Јас мислев на овие проекти од Министерство за транспорт и врски :
http://www.mtc.gov.mk/besplatni-proekti-za-izgradba-na-tipski-kukji
Министерството за транспорт и врски продолжува со проектот за субвенционирање за изградба на објекти за индивидуално домување преку изработка на основен проект и донирање на инвеститорот. Преку оваа мерка овозможуваме субвенционирање до 2000 евра преку обезбедување на бесплатен проект за изградба на куќи. Покрај намалување на трошоците за градење, со оваа мерка ќе се намалат и роковите за добивање на одобрение за градење.
https://www.dropbox.com/sh/y24w4fdbsgc7cuq/AACEYcV-yDrcYMtSB_xATGLDa?dl=0
Незнам дали се овие од 2иот дел проекти кои требаше да ги објават или се истите проекти од претходниот проект... Веќе еднаш имаше огласено вакви проекти па рекоа нови ќе објават пак...
Како што разбрав јас идеш и подигаш ваков проект. Врз основа на овој проект сите општини треба да ти дозволат да градиш.
Подетално не сум запознат ама тој ми е планот.
ЕДИТ:
Сега најдов овие значи се новите а претходните незнам дали може да се најдат и подигнат:
http://www.mtc.gov.mk/objaven-konkurs-za-novi-shest-vidovi-na-tipski-kukji
Според јавниот повик, се предвидува идејните решенија за типските куќи да бидат со големина од 50м2, 70м2, 90м2, 110м2, 130м2 и 200м2. Јавниот повик трае до 16 март 2016 година.
Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за изработка на 6 идејни решенија за изградба на објекти со намена за индивидуално домување (типски куќи).
Според јавниот повик, се предвидува идејните решенија за типските куќи да бидат со големина од
50м2, 70м2, 90м2, 110м2, 130м2 и 200м2. Јавниот повик трае до 16 март 2016 година.
-Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на проекти кои ќе се објават на веб страната на Министерството за транспорт и врски од каде ќе може бесплатно да се превземат. Со оваа мерка Министерството за транспорт и врски преку обезбедување на бесплатен проект за типски куќи, овозможува субвенционирање од 900 до 2500 евра за изградба на куќа. Многу е важно што преку оваа мерка се намалуваат и роковите за вадење на одобрение за градење, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Претходно Министерството за транспорт и врски изработи готови проекти за индивидуални куќи за домување (типски куќи) со големина од
60 м2, 80м2, 100м2, 120м2, 150м2 и 180м2.