Измена на Закон за сообраќај: Намалени казни, нема веќе замена на казна за негативни поени

Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Полоша мерка не можеше да се донеси, посекако за тие казни што не треба да има толеранција се останати исти.

Сега наместо поени, ќе плаќаме казни за некоја минимална глупост.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Од друга страна со оглед дека живееме тука можеби е и подобро да се намалат казните. Ако е голема казната ќе се јавиш на пријател ако е мала ќе ја платиш од една страна да не бидеш должен од друга страна да не се срамиш за ситни пари меѓутоа кога ќе ги собереш се на се ќе се полни буџетот.

Лично мислам дека за некои работи како светло преку ден или носење појас не ни треба да има казна пошто реално мој избор е доколку не загрозувам друг живот.

Во врска со казните како возење во пијана состојба или брзо возење каде се загрозуваат човечки животи тука мислам дека казните треба да бидат максимално ригорозни поготово ако се повторува делото.

И не парични туку исклучување од сообраќај. На пример прв пат 2 години, втор пат 20 години, трет пат доживотно. И ова во зависност од ситуацијата.

На пример не е исто возење 20км над лимит и 50км или 100км.
Ako ne nosis pojas moze da izletas preku sofersajbna i ubies nekoj nevin, znaci sepak zagrozuvas necij zivot.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ako ne nosis pojas moze da izletas preku sofersajbna i ubies nekoj nevin, znaci sepak zagrozuvas necij zivot.
Доколку може да се случи нешто тогаш ок. Само не знам колку е реална оваа ситуација.

П.С Лично сакам и носам појас меѓутоа доколку некоја особа не сака мислам дека не треба да се присили да го направи тоа освен ако ова што го кажуваш е реалност.

П.С2 Претпоставувам битна е брзината во твојов случај. Во Македонија во повеќето случаеви официјално се вози со 80км или помалку и 120км на автопат.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Доколку може да се случи нешто тогаш ок. Само не знам колку е реална оваа ситуација.

П.С Лично сакам и носам појас меѓутоа доколку некоја особа не сака мислам дека не треба да се присили да го направи тоа освен ако ова што го кажуваш е реалност.

П.С2 Претпоставувам битна е брзината во твојов случај. Во Македонија во повеќето случаеви официјално се вози со 80км или помалку и 120км на автопат.
Licno ja stalno nosam i na site patnici im kazuvam da stavat kais dokolku ne sakat da odat peski. Ne mora da znaci ke izleta bas preku sofersajbna, moze i stranicno preku vrata. Isto taka ako si patnik na zadno sediste bez kais mozes da gi povredis vozacot ili sovozacot pri sudir. Pogledni vo videoto sto se slucuva pri brzina od samo 56km/h.

 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Возачките книшки можат да се фрлат?
имаше КАЗНА за НЕНОСЕЊЕ ВОЗАЧКА книшка

... значи НЕМА веќе со казнени поени, сега мајка ќе расплачат за возење ДЕЊЕ без средни светла и сигурносен ремен, а тешките прекршоци како возење на ЦРВЕНО, возењењ во спротивна насока ќе се декриминализираат, кој има врска во МВР традиционално ќе поминува и без никаква казна
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
За животозагрижувачките прекршоци, казните нема да се намалуваат. За две пијанства зад волан, ќе се предложи да се одземе возачката дозвола.

„Ако од една страна се заложивме за намалување на глобите, постојат сегменти каде мора да се размислува за заострување на казнената политика. Статистиката од контролите кои што ги вршиме покажува дека имаме голем број лица кои управуваат моторно возило над дозволената брзина, под дејство на алкохол или наркотични средства. На ова прашање мораме да најдеме одговор во законот“, велат од МВР.

Законските измени предвидуваат на секој возач кој во период од пет години ќе направи два животозагрозувачки прекршоци да му се одземе возачката дозвола, а за нова да треба да полага одново. Во животно-загрозувачки прекршоци законот ги вбројува возење под дејство на алкохол, пречекорување на брзината и почитување на првенство на минување. За нив нема да има промена во казните.

„Кај прекршоците за кои е превидена забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци (алкохол, брзо возење, престигнување), доколку два пати едно лице му била изречена санкција - забрана за управување со моторно возило, предлогот е да се покрене барање за одземање на возачката дозвола. А штом некој возач прави два пати толку сериозен прекршок, тоа значи дека санкцијата не делувала корективно врз него, па неопходна е построга казна“ велат од МВР.

За возење под дејство на каква било дрога казната е 400 евра, а во зависност од нивото на алкохол во крвта, казните се движат од 200 до 375 евра.

400 евра е и максималната казна за брзо возење во населено место, кога брзината е поголема за повеќе 50 километри на час од дозволената. За надминување до 30 километри на час казната ќе биде 45 евра, а од 30 до 50 километри на час, казната ќе биде 300 евра.

300 евра е и предвидената казна за возачот кој нема да пропушти друго возило и не ги почитува правилата за првенство на минување.

За неносење појас казните ќе бидат 40 евра за возач, а 50 евра за совозач. Зборувањето на мобилен возачот ќе го чини 40 евра, а некористењето трепкачи 35 евра, додека некористењето светла 15 евра дење, и 35 евра ноќе.

Нема повеќе да има ни казнени поени во возачките книшки, тие нема да постојат.

