Ako ne nosis pojas moze da izletas preku sofersajbna i ubies nekoj nevin, znaci sepak zagrozuvas necij zivot.Од друга страна со оглед дека живееме тука можеби е и подобро да се намалат казните. Ако е голема казната ќе се јавиш на пријател ако е мала ќе ја платиш од една страна да не бидеш должен од друга страна да не се срамиш за ситни пари меѓутоа кога ќе ги собереш се на се ќе се полни буџетот.
Лично мислам дека за некои работи како светло преку ден или носење појас не ни треба да има казна пошто реално мој избор е доколку не загрозувам друг живот.
Во врска со казните како возење во пијана состојба или брзо возење каде се загрозуваат човечки животи тука мислам дека казните треба да бидат максимално ригорозни поготово ако се повторува делото.
И не парични туку исклучување од сообраќај. На пример прв пат 2 години, втор пат 20 години, трет пат доживотно. И ова во зависност од ситуацијата.
На пример не е исто возење 20км над лимит и 50км или 100км.
Ајде бе! Со вожња од 30-40 км на час можеш да излеташ преку џам и да убиеш некој?!Ako ne nosis pojas moze da izletas preku sofersajbna i ubies nekoj nevin, znaci sepak zagrozuvas necij zivot.
Vide ti negde brzina spomnata u mojot komentar? Svasta!Ајде бе! Со вожња од 30-40 км на час можеш да излеташ преку џам и да убиеш некој?!
Освен во скопје, во сите други градови толку се возе батка.Vide ti negde brzina spomnata u mojot komentar? Svasta!
Доколку може да се случи нешто тогаш ок. Само не знам колку е реална оваа ситуација.Ako ne nosis pojas moze da izletas preku sofersajbna i ubies nekoj nevin, znaci sepak zagrozuvas necij zivot.
Licno ja stalno nosam i na site patnici im kazuvam da stavat kais dokolku ne sakat da odat peski. Ne mora da znaci ke izleta bas preku sofersajbna, moze i stranicno preku vrata. Isto taka ako si patnik na zadno sediste bez kais mozes da gi povredis vozacot ili sovozacot pri sudir. Pogledni vo videoto sto se slucuva pri brzina od samo 56km/h.Доколку може да се случи нешто тогаш ок. Само не знам колку е реална оваа ситуација.
П.С Лично сакам и носам појас меѓутоа доколку некоја особа не сака мислам дека не треба да се присили да го направи тоа освен ако ова што го кажуваш е реалност.
П.С2 Претпоставувам битна е брзината во твојов случај. Во Македонија во повеќето случаеви официјално се вози со 80км или помалку и 120км на автопат.
имаше КАЗНА за НЕНОСЕЊЕ ВОЗАЧКА книшкаВозачките книшки можат да се фрлат?
можда е уште во процедура.Poloziv gradska na 5ti noemvri i bev denes da se slikam za vozacka i mi rekoa da donesam slika za vozacka kniska sto znaci deka ne se ukinati seuste
А летово ме натераа да вадам нова, при важечка стара. Демек, морало да се обноват постарите. И сега се' ќе се плаќа, парите владата нели ги враќа на граѓаните. Сега и за ситни прекршоци, како за дигната кола со пајак... „цалензи бите“, ќе ги враќаме парите на граѓаните, ама во буџетот.Возачките книшки можат да се фрлат?
Да, рекоа. Уште не е на сила новиот закон, а до тогаш важи стариот.можда е уште во процедура.
300 евра е и предвидената казна за возачот кој нема да пропушти друго возило и не ги почитува правилата за првенство на минување.За животозагрижувачките прекршоци, казните нема да се намалуваат. За две пијанства зад волан, ќе се предложи да се одземе возачката дозвола.
„Ако од една страна се заложивме за намалување на глобите, постојат сегменти каде мора да се размислува за заострување на казнената политика. Статистиката од контролите кои што ги вршиме покажува дека имаме голем број лица кои управуваат моторно возило над дозволената брзина, под дејство на алкохол или наркотични средства. На ова прашање мораме да најдеме одговор во законот“, велат од МВР.
Законските измени предвидуваат на секој возач кој во период од пет години ќе направи два животозагрозувачки прекршоци да му се одземе возачката дозвола, а за нова да треба да полага одново. Во животно-загрозувачки прекршоци законот ги вбројува возење под дејство на алкохол, пречекорување на брзината и почитување на првенство на минување. За нив нема да има промена во казните.
„Кај прекршоците за кои е превидена забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци (алкохол, брзо возење, престигнување), доколку два пати едно лице му била изречена санкција - забрана за управување со моторно возило, предлогот е да се покрене барање за одземање на возачката дозвола. А штом некој возач прави два пати толку сериозен прекршок, тоа значи дека санкцијата не делувала корективно врз него, па неопходна е построга казна“ велат од МВР.
За возење под дејство на каква било дрога казната е 400 евра, а во зависност од нивото на алкохол во крвта, казните се движат од 200 до 375 евра.
400 евра е и максималната казна за брзо возење во населено место, кога брзината е поголема за повеќе 50 километри на час од дозволената. За надминување до 30 километри на час казната ќе биде 45 евра, а од 30 до 50 километри на час, казната ќе биде 300 евра.
300 евра е и предвидената казна за возачот кој нема да пропушти друго возило и не ги почитува правилата за првенство на минување.
За неносење појас казните ќе бидат 40 евра за возач, а 50 евра за совозач. Зборувањето на мобилен возачот ќе го чини 40 евра, а некористењето трепкачи 35 евра, додека некористењето светла 15 евра дење, и 35 евра ноќе.
Нема повеќе да има ни казнени поени во возачките книшки, тие нема да постојат.
Воедно, се укинува мандатниот платен налог, што значи полицајците нема да даваат мандатни казни, туку сите платни налози ќе бидат прекршочни.
За лицата кои управуваат нерегистрирани моторни возила, МВР сака да ја заостри казнената политика. Со законските измени превидено е посебно овластување, кое е насочено на возилата кои се видно оштетени, нерегистрирани повеќе од 6 месеци и предизвикуваат голема бучава, со што се дава можност да бидат одземени и задржани во одреден временски интервал.