Извршител

Член од
22 октомври 2017
Мислења
26
Поени од реакции
7
Имам едно прашање околу извршување, вака значи имам земено кредит од форза брзите кредити во Македонија 20.000 денари, пред околу 2години.Пред некој ден ми стигна од нотар дека сакаат да ме дадат на суд и после тоа на извршител, се консултирав со адвокат ми кажа ако сакам може да поднесам приговор но тоа ќе го одложе само рокот за плаќање за некој месец или да поништеме само неколку од наведените трошоци бидејќи ме немаат известено со ПРЕПОРАЧАНО ПИСМО туку само така фрлено на врата, и другата опција ми вика дека ако не планирам 10 години да поседувам имот на мое име ниту пак плата и слично делото застарува.
Е сега прашањето ми е дали ДЕЛОТО застарува навистина после 10 години ако јас ништо не поседувам на мое име и не работам никаде 10години во МК.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.361
Поени од реакции
2.681
Ne. Imaat rok od 10 godini od izvrsnosta na notarskoto resenie ili presudata da podnesat baranj za izvrsuvanje do Izvrsitel. Posle toa amin zastaruvanje. Teoretski samo ako Izvrsitelot ne prevzeme nusto 10 godini. Na 10tata godina edna pokana da ti prati rokot pak pocnuva od nula...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.866
Поени од реакции
4.376
Имам едно прашање околу извршување, вака значи имам земено кредит од форза брзите кредити во Македонија 20.000 денари, пред околу 2години.Пред некој ден ми стигна од нотар дека сакаат да ме дадат на суд и после тоа на извршител, се консултирав со адвокат ми кажа ако сакам може да поднесам приговор но тоа ќе го одложе само рокот за плаќање за некој месец или да поништеме само неколку од наведените трошоци бидејќи ме немаат известено со ПРЕПОРАЧАНО ПИСМО туку само така фрлено на врата, и другата опција ми вика дека ако не планирам 10 години да поседувам имот на мое име ниту пак плата и слично делото застарува.
Е сега прашањето ми е дали ДЕЛОТО застарува навистина после 10 години ако јас ништо не поседувам на мое име и не работам никаде 10години во МК.
У рок од 10 години ако не те пушти на извршител застарува, а ако те пушти не застарува и камата ти се билда, така да најбољи е да си платиш ако имаш, акао не да асе договориш со извшителот на рати да му пушташ пари.
 
Член од
22 октомври 2017
Мислења
26
Поени од реакции
7
У рок од 10 години ако не те пушти на извршител застарува, а ако те пушти не застарува и камата ти се билда, така да најбољи е да си платиш ако имаш, акао не да асе договориш со извшителот на рати да му пушташ пари.
Значи како што разбрав форза има рок од 10 години да ме даде на извршител и ако тој ми прати покана и добијам блокада на сметки и слично веќе делото не застарува?
Но што ако јас подолго време еве не сум во МК или се откажам од државјанство и слично.
Автоматски споено мислење:

Значи како што разбрав форза има рок од 10 години да ме даде на извршител и ако тој ми прати покана и добијам блокада на сметки и слично веќе делото не застарува?
Но што ако јас подолго време еве не сум во МК или се откажам од државјанство и слично тоа значи немам веќе живеалиште и слично и нема каде да испрате опомена или други работи.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.835
Поени од реакции
33.297
Договори се да си го платиш долгот на рати и уозбили се, ќе си заштедиш и нерви и пари. 10 години да не земаш плата и да пребегаш во Мексико сигурно не ти е поисплатлива варијанта. Или мислиш дека е? :)
 
Член од
22 октомври 2017
Мислења
26
Поени од реакции
7
Договори се да си го платиш долгот на рати и уозбили се, ќе си заштедиш и нерви и пари. 10 години да не земаш плата и да пребегаш во Мексико сигурно не ти е поисплатлива варијанта. Или мислиш дека е? :)
Не него фамилијарно се селиме во Германија затоа прашав ако застарува не планирам да го плаќам 10години пошто долгот од 20 000 во моментот е 56 000 не ги разбираат парите :) и не сакат договор.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
1.511
Поени од реакции
1.694
Не него фамилијарно се селиме во Германија затоа прашав ако застарува не планирам да го плаќам 10години пошто долгот од 20 000 во моментот е 56 000 не ги разбираат парите :) и не сакат договор.
56000 пари ли се за да не се вратиш никад више у македонија? Да имаш имот или што и да е? Да просиш пред Мекдоналц (не да работиш), за три месеци ќе го вратиш долгот.
 