Воедно, се укинува мандатниот платен налог, што значи полицајците нема да даваат мандатни казни, туку сите платни налози ќе бидат прекршочни.

За лицата кои управуваат нерегистрирани моторни возила, МВР сака да ја заостри казнената политика. Со законските измени превидено е посебно овластување, кое е насочено на возилата кои се видно оштетени, нерегистрирани повеќе од 6 месеци и предизвикуваат голема бучава, со што се дава можност да бидат одземени и задржани во одреден временски интервал.
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
61
Поени од реакции
45
Poloziv gradska na 5ti noemvri i bev denes da se slikam za vozacka i mi rekoa da donesam slika za vozacka kniska sto znaci deka ne se ukinati seuste
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Возачките книшки можат да се фрлат?
А летово ме натераа да вадам нова, при важечка стара. Демек, морало да се обноват постарите. И сега се' ќе се плаќа, парите владата нели ги враќа на граѓаните. Сега и за ситни прекршоци, како за дигната кола со пајак... „цалензи бите“, ќе ги враќаме парите на граѓаните, ама во буџетот.
Мислам дека подобро би било, да постојат негативните поени за поситни прекршоци, или за некои „средни“ прекршоци ако е прв пат, а за „тешките“ (алкохол, многу брзо возење, престигнување на полна линија) да мора да се плати, па дури и да се одземаат возачки ако се повторат, особено пијанство и пребрзо возење.
Автоматски споено мислење:

можда е уште во процедура.
Да, рекоа. Уште не е на сила новиот закон, а до тогаш важи стариот.
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2019
Мислења
4
Поени од реакции
0
Dobar den sakam da prasam neso vcera me zapre policija i duvav sekako deka ne ispiv mnogu 2 piva no mi pokaza 0.7 sekako policijata mi ja odzema vozackata no ne mi pisha nikakva kazna mi reko deka sudot ke odluchi za kaznata no sekako sakam da prasam oti pred 1 god imav zabrana ova mi e vtor pat dali sega vozackata ke mi otide dozivotno sto e procedurata po nataka ako nekoj znae neka na pishe da mi kaza
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Za vozachi pochetnici da ne znae nekoj dali se namaleni i ako se kolku iznesuva globata sega?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
За животозагрижувачките прекршоци, казните нема да се намалуваат. За две пијанства зад волан, ќе се предложи да се одземе возачката дозвола.

„Ако од една страна се заложивме за намалување на глобите, постојат сегменти каде мора да се размислува за заострување на казнената политика. Статистиката од контролите кои што ги вршиме покажува дека имаме голем број лица кои управуваат моторно возило над дозволената брзина, под дејство на алкохол или наркотични средства. На ова прашање мораме да најдеме одговор во законот“, велат од МВР.

Законските измени предвидуваат на секој возач кој во период од пет години ќе направи два животозагрозувачки прекршоци да му се одземе возачката дозвола, а за нова да треба да полага одново. Во животно-загрозувачки прекршоци законот ги вбројува возење под дејство на алкохол, пречекорување на брзината и почитување на првенство на минување. За нив нема да има промена во казните.

„Кај прекршоците за кои е превидена забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци (алкохол, брзо возење, престигнување), доколку два пати едно лице му била изречена санкција - забрана за управување со моторно возило, предлогот е да се покрене барање за одземање на возачката дозвола. А штом некој возач прави два пати толку сериозен прекршок, тоа значи дека санкцијата не делувала корективно врз него, па неопходна е построга казна“ велат од МВР.

За возење под дејство на каква било дрога казната е 400 евра, а во зависност од нивото на алкохол во крвта, казните се движат од 200 до 375 евра.

400 евра е и максималната казна за брзо возење во населено место, кога брзината е поголема за повеќе 50 километри на час од дозволената. За надминување до 30 километри на час казната ќе биде 45 евра, а од 30 до 50 километри на час, казната ќе биде 300 евра.

300 евра е и предвидената казна за возачот кој нема да пропушти друго возило и не ги почитува правилата за првенство на минување.

За неносење појас казните ќе бидат 40 евра за возач, а 50 евра за совозач. Зборувањето на мобилен возачот ќе го чини 40 евра, а некористењето трепкачи 35 евра, додека некористењето светла 15 евра дење, и 35 евра ноќе.

Нема повеќе да има ни казнени поени во возачките книшки, тие нема да постојат.

Воедно, се укинува мандатниот платен налог, што значи полицајците нема да даваат мандатни казни, туку сите платни налози ќе бидат прекршочни.

За лицата кои управуваат нерегистрирани моторни возила, МВР сака да ја заостри казнената политика. Со законските измени превидено е посебно овластување, кое е насочено на возилата кои се видно оштетени, нерегистрирани повеќе од 6 месеци и предизвикуваат голема бучава, со што се дава можност да бидат одземени и задржани во одреден временски интервал.
300 евра е и предвидената казна за возачот кој нема да пропушти друго возило и не ги почитува правилата за првенство на минување.

ова се мисли ако дојде до судир ?? .. во пракса има дузина случаи каде споредниот поминува прв, тој со предност ќе му мавне со рака, или споредниот ќе свирне....
а колку евра е тогаш казна ако дојде до судир меѓу возило кое поминува на зелено и возило кое поминува на црвено , секојдневна ситуација на нашите раскрсници, исто во еднонасочните улици...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom