Извршител?! Море мамата...

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.527
Поени од реакции
810
Во 2005та направив сообраќајка со колата која причини само материјална штета. Не бев крив во случајот затоа што другата кола имаше нерегуларна сигнализација т.е. нефукнционална. Регистрацијата на мојата кола имаше уште еден ден валидност, значи сеуште беше регистрирана колата. Дојде полиција, направи записник и се разотидовме.

Фраерот со кого се судривме, „повлекол конци“ и во полицискиот записник било презапишано дека мојата кола била со измината регистрација. Тоа го дознав кога ми стигна писмо со пресуда, а покана за на суд мене не ми стигна, ниту некогаш го добив, иако треба „лично на рака“! Пресудата која ја доделиле во мое отсуство била да ги покријам „сите трошоци“. На сообраќајката, со кола Сузуки Свифт, штетата на сузукито беше скршен штоп и изгребано крило, а во пресудата стоеше „материјална штета во вредност од 35.000 денари“.

Еве сега после три години, ми дошол денес дома извршител кој ширел закани дека ако не го платам она што го должам + камата во рок од три дена, се на се околу 1100 евра, ќе ми земале покуќнина, со присуство на полиција.

Прашањето ми е:
Може ли јас да им се наебам на мајката нивна што ги родила овие олоши и како?! Од правен, или од друг аспект.

И како да утврдам дали шабанов навистина е назначен за тоа, или ми прават фора некои преваранти?

Штета што не ме затекнал мене дома господинот извршител што се пувал ко дома да е...мамицата...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.717
Поени од реакции
613
Ууу...докажување на јавна исправа е тешка работа, особено записник, па макар и да се преправен неправилно. Е сеа ти да му идеш со контра-тужба, ама пак ќе е зае*ано. А тоа со покана на рака, може 101 начин за да не стигне до тебе. Логично, може копиљаци ти ја искинале. Еве нека кажат и другиве правници овде за случајот...:wink:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.527
Поени од реакции
810
На самото плико пишува „лично на рака“, и колку што ми е познато, поканата законски мора да се достави лично на рака на тој што треба да се појави.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.450
Поени од реакции
383
Во 2005та направив сообраќајка со колата која причини само материјална штета. Не бев крив во случајот затоа што другата кола имаше нерегуларна сигнализација т.е. нефукнционална. Регистрацијата на мојата кола имаше уште еден ден валидност, значи сеуште беше регистрирана колата. Дојде полиција, направи записник и се разотидовме.

Фраерот со кого се судривме, „повлекол конци“ и во полицискиот записник било презапишано дека мојата кола била со измината регистрација. Тоа го дознав кога ми стигна писмо со пресуда, а покана за на суд мене не ми стигна, ниту некогаш го добив, иако треба „лично на рака“! Пресудата која ја доделиле во мое отсуство била да ги покријам „сите трошоци“. На сообраќајката, со кола Сузуки Свифт, штетата на сузукито беше скршен штоп и изгребано крило, а во пресудата стоеше „материјална штета во вредност од 35.000 денари“.

Еве сега после три години, ми дошол денес дома извршител кој ширел закани дека ако не го платам она што го должам + камата во рок од три дена, се на се околу 1100 евра, ќе ми земале покуќнина, со присуство на полиција.

Прашањето ми е:
Може ли јас да им се наебам на мајката нивна што ги родила овие олоши и како?! Од правен, или од друг аспект.

И како да утврдам дали шабанов навистина е назначен за тоа, или ми прават фора некои преваранти?

Штета што не ме затекнал мене дома господинот извршител што се пувал ко дома да е...мамицата...

Домата на твое име е? Ако не, нека земат - после ќе им го тужиш неписмениот газ кој си дозволува да зема туѓа покуќнина и ќе се опариш:)
Иначе, се може во државата ни мила. Најди си добар адвокат и разгледај убаво што е и како е...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.527
Поени од реакции
810
Домата на твое име е? Ако не, нека земат - после ќе им го тужиш неписмениот газ кој си дозволува да зема туѓа покуќнина и ќе се опариш
Хм. Interesting. На мое име има фирма, ама незнам како може од фирма да ми собере нешто...:)

Ај ова со тужбава на неписмениве некое објаснување? :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.660
Прво и основно... 2 години поминаа, тоа ти е застарен случај. Не смеат ништо да ти направат. Тој што тегнел врски, може слободно да оди да се слика. А што можат да ти направат? Записник којзнае дали чуваш, којзнае дали воопшто ја имаш истата кола што си ја возел во 2005та. Ич да не те боли, ништо не ти можат. Ке ти објасни Струмикс подетално, тој по овие работи е повеќе упатен (ако не е ова негова професија).
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.527
Поени од реакции
810
Колата уште 2005та ја продадов :) , а за колку време се смета „застарен случај“?
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.450
Поени од реакции
383
Хм. Interesting. На мое име има фирма, ама незнам како може од фирма да ми собере нешто...:)

Ај ова со тужбава на неписмениве некое објаснување? :)

Епа од фирма не можат да ти соберат ништо, ти лично си обвинет. А со оглед на тоа што, ако добро сфатив куќата/станот/кај-и-да-живееш е на туѓо име, не смеат да земат ништо. Всушност, дури и со налог не смеат да упаѓаат, зошто и живеалиштето и предметите таму се на туѓо име...
Некој правник на форумов немаше да ти објасни подобро? Јас сепак зборувам од логика и од површните ми познавања:)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.317
Ај вака јас од почеток:

1. Поканата на суд не е лично на рака, може да ја прими кој било возрасен член од семејството, или доставувачот да ја остави на вратата, а пресудата е лично на рака, или со препорачано писмо, за да се смета доставата за правилно извршена.
Тука може да се одигра на враќање во поранешна состојба заради неправилна достава (евентуално).