Член од
22 октомври 2017
Мислења
26
Поени од реакции
7
56000 пари ли се за да не се вратиш никад више у македонија? Да имаш имот или што и да е? Да просиш пред Мекдоналц (не да работиш), за три месеци ќе го вратиш долгот.
Значи вака мене ми е прашањето друго дали делото после 10 години застарува или не ако нема што извршителот да ми изврше 10 години. толку ми е прашањето ни денар не враќам.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
1.511
Поени од реакции
1.694
Ваљда ќе те репнат дебело за 10 години, колку за еден стан у Германија. Ја не гледам чаре да се спасиш од ова :D
 
Член од
2 март 2016
Мислења
386
Поени од реакции
328
Значи вака мене ми е прашањето друго дали делото после 10 години застарува или не ако нема што извршителот да ми изврше 10 години. толку ми е прашањето ни денар не враќам.
Долг во постапка за извршување не застарува, извршувањето трае се додека не се плати долгот, ако извршителот отиде во пензија, друг извршител ќе го преземе наплатувањето, ако ти не го платиш долгот твоите наследници ќе го платат од имотот кој ќе го наследат од тебе, али до тоа најверојатно нема да дојде, затоа што утре од имотот кој ти треба да го добиеш од наследство ќе си наплати доверителот преку извршителот, или претходно ако се вратиш во мк и се вработиш од плата, или од пензијата ќе ти се одбива, или ќе ти продадат некој имот стан, куќа, се разбира ова ако не го платиш долгот како што велиш 10 години, и зависи од извршителот кои извршни дејствија ќе ги преземе.
Второ, сега е 56000 денари од 20000 денари за 2 години толку станал, сметај камата на камата, и тоа за 10 години најмалку.
Инаку, застарува правото доверителот да поведе извршна постапка во рок од 10 години од кога одлуката станала извршна, но штом биде поведена извршна постапка НЕМА ЗАСТАРУВАЊЕ!
Туку те советувам кога ќе ти пристигне решението за издавање на нотарски платен налог или ако те повикаат кај нотарот да го подигнеш решението, ОБАВЕЗНО ПРИМИ ГО РЕШЕНИЕТО И ПОДНЕСИ ПРИГОВОР, приговорот мора да биде поднесен од адвокат до судот преку нотарот во рок од 8 дена од приемот.
Да ќе оди до суд, но таму нема да приговараш за тоа дали должиш туку КОЛКУ должиш, затоа што очигледно се работи за лихварска камата, која е законски забранета, али ова е доволно од мене те упатив што и како, и да не заборавам ангажирај адвокат кој работи граѓанско право, оти гледам слабо те информирале. :)
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.079
Поени од реакции
3.309
Значи зеде 20000 и не сакаш да вратиш... е ќе ги вратиш и оро ќе играш, кога се потпишуваше таму што мислеше...
 
Член од
2 март 2016
Мислења
386
Поени од реакции
328
Значи зеде 20000 и не сакаш да вратиш... е ќе ги вратиш и оро ќе играш, кога се потпишуваше таму што мислеше...
Тоа сигурно, ќе врати 20000 ден. 100% али со законска камата, а не тие му ставиле лихварска камата, и го теретат да врати 56000 ден., е сега ако не приговара тогаш не 56000 ден. ќе врати многу повеќе, ако пак не врати за 10 години дури и имот ќе му продадат, нејсе, како што му одговорив мора прво да ангажира адвокат кој работи граѓански предмети, и тој ќе му заврши работа, барем ќе врати онолку колку што зел заем и плус законска камата за 2те години.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
24.798
Поени од реакции
39.879
Помислив зел 20.000 евра од денари.

Абе за толку малку пари си правиш нервози и стресови.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.866
Поени од реакции
4.376
Значи како што разбрав форза има рок од 10 години да ме даде на извршител и ако тој ми прати покана и добијам блокада на сметки и слично веќе делото не застарува?
Но што ако јас подолго време еве не сум во МК или се откажам од државјанство и слично.
Види јас лично застапувам едно правно лице што два тие брзи кредити и веруј ми секако ке те даде на извршител, до сега ниту на еден не му е простено... друго и да не си тука ако дојде до извршителот пак не застарува и може да ти стави блокада на сметка, да ти траажи имот преку катастар или МВР, једино да се спасиш од долгот ти е да умреш, друго чаре нема, а форца мислам дека ти објасни најубаво.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.922
Ти требале пари итно, ти завршиле работа ти ги дале и сеа курчење, не им ги враќам. Мое да е, до смрт ќе те гонам додека не ги вратиш и 10x камата да ми дадеш.

Што не си ги вратил поштено само тие 20,000, без камата се првиот пат кога се земаат. Сеа ќе плачеме дека 56,000 стигнале. За уште 2, ќе бидат 150,000.

Тоа сигурно, ќе врати 20000 ден. 100% али со законска камата, а не тие му ставиле лихварска камата, и го теретат да врати 56000 ден., е сега ако не приговара тогаш не 56000 ден. ќе врати многу повеќе
Лихварска или не, потпишал. Сигурно на листовите што удрил потпис пишувало све до детал, ама кој да чита. Ако пишува дека му е камата 7.5% месечно и он рекол ок, удрил потпис, дал матичен и им земал парите, кај ќе се буниш?

Ова се брзи кредити - името ти кажува. Ти ги даваат „брзо“ и ти викаат да ги вратиш брзо во период од 3,6,12 месеци. А не 5 години да чекаш зошто камати огромни имаат, чист пример е ова.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom