- Член од
- 17 мај 2016
- Мислења
- 3.675
- Поени од реакции
- 4.154
Од денеска ќе има намалување на казните во сообраќајот, бидејќи Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци, според кој казната на физичкото лице не може да биде поголема од 250 евра, а за правните лица казната ќе зависи од тоа дали се работи за мало, средно или големо претпријатие.
Исклучок за казната на физичките лица, каде тие можат да бидат поголеми од 250 евра, би било доколку прекршокот го загрозува животот и здравјето на луѓето. Заради тоа, казните за брзо возење, алкохол и престигнување не се намалени. Новост е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на казната за негативни поени.
Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ги прави Министерството за внатрешни работи и во основа значат усогласување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со Законот за прекршоци, кој веќе е донесен, а улогата и задачата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој случај е да ги информира учесниците во сообраќајот за сите новини кои што се настанати и да ги советува за нивно почитување.

Превземено од Слободен Печат 30.10.2019 (линк)
Оваа тема ја отворив за да подискутираме на новата измена во законот. Според вас, какви и какво влијание ќе имаат новите измени на законот за сообраќај?