2. Извршителот се легитимира со соодветна легитимација. Ако ти се шетал по дома, си се понашал како дома, фино лепо пријави го тоа во Комората на извршители, ќе му се преземат соодветни дисциплински мерки, бидејќи во оваа фаза на извршувањето, тој дома не смее да ти стапне, освен ако не го поканиш.

3. Околу самото извршување, запленувањето е последна мерка која ја применува извршителот. Веќе тој знае се за тебе, што работиш, каде работиш, имаш ли имот, немаш ли имот коли, бродови, друго, трето...:) Обично за такви суми донесува Решение за забрана од плата во износ од 1/3 од платата до конечната наплата на долгот.

Ако има уште нешто, слободно прашај :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.660
Ти кажав 2 години и случајот застарува... Штом не е донесена пресуда во нечија корист, толку. А можеш да се повикаш на судскиот вештак, сигурно таму има точен датум, ако датумот на записникот е менуван.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Хм. Interesting. На мое име има фирма, ама незнам како може од фирма да ми собере нешто...:)

Ај ова со тужбава на неписмениве некое објаснување? :)
можат преку трансакционата сметка на фирмата да си го повлечат долгот, ама со судска пресуда за таква работа... познавајќи ги нашиве лихвари тоа брзо може да иде.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.527
Поени од реакции
810
Ти кажав 2 години и случајот застарува... Штом не е донесена пресуда во нечија корист, толку.
Ама, судска пресуда има...дали и таа застарува?

Ај вака јас од почеток:

1. Поканата на суд не е лично на рака, може да ја прими кој било возрасен член од семејството, или доставувачот да ја остави на вратата, а пресудата е лично на рака, или со препорачано писмо, за да се смета доставата за правилно извршена.
Тука може да се одигра на враќање во поранешна состојба заради неправилна достава (евентуално).
Јас ни пресудата ја немав лично на рака...Како може да се одигра на ова? :raz:
3. Околу самото извршување, запленувањето е последна мерка која ја применува извршителот. Веќе тој знае се за тебе, што работиш, каде работиш, имаш ли имот, немаш ли имот коли, бродови, друго, трето...:) Обично за такви суми донесува Решение за забрана од плата во износ од 1/3 од платата до конечната наплата на долгот.

Ако има уште нешто, слободно прашај :)
Ако знае за мене се`, ќе знае дека на мое име немам ништо, и скоро се` досега имам заведено на името на татко ми намерно, освен што сум сопственик на фирма, а не и вработен во неа.

Значи:
Немам на мое име недвижен имот.
Немам подвижен имот на мое име.
Фигурирам како невработен.

Имам само лична карта и возачка :pos2:

Што ми може?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.317
Ама, судска пресуда има...дали и таа застарува?
Не застарува.

Јас ни пресудата ја немав лично на рака...Како може да се одигра на ова? :raz:
Поднесуваш едно писмено во судот со кое бараш да се врати предметот во поранешна состојба заради неправилна достава и со тоа врска си немал дека се води постапка против тебе...и така тоа.

Ако знае за мене се`, ќе знае дека на мое име немам ништо, и скоро се` досега имам заведено на името на татко ми намерно, освен што сум сопственик на фирма, а не и вработен во неа.

Значи:
Немам на мое име недвижен имот.
Немам подвижен имот на мое име.
Фигурирам како невработен.

Имам само лична карта и возачка :pos2:

Што ми може?
Имаш фирма...ти си содружник во неа и имаш удел...фирмата е пари...сфаќаш?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.527
Поени од реакции
810
Поднесуваш едно писмено во судот со кое бараш да се врати предметот во поранешна состојба заради неправилна достава и со тоа врска си немал дека се води постапка против тебе...и така тоа.
Ама џабе...немам копија од сообраќајната за да докажам дека колата ми била регистрирана...


Имаш фирма...ти си содружник во неа и имаш удел...фирмата е пари...сфаќаш?
Го разбирам тоа, барам начин да ги заебам :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.317
Ама џабе...немам копија од сообраќајната за да докажам дека колата ми била регистрирана...
Не ти треба, ќе докажуваш вина за незгодата (доколку се врати во поранешна состојба), и, како што читам, евентуално ќе се повикуваш на кривично дело „преправање или уништување службена исправа“ т.е. записникот преправан. Верувам дека имаш копија од него, со твој потпис на него и од сите други лица. А, ако немаш, уште поарно, со тоа ќе се обидеш да докажеш намера за извршување на кривичното дело од страна на полицаецот.
Го разбирам тоа, барам начин да ги заебам :)
Нема начин.
 
На врв Bottom