Zdravo dali moze dami kazete sto treba da pravam imam da izvrsitel ot telekom vip imam i si napraviv so cijalno da zimam so majkami ni dadoa socijalen broj se pvrzavme so bankata i ni rekoa ds cekame najverojatno ovoj mesec ke pustat pari na smetkata i dali nie treba prrt vreme da ideme na izvrsitel damu odneseme ptvrda ot socialno ili dagi pustat prvo paritr paposle i dali ima pravo dagi zeme tie pari ?
Извршителот не знае по кој основ ќе ти легнат пари на сметка, поточно банката кога ќе види дека ти легнале пари на сметка веднаш ги префрла парите од твојата сметка на сметка на извршителот, ова голем дел од луѓето не го знаат па потоа викаат извршителите им се криви, а тие однапред не можат да знаат од кај му се парите на должникот.
Затоа утре оди кај извршителот и дај му фотокопие од социјално потврдата, ама сепак напиши на еден лист А4 дека му доставуваш на извршителот потврда од социјално и дека немаш прилив на средства по друг основ освен оние од социјално согласно потврдата од МЦСР и бараш да ти ја одблокира сметката за да можеш да ги извлечеш парите.
Извршителот веројатно ќе ти ја одблокира сметката за 24 часа да ги подигнеш парите од банкомат и после пак ќе ја блокира, али тоа во договор со извршителот, верувај излегуваат во пресрет, а тоа напишаното на А4 формат напиши го во 2 примерока еден за извршител, а другиот за тебе, и на твојот примерок обавезно да стави приемен печат, што си е сигурно, сигурно да си е, сепак немој само да им ја дадеш потврдата без да обезбедиш доказ дека си му дал потврда на извршителот, ајде нека е со лесно.