Илуминати

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.624
Поени од реакции
11.657
Конечно да дојде времето и некој да почне да открива работи за целото човештво. Да нема повеќе тајни организации, иницијации, симболи и се останато скриено од профаните и нивниот страв.
Одлично.

П.С. Илуминатите од Баварија велат дека истата идеја ја имале на ум.
 
B

Bafra

Гостин

А која вистина ќе се открива :toe:
Ти на пример ако ја гледаш бројката 6 од горе а LordDragonII од доле различно ќе кажувате кој број гледате а двајцата ќе бидете во право т.е ќе ја кажувате вистината гледана од ваша страна :D
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Секој е во право на свој начин, без разлика колку е тоа исправно и во хармонија со вистинските вредности, згрешив што напишав нешто што испровоцира фронт.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.624
Поени од реакции
11.657
Секој е во право на свој начин, без разлика колку е тоа исправно и во хармонија со вистинските вредности, згрешив што напишав нешто што испровоцира фронт.
Згреши што пишуваш за работи кои не ги истражуваш и со кои си се запознал само преку кратки есеи од овој или оној автор што дал свое мнение за некоја работа...
Друго, згреши што мешаш Телема со Илуминати. Има тема за тоа, не е муабетот за тука.
Но ги мешаш работите заради она што го кажав погоре...
Седни истражувај ако те интересира и давај коментари колку сакаш, ќе бидат 1000 патаи подобри од ова што ти го напиша претходно...
Не знам, сите се сатанисти биди атеист(христијанин, муслиман)?
Навистина не знам зошто му смета на некој што некој друг сака да владее со светот, а тие не сакаат или не можат :)
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Не знам, сите се сатанисти биди атеист(христијанин, муслиман)?
Навистина не знам зошто му смета на некој што некој друг сака да владее со светот, а тие не сакаат или не можат :)
За ова си во право, човекот секогаш добива тоа што посакува и се додека работи на тоа. Универзумот ќе работи СО тебе, ама не за тебе.
Но и робот секогаш ќе го победи својот господар, се разбира ако се чуствува како роб :D

Муабетот беше вистината и нејзино откривање, за некој Илуминатите се лошите, за некој се најдоброто што му се случило на човештвото. Како и да е човештвото во глобала иде надоле мморално, а технолошки напредува но со технологија која и штети на планетата.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Како и да е човештвото во глобала иде надоле мморално, а технолошки напредува но со технологија која и штети на планетата.
Моралот е последица од општествено прифатените норми и правила а не нешто вродено и независно од општеството. Тоа што за некој е ,,морално" за друг може да биде ,,неморално". Кога субјективните категории се ставаат како репер за објективност, резултатот секогаш е конфликт. Тоа најдобро се гледа во фундаменталистичките општества каде секој што отстапува од нормата е предмет на осуда и казна. Што се однесува до технологијата, таа сама по себе ниту штети ниту користи, таа е само алатка, како ќе ја искористиш зависи од тебе, т.е зависи од погледот на светот што го имаш. Ако веруваш дека светот е создаден за тебе, и дека твоите акти не допринесуваат за судбината на истиот, може да направиш штета. Ако веруваш дека ти си дел од природата и дека твоите акти не те допираат само тебе како поединец туку целиот свет, тогаш технологијата може само да ти помогне да создадеш подобар свет.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.624
Поени од реакции
11.657
Муабетот беше вистината и нејзино откривање, за некој Илуминатите се лошите, за некој се најдоброто што му се случило на човештвото. Како и да е човештвото во глобала иде надоле мморално, а технолошки напредува но со технологија која и штети на планетата.
Премногу лесно коментирате за моралот и за технологијата...
Тоа се дискутабилни теми и немаат директна врска со Илуминатите.
Многу малку е дадено за човекот што брза низ животот да знае и за технологија и за морал.
Ако се држиме до старото време, философиите на старите религии и учења и нивниот морал - да, денес се е неморално според нивната догма!
Но животот не подлегнува на догма...

Но тоа „неморално“ е слободата што Ви недостасуваше, а која не можете да научите да ја живеете како што треба, како вистински луѓе, туку ја вулгаризирате како робови и од неа правите неморалност!

Сакавте жената да биде слободна, добивте. Се разголи, веднаш со прст покажавте кон неа... кој е крив? Жената или вашето неразбирање на слободата на другиот?

Ваша кривица е што се заморувате со моралноста изедначувајќи ја со минати учења... не е ниту на илуминати ниту на било кој друг!
 
B

Bafra

Гостин
Хептаграм XI последниов пост звучи како да си од друга планета и дека нешто сте ни дале. Па уште слобода :eek:
Би ти рекол благодарам но доколку Ти директно дожиевееше просветлување. Убаво вака што како следбник на некој друг што добил "просветлување" си даваш до важност дека се разликуваш од "стадото" и дека припаѓате на некоја специјална група. :cuc:

Во сегашново општество се пропагира и подржува Неморалот во секој облик а врска технологијата Walter Russell, Viktor Schauerger, Nikola Tesla и остали нивните пронајдоци и принципи ниту се изучуваат ниту се форсираат ниту се применуваат во широката потрошувачка. Да кажеш дека атомските централи, ккористењето на јаглегнот и нафтата, сечењето шуми, менувањето на текот на реките нема влијание на планетата е во најмала рака несериозно.
Место имплозија се форсира експлозија, наместо центрипетално е центрифугално, итн итн

Врска Илуминатите да се потстетиме на Bill Cooper, доволно е првите 4 минути да се слушнат и сфатат.

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.624
Поени од реакции
11.657
Последниот пост не го разбра ти воопшто но мораше да одговориш нешто бидејќи те здоболи тоа што го напишав бидејќи е трулата реалност, па се зафати со моето просветлување, што и да ти значи тоа „просветлување“ тебе.
Никаде не реков дека јас сум ти дал било што ниту пак дека некој ти дал на тацна исто така било што...
Туѓа крв за да од тебе направи било што, не бидува и е лага.
Туѓа иницијација, просветлување и знаење не се твои, се сложувам, тоа е самостојна патека по која се оди сам, како и што се умира сам!

Јас не сум следбеник, за среќа не сум дел од стариот еон на умирачките богови.
Ако ти братот Пердурабо(знаеш кој е нели?) го креваш до облаци и мислиш дека има следбеници, тоа е твој проблем за неразбирање кој сум јас и каде припаѓам или пак имаш наум да ме дискредитираш на ваков, не можам да најдам збор, начин?

И да, се разликувам од стадото... извини да не треба да кажам? Неморално е да се разликувам од стадото? :)

Реков: неморалот нема врска со Илуминати. Не постои неморал. Постојат робови кои не можат понатаму и мора постојано да влечат наназад. Но наназад не може...

Да не се повторувам со прераскажувања:

Но тоа „неморално“ е слободата што Ви недостасуваше, а која не можете да научите да ја живеете како што треба, како вистински луѓе, туку ја вулгаризирате како робови и од неа правите неморалност!

Сакавте жената да биде слободна, добивте. Се разголи, веднаш со прст покажавте кон неа... кој е крив? Жената или вашето неразбирање на слободата на другиот?“

Сепак слободата има врска со Илуминатите од Баварија.

Сето ова со видеава се New Age документарки кои суптилно ти ја водат мислата да дојдеш до заклучок кој што е во полза на оние кои го креираат документарецот. Немој...
Намали со документраци... секако не мислам да ги гледам.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Некој си ја има мувата на капата само тоа че го ви кажувам...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.624
Поени од реакции
11.657
Ете што вели создавачот на системот на Илуминати во Баварија:

„Whoever does not close his ear to the lamentations of the miserable, nor his heart to gentle pity;
whoever is the friend and brother of the unfortunate;
whoever has a heart capable of love and friendship;
whoever is steadfast in adversity, unwearied in the carrying out of whatever has been once engaged in, undaunted in the overcoming of difficulties;
whoever does not mock and despise the weak;
whose soul is susceptible of conceiving great designs, desirous of rising superior to all base motives, and of distinguishing himself by deeds of benevolence;
whoever shuns idleness;
whoever considers no knowledge as unessential which he may have the opportunity of acquiring, regarding the knowledge of mankind as his chief study;
whoever, when truth and virtue are in question, despising the approbation of the multitude, is sufficiently courageous to follow the dictates of his own heart, - such a one is a proper candidate."

--- An Improved System of the Illuminati, Adam Weishaupt, 1787

И сега, ќе зборуваме како Илуминатите се уништија со неморал и дивјаштво бидејќи некому му чини стариот систем...
 
B

Bafra

Гостин
Последниот пост не го разбра ти воопшто но мораше да одговориш нешто бидејќи те здоболи тоа што го напишав бидејќи е трулата реалност, па се зафати со моето просветлување, што и да ти значи тоа „просветлување“ тебе.
Никаде не реков дека јас сум ти дал било што ниту пак дека некој ти дал на тацна исто така било што...
Туѓа крв за да од тебе направи било што, не бидува и е лага.
Туѓа иницијација, просветлување и знаење не се твои, се сложувам, тоа е самостојна патека по која се оди сам, како и што се умира сам!

Јас не сум следбеник, за среќа не сум дел од стариот еон на умирачките богови.
Ако ти братот Пердурабо(знаеш кој е нели?) го креваш до облаци и мислиш дека има следбеници, тоа е твој проблем за неразбирање кој сум јас и каде припаѓам или пак имаш наум да ме дискредитираш на ваков, не можам да најдам збор, начин?

И да, се разликувам од стадото... извини да не треба да кажам? Неморално е да се разликувам од стадото? :)

Реков: неморалот нема врска со Илуминати. Не постои неморал. Постојат робови кои не можат понатаму и мора постојано да влечат наназад. Но наназад не може...

Да не се повторувам со прераскажувања:

Но тоа „неморално“ е слободата што Ви недостасуваше, а која не можете да научите да ја живеете како што треба, како вистински луѓе, туку ја вулгаризирате како робови и од неа правите неморалност!

Сакавте жената да биде слободна, добивте. Се разголи, веднаш со прст покажавте кон неа... кој е крив? Жената или вашето неразбирање на слободата на другиот?“

Сепак слободата има врска со Илуминатите од Баварија.

Сето ова со видеава се New Age документарки кои суптилно ти ја водат мислата да дојдеш до заклучок кој што е во полза на оние кои го креираат документарецот. Немој...
Намали со документраци... секако не мислам да ги гледам.
Ниту сакав да те дискредитирам ниту имам намера. Твој си е изборот, твој си е животот. Јас само кажав ти гледаш 6ка јас 9ка. Секој со својот избор. Ама ако некој каже дека е 9ка ти одма го напаѓаш дека е неук дека само вашето е вистинското.

Тоа што го напиша во претходниот пост неможе да ме заболе, оти за мене тоа не е целата вистина. Туку мал дел од вистината, умешно обликувана за да замачкате вистинските намери.

Видеата не се за тебе, туку за другите членови, човек мора многу работи да прочита и слушне за да може свесно да направи селекција што е логично прифатливо за него.Изборот е личен. Така се созрева.

Јас после неколку години налетав на Кроули и не ми беше јасен, но после случајно дојдов до Walter Russell (и жена му Lao) кој е паралела на Кроули. само што е дете на светлината :love:
Има добиено разни научни признанија и откритија кои може да му помогнат на човештвото, а и се што напишал е кристално јасно и едноставно..
Никола Тесла му рекол дека човештвото не е спремно за дел од тие откритија.
И пази сето тоа ЈАВНО го споделувал, а не сокриен како Илуминатите божем некој ги убивал :cautious:
VIktor Schauberger е наречен водениот магионичар исто има неколку важни откритија а ниту бил Илуминат ниту членувал во некое тајно друштво.

Ако се илуминатите добрите и се трудат да не усовршат кој е нивниот противник?
Штом ги имаат знаењата нека ги дадат јавно или некоја друга намера имаат :cautious:
Во првото видео има дека Илуминатите сакаат се да уништат само нивната религија и власт да си ја задржат оти таа е вистинската итн итн
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.624
Поени од реакции
11.657
Ако се илуминатите добрите и се трудат да не усовршат кој е нивниот противник?
Штом ги имаат знаењата нека ги дадат јавно или некоја друга намера имаат :cautious:
Во првото видео има дека Илуминатите сакаат се да уништат само нивната религија и власт да си ја задржат оти таа е вистинската итн итн
Секој со својот избор - точно. Затоа не барај јавно да бидат дадени работи кои ти не си избрал да ги знаеш...

Мислам дека други прават непријатели од тие Илуминати од Баварија, а не обратно.
Никогаш нема да бидат дадени занењата јавно секому - човекот е опасно битие ако не е урамнотежено.
Лесно се корумпира човечкото срце, посебно профаните кои не се научени на контрола и на постојаност.

Реков дека видеата имаат една цел: да те насочат погрешно за да дојдеш до заклучок според авторот на видеото. Кој и да ги гледа, нема да научи ништо поразлично од ова што јас сега ќе ти го кажам: Илуминатите се сатанисти кои сакаат да владеат со светот.
Прашање: во кои учења постои сатана како симбол? Бидејќи само тие можат да дадат таква дефиниција за Илуминатите... никој друг.

Не може со видеа да се анализира нешто толку комплексно и обвиткано со симболи како Илуминати или било која друга организација и учење кои содржат хиероглифи...

Но, ако тебе ти се помили теориите на заговори и најмногу се радуваш на текстви кои негативно зборуваат за Илуминати и други тајни организации - нека ти биде.
Ти не си истражувач тогаш, а со такви не се споделува никакво знаење....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom