- Член од
- 22 октомври 2017
- Мислења
- 50
- Поени од реакции
- 11
Ајде вака, во ред нека стават блокада на сметка ама како може да конфискуват имот кога јас не поседувам ништо на мое име ниту пак ќе поседувам?Долг во постапка за извршување не застарува, извршувањето трае се додека не се плати долгот, ако извршителот отиде во пензија, друг извршител ќе го преземе наплатувањето, ако ти не го платиш долгот твоите наследници ќе го платат од имотот кој ќе го наследат од тебе, али до тоа најверојатно нема да дојде, затоа што утре од имотот кој ти треба да го добиеш од наследство ќе си наплати доверителот преку извршителот, или претходно ако се вратиш во мк и се вработиш од плата, или од пензијата ќе ти се одбива, или ќе ти продадат некој имот стан, куќа, се разбира ова ако не го платиш долгот како што велиш 10 години, и зависи од извршителот кои извршни дејствија ќе ги преземе.
Второ, сега е 56000 денари од 20000 денари за 2 години толку станал, сметај камата на камата, и тоа за 10 години најмалку.
Инаку, застарува правото доверителот да поведе извршна постапка во рок од 10 години од кога одлуката станала извршна, но штом биде поведена извршна постапка НЕМА ЗАСТАРУВАЊЕ!
Туку те советувам кога ќе ти пристигне решението за издавање на нотарски платен налог или ако те повикаат кај нотарот да го подигнеш решението, ОБАВЕЗНО ПРИМИ ГО РЕШЕНИЕТО И ПОДНЕСИ ПРИГОВОР, приговорот мора да биде поднесен од адвокат до судот преку нотарот во рок од 8 дена од приемот.
Да ќе оди до суд, но таму нема да приговараш за тоа дали должиш туку КОЛКУ должиш, затоа што очигледно се работи за лихварска камата, која е законски забранета, али ова е доволно од мене те упатив што и како, и да не заборавам ангажирај адвокат кој работи граѓанско право, оти гледам слабо те информирале.
И може ли да ми препорачаш некој добар таков адвокат.
Автоматски споено мислење:
Јас не се курчам туку не сум во можност да платам и нема да бидам сигурно уште 2 3 години затоа прашав дали застарува.Ти требале пари итно, ти завршиле работа ти ги дале и сеа курчење, не им ги враќам. Мое да е, до смрт ќе те гонам додека не ги вратиш и 10x камата да ми дадеш.
Што не си ги вратил поштено само тие 20,000, без камата се првиот пат кога се земаат. Сеа ќе плачеме дека 56,000 стигнале. За уште 2, ќе бидат 150,000.
Лихварска или не, потпишал. Сигурно на листовите што удрил потпис пишувало све до детал, ама кој да чита. Ако пишува дека му е камата 7.5% месечно и он рекол ок, удрил потпис, дал матичен и им земал парите, кај ќе се буниш?
Ова се брзи кредити - името ти кажува. Ти ги даваат „брзо“ и ти викаат да ги вратиш брзо во период од 3,6,12 месеци. А не 5 години да чекаш зошто камати огромни имаат, чист пример е ова.
П.с дај ти 50 000 па гони ме до смрт нема проблем