Мислам дека човекот ке почне повеќе да размислува како да е дел од една целина на сложен склоп на планетата и универзумот, и малку повеќе ке размислува за заедничкото, за зачувување на природата, за отттргнување на националните, расни, и верски разлики... едноставно човештвото ке размислува за обединување, наместо за разединување како што досега размислуваше.
Не ја отфрлам можноста за природни непогоди, бидејки доколку ја гледаме планетата земја, како еден организам или како човек, ние луѓето сме вирусот во телото на планетата и кај и да е таа ке го најде антивирусот за да се излечи, така да, дали тоа ке биде преку поплави, урагани, соларни бури, промена на полови, земјотреси и сл, не знам, но нешто ке се деси, за да се направи некаков баланс.
 
D

Daedalus

Гостин
Законот на големите броеви вели дека со секое промашено апокалиптично предвидување се зголемуваат шансите следното да биде точно...

:ептенevilface:
Законот на големите броеви исто така вика дека Ако особа А верува дека ќе дојде апокалипса на 21. 12. 2012, дури и да дојде апокалипса на 21.12.2012, шансата особата да го знаела тоа претходно без при тоа да има валидна евиденција е премала со оглед на тоа дека многу претходни апокалиптични предвидувања биле неточни и дека коинцидентно може феноменот на апокалипсата да не биде поврзан со предвидувањето.

Од друга страна не. Повторувањето на едно предвидување, се додека не е поврзано со феноменот сам по себе не игра никаква улога во одвивањето на феноменот. Законот на големите броеви важи за феномени кои постои шанса да се ефекти на одреден фактор кој влијаел истите да се случат. Ако повториш 20 000 пати дека ќе се случи апокалипса, шансата да се случи истата не е поврзана со твоето повторување. Што значи дека со секое ново повторување, ти не ја зголемуваш шансата за тој феномен да се случи. Тоа е во најмала рака апофенија. Законот на големите броеви повеќе се однесува на можноста инцидентно одредена последица да се случи истовремено со некое дејствие, кадешто тоа е резултат на коинциденција а не на вистинска релација причинител-последица.
Законот на големите броеви најчесто се употребува за пресметување на варијабилноста на резултати која се добива од повторување на еден исти експеримент повеќе пати за при тоа да се најде некоја си златна средина.
 
K

kalimer0

Гостин
Да им го ебам јас календарот на Маите еве јас ќе им го продолжам, после 21.12.12 доаѓа 22.12.12 т.е уште 9 дена и Нова Година. Ајмо следно предвидување на апокалипса?
--- надополнето: 17 септември 2012 во 00:45 ---
и ги молам лудаците да се симнат од тој бугарошот
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Да им го ебам јас календарот на Маите еве јас ќе им го продолжам, после 21.12.12 доаѓа 22.12.12 т.е уште 9 дена и Нова Година. Ајмо следно предвидување на апокалипса?
--- надополнето: 17 септември 2012 во 00:45 ---
и ги молам лудаците да се симнат од тој бугарошот
Не збори без врска така. Календарот на Маите нема врска со глупостите што се прават.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.656
Поени од реакции
11.787
Како нема врска? Кој го предвиде тогаш овој датум како суден ден?
Немаат врска Маите со ова. Тие предвиделе дека на 21 Декември 2012 е последен ден од некаков си циклус. Што и како не знам ама мислам дека на тој ден завршува патот на сончевиот систем околу центарот на нашата галаксија или пак патот на нашата галаксија околу вселената така нешто. Тоа што некои предвидеа крај на светот врз основа на тој датум нема врска со Маите.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
:icon_lol:(y)

Не знам што воопшто коментираме после овој пост на "темава", ама ај да не кршам атер.

Колку за споредба побарајте на нетов за Heaven's Gate cult и нивниот сличен "подвиг" од 1997 г.

Накратко, си смислиле луѓето дека при доближувањето на една комета кон земјината топка наводно зад неа имало скриен вселенски брод којшто нив "избраните" ќе ги ослободи од нивните земски "контејнери" (демек телата) и ќе ги поведе кон "рајот".

И така 39 души облечени во темна облека и најки патики си испиле отров помешан со вотка, легнале по кревети и си умреле.

Најсмешен детал било тоа што сите уредно во џебовите си имале возачки дозволи и пасоши!!! :ROFLMAO:

http://www.history.com/this-day-in-history/heavens-gate-cult-members-found-dead


Или на пример побарајте за The Jonestown Massacre.

Накратко 912 луѓе, членови на култ извршиле самоубиство (во некои случаи и со асистенција од "по-упатените") во еден камп во јужна Америка во 1978 г.

http://www.culteducation.com/jonestown.html


Еве тука има нешто да се читне за некои слични што не го дочекале "крајот на светот" на од нив или од нивните лидери одредените датуми, а така сесрдно го поддржувале и ширеле своето уверување во своите средини.

http://www.religiondispatches.org/archive/atheologies/5983/a_year_after_the_non-apocalypse:_where_are_they_now/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom