Иднина на дизел моторите после скандалот со VW

Член од
29 јуни 2014
Мислења
9.351
Поени од реакции
9.318
za avioni malce potesko ke bide da se smenat fosilnite goriva, toj potisok ne veruvam da moze da go proizvede nieden elektro motor, moze nekoi edrilici da letaat no ne i patnicki avioni.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
275
Поени од реакции
314
Какви електрични мотори море :pos:
Во македонија сеуште се возиме со Југо 45..
Далеку сме ние за тие чуда
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.217
Поени од реакции
7.366
Се дискутираше за електрични возила општо во светот, не на ниво Македонија. But whatever.

Има во Карпош еден што вози Тесла. Не гледам дека зажалил за инвестицијата.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.005
Шведските истражувачи пресметале дека при производството на батерии за Тесла С се произведува толку ЦО2 колку што просечен современ мотор свс испушта за 8 години возење. Што значи, дури после 8 години (кога батериите веројатно веќе треба да ги фрлиш и да ги замениш со нови) ја штитиш Земјата :icon_lol:

Додуша кај Нисан Лиф е рокот три години :icon_lol:
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
10.735
Поени од реакции
6.709
Некако ми нема логика батериските возила да станат некој фактор во автоиндустријата од проста причина што користат батерии. Сите се имаме сретнато со батерии и акомулатори, кој вакви кој такви и сите ја имат истата мана. По одреден циклус на полнења тие едноставно ги губат своите карактеристики кои ги имале кога биле нови, настрана тоа што ја немаш автономијата на движење. Така да убаво звучи со едно полнење дека ќе поминиш 200км или 500 км но до кога? Далеку пологично, економски и еколошки поприфатливо би ми биле автомобили на водород како гориво. Дали со горивни келии или директно согорување небитно. Водородот го има во изобилие и е еколошки прифатлив, не ја губи својата енергија со текот на времето како акомулаторите итн итн. Всушност сите алтернативни извори на енергија се само алтернативни од проста причина што досега не е најден начин како таа енергија ефикасно да се складира и да се употреби тогаш кога нас ни треба. Тој што ке измисли таква батерија ќе ги реши сите енергетски потреби на планетата. За возилата ич да не правиме ни муабет, но сега засега таква батерија е мнооогу мноогу далеку од реалноста. Од друга страна пак водородот е сосем друга приказна како акомулатор на енергија. Според мене е штета што индустријата преферира да инвестира и развива батериската технологија наместо водородна. Голема штета.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
10.952
Поени од реакции
2.802

Чудно како оваа вест не можам да ја најдам никаде освен од изворот што го понуди.
Ја нема дури ни на официјалната страна на Шведското министерство за околина, од каде што наводно потекнува според изворот што го наведуваш.
Освен Шведското министерство за околина не наведува ни која е институцијата што го спроведила истражувањето.

Најверојатно се работи за пропаганда против Тесла/електричните возила. Не е првпат, нема да е ни последен. Имам прегледано еден куп вакви пропагандни вести, видеа каде неаргументирано пробуваат да ги дискредитираат електричните возила.[DOUBLEPOST=1497569057][/DOUBLEPOST]
Некако ми нема логика батериските возила да станат некој фактор во автоиндустријата од проста причина што користат батерии. Сите се имаме сретнато со батерии и акомулатори, кој вакви кој такви и сите ја имат истата мана. По одреден циклус на полнења тие едноставно ги губат своите карактеристики кои ги имале кога биле нови, настрана тоа што ја немаш автономијата на движење. Така да убаво звучи со едно полнење дека ќе поминиш 200км или 500 км но до кога? Далеку пологично, економски и еколошки поприфатливо би ми биле автомобили на водород како гориво. Дали со горивни келии или директно согорување небитно. Водородот го има во изобилие и е еколошки прифатлив, не ја губи својата енергија со текот на времето како акомулаторите итн итн. Всушност сите алтернативни извори на енергија се само алтернативни од проста причина што досега не е најден начин како таа енергија ефикасно да се складира и да се употреби тогаш кога нас ни треба. Тој што ке измисли таква батерија ќе ги реши сите енергетски потреби на планетата. За возилата ич да не правиме ни муабет, но сега засега таква батерија е мнооогу мноогу далеку од реалноста. Од друга страна пак водородот е сосем друга приказна како акомулатор на енергија. Според мене е штета што индустријата преферира да инвестира и развива батериската технологија наместо водородна. Голема штета.
Логиката е следна.
Батериите кај електричните возила имаат циклус на полнење од околу 3 000 до 5 000 пати, во зависност од батеријата. Ако се полнат на секои 2-3 дена, тоа се некаде околу 6 000 до 15 000 денови или 16 до 30+ години.

Сепак најдоброто е што технологијата за батерии брзо напредува, така што ако 1 киловат час во 2010 чинел 750 долари, денес чини околу 200-250 долари во зависност од произведувачот. Тој тренд на намалување на цените ќе продолжи и понатаму.

Патем, за да добиеш водород треба да потрошиш одредено количество енергија.
За возило да користи погон на водород треба да поседува специјален мотор, тој мотор енергијата ја претвора во електрична каде што полни батерија и оттука преку друг мотор таа енергија се пренесува на тркалата.
 
Последно уредено:

Освен таа на мобилниот и на лаптопот со какви батерии се имаш сретнато? Настрана тоа што претпоставувам ептен си задоволен од перформансите на истите по некое време. Батали ти тие теротески приказни на циклуси на полнења ти реков ми рече, реалноста ја имаш пред тебе и ја гледаш секој ден кога ќе го уклучиш мобилниот на полнење или кога лаптопот го работиш уклучен на полнач. И пази тука се работи за капацитет на батерии минорен спрема капацитетот на батериите за автомобил.
Да техологијата на батериите брзо напредува но сепак се светлосни години далеку од тоа да направат батерија која ќе трае. Патем за да добиеш батерија се троши исто така одредено количество енергија, па за да ја наполниш исто така. Сигурно не мислиш дека на нива растат? Веќе ако правиме споредба електричниот мотор не е ништо помалце специјален од хидрогнескиот кога ѓи споредуваме со на пример моторите на внатрешно соговрување. Од друга страна пак имаш хидрогенски мотори на внатрешно согорување кои технолошки со доволни слични на сегашните мотори на внатрешно согорување а цената на водородот како гориво се движи ако не се лажам колку и на бензинот со таа разлика што прво го има во неограничени количини и второ не загадува. Колку што пробуричкав на нет онака најголемата мана според приврзаниците на батериските автомобили е дистрибутивната мрежа или по наши на бензиснките станици на водород, па како тој треба таму да се донеси, па незнам што и како па тоа трошело енергија а никако да спомнат дека и батериската технологија троши енергија и ресурси. Единствена предност е што веќе има електрична мрежа скоро секаде па е полесно да се полнат што очигледно ќе биди нужно потребно на секој чекор.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.038
Поени од реакции
1.714

Водородот, како погонско гориво, е проследен со низа проблеми. Основен проблем е неговото складирање. Генерално постојат три начини за складирање на водородот и тоа: во гасна фаза под висок притисок ( до 700bar ), во течна фаза на температура од -253°C и во резервоари исполнети со абсорпциони материјали. Кај првите два типа на резервоари се јавуваат екстремно високи притисоци и ниски температури кои бараат употреба на специфични материјали, а како проблем се јавува и релативно брзото празнење на резервоарот. Третата технологија е во развој, но не е доволно развиена. Скапите материјали за изработка на резервоарите, со мала ефикасност и тешките услови на складирање прават водородот да не биде употребуван.

Втор проблем е начинот на добивање на водород. Денес водород во најголема мера се добива од фосилни горива, додека мал процент отпаѓа на електролиза. Тоа значи дека во процесот на добивање на водород се трошат фосилни горива, се емитира CO2 или пак се троши електрична енергија за добивање на горивото.

Електричните автомобили се иднината и тие ќе доминираат во патниот сообраќај. Добро е тоа што последниве неколку години значајно е забрзан нивниот развој така што во иднина, кога ќе има потреба масовно да се менуваат возлата кои користат фосилни горива, ќе има спремни и докажани технологии. Меѓутоа светот сеуште не е подготвен целосно да премине на електрични автомобили. Доколку во моментов сите автомобили со МСВС преминат во електрични, би настанал крах на електричните мрежи во светот. Во САД во 2016-та година се искористени околу 540 милијарди литри бензин само за автомобили. Сами по себе овие бројки се огромни, меѓутоа бензинските мотори имаат ефикаснот од 30-40%, а електраните кои користат фосилни горива ретко надминуваат 17%. Дури и со високата ефикасност на електричните мотори ( преку 90% ) од 1 литар гориво МСВС користи 30-40% од расположливата енергија, а електричниот мотор 17%. Затоа најпрво треба да се најдат еколошки извори на електрична енергија од кои ќе се произведува најголемиот дел од ел. енергија, а потоа да се оди кон целосна замена на фосилните горива.

Сепак од такво нешто сме далеку најмалку 15 години. Адекватно и брзо решение кое лесно може да се примени, особено кај дизел моторите, е користење на компресиран земјен гас ( КЗГ, метан ). Може да се користи како самостојно гориво кај бензински мотори и дизел мотори конвертирани да работат како бензински, а може да се користи како пилот гориво кај дизел мотори. Користењето на КЗГ значајно ја намалува количината на NOx и CO кај бензин и дизел моторите, а кај дизел моторите исто така значајно го подобрува согорувањето и со тоа ја намалува количината на цврсти честички во издувните гасови.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.005
Чудно како оваа вест не можам да ја најдам никаде освен од изворот што го понуди.
Ја нема дури ни на официјалната страна на Шведското министерство за околина, од каде што наводно потекнува според изворот што го наведуваш.
Освен Шведското министерство за околина не наведува ни која е институцијата што го спроведила истражувањето.

Најверојатно се работи за пропаганда против Тесла/електричните возила. Не е првпат, нема да е ни последен. Имам прегледано еден куп вакви пропагандни вести, видеа каде неаргументирано пробуваат да ги дискредитираат електричните возила.
:vrtioci:

Не е истражување на шведското министерство, туку на IVL Swedish Environmental Research Institute. Еве линк од студијата во пдф. Но, сигурен дека се е тоа само завера на душманите.
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
10.735
Поени од реакции
6.709
Водородот, како погонско гориво, е проследен со низа проблеми.
А батериите како за чудо немаат никакви проблеми.
Втор проблем е начинот на добивање на водород. Денес водород во најголема мера се добива од фосилни горива, додека мал процент отпаѓа на електролиза. Тоа значи дека во процесот на добивање на водород се трошат фосилни горива, се емитира CO2 или пак се троши електрична енергија за добивање на горивото.
Затоа пак батериите растат на дрва или по бавчи и само треба некоја да ги собере. Исто и се полнат онака од љубов према природата. Грам фосилно гориво не се троши за нив.
Електричните автомобили се иднината и тие ќе доминираат во патниот сообраќај. Добро е тоа што последниве неколку години значајно е забрзан нивниот развој така што во иднина, кога ќе има потреба масовно да се менуваат возлата кои користат фосилни горива, ќе има спремни и докажани технологии.
Дали се иднината ке видиме, сега засега тоа е само нечиј влажен сон. Добро е било каков развој на технологијата па и на електричните автомобили но голема штета е што веќе кога се вложуваат средства во алтернативни превозни средства не се даде примат на водородот туку на батериите.
Претпоставувам ти допирни точки немаш со алтернативни извори на енергија, нивно искористување, складирање туку си читнал нешто на нет. Ова се што го напиша баш вчера го читав од збор до збор, но има една разлика а тоа е што мене тоа ми е работа. Некој погоре спомна батериите биле вакви такви онакви. Кога ке видам мобилен или лаптоп на кој кога купуваш нов му ја ставаш старата батерија и така испраќаш неколку лаптопи и мобилни со истата батерија е тогаш ке правиме муабет за квалитетн начин на скалдирање на енергијата, пошто нели тие новите генерации на батерии теоретски би требало да траат 16 до 30 години ако се полнат на неколку дена. Друга работа, не за џабе сите алтернативни извори на енергија како сончевата на пример се он грид а не офф грид баш ради тие пусти батерии. Да не должам цела утка во оваа технологија се батериите инаку генерално нема проблем освен можеби автономноста и полнењето. И кога сме кај развитокот на технологиите сигурно и првите бензиснки и дизле мотори не биле како овие сега по ефикасност и издржливост исто како и батериите ( кои патем речено во споредба со моторите се многу стара технологија). За очекување е дека побрзо ке се најдеше решение за скалдирање на водородот, негово поефикасно производство и поефикасни мотори на внатрешно согорување и се што си повлекува таа технологија отколку да измислат ефикасен начин на скалдирање на енергијата или салам батерии. Не се занимава само автомобилската индустрија со овој проблем, со скалдирањето на енергијата и искористување тогаш кога таа е најпотребна. Било како било ова со електричните автомобили кои како погонско гориво користат батерии според мене е промашување на векот ама ајде ке кажи времето, можи грешам , можи не. Сега засега на таму ми тера работата.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.038
Поени од реакции
1.714
А батериите како за чудо немаат никакви проблеми.

Затоа пак батериите растат на дрва или по бавчи и само треба некоја да ги собере. Исто и се полнат онака од љубов према природата. Грам фосилно гориво не се троши за нив.

Дали се иднината ке видиме, сега засега тоа е само нечиј влажен сон. Добро е било каков развој на технологијата па и на електричните автомобили но голема штета е што веќе кога се вложуваат средства во алтернативни превозни средства не се даде примат на водородот туку на батериите.
Претпоставувам ти допирни точки немаш со алтернативни извори на енергија, нивно искористување, складирање туку си читнал нешто на нет. Ова се што го напиша баш вчера го читав од збор до збор, но има една разлика а тоа е што мене тоа ми е работа. Некој погоре спомна батериите биле вакви такви онакви. Кога ке видам мобилен или лаптоп на кој кога купуваш нов му ја ставаш старата батерија и така испраќаш неколку лаптопи и мобилни со истата батерија е тогаш ке правиме муабет за квалитетн начин на скалдирање на енергијата, пошто нели тие новите генерации на батерии теоретски би требало да траат 16 до 30 години ако се полнат на неколку дена. Друга работа, не за џабе сите алтернативни извори на енергија како сончевата на пример се он грид а не офф грид баш ради тие пусти батерии. Да не должам цела утка во оваа технологија се батериите инаку генерално нема проблем освен можеби автономноста и полнењето. И кога сме кај развитокот на технологиите сигурно и првите бензиснки и дизле мотори не биле како овие сега по ефикасност и издржливост исто како и батериите ( кои патем речено во споредба со моторите се многу стара технологија). За очекување е дека побрзо ке се најдеше решение за скалдирање на водородот, негово поефикасно производство и поефикасни мотори на внатрешно согорување и се што си повлекува таа технологија отколку да измислат ефикасен начин на скалдирање на енергијата или салам батерии. Не се занимава само автомобилската индустрија со овој проблем, со скалдирањето на енергијата и искористување тогаш кога таа е најпотребна. Било како било ова со електричните автомобили кои како погонско гориво користат батерии според мене е промашување на векот ама ајде ке кажи времето, можи грешам , можи не. Сега засега на таму ми тера работата.
Иронијата и сарказмот собери си ги за по дома или за во „Случувања во Македонија“. Јас во мојот пост никаде не ги искористив ниту пак те навредив.

Се согласувам со тебе дека водородот како погонско гориво е доста запоставен. Има голем потенцијал за користење како кај водородни ќелии така и како алтернативно гориво кај МСВС. Засилениот развој на електричните автомобили во голема мера се должи и поради тоа што се многу медиумски експонирани и технологијата е доста атрактивна.Меѓутоа проблеми не се јавуваат само кај водородот туку и кај електричната енергија и фосилните горива. Сите се проследени со низа на предности и недостатоци. Тоа што јас ги набројав недостатоците на водородот не значи дека ел. енергија е идеално решение.
 
Нема никаква навреда а саракзмот некогаш е и добродојден. Иститите тие проблеми кои ги спомна околу производството, скалдирањето и незнам што кај водородот го имаат и батериите само што ете заборави да спомнеш па си реков ајде да те потсетам.
И не е проблем електричната енергија или моторите на таква енергија наместо на внатрешно согорување како погонско гориво. Сите ги имаме дури и по неколку во својот дом. Проблем е складирањето и преносот на енергијата. Ти на водородот можеш да сметаш како еден вид на батерија која за разлика од класичните батерии никогаш нема да и се намале ефикасноста и го има во избилие. Исто и резервоарот со бензин и дизел е некој вид на сад во кој се зачувува енергијата и се троши тогаш кога нас ни е потребно но со таа разлика што загадуваат во тој процес. Тука водородот и батериите се во предност над бензинот и дизелот. Бензинот и дизелот се рафинираат од сурова нафта која се вади којзнае каде , па се пренесува итн итн со што се троши енергија и количините се ограничени. Не гледам проблем со тоа што водородот ке се произведува којзнае каде и се пренесува до којзнае каде. На крај може да се произведува од алтернативни извори што е до мене и да биди 100% еколошки. Од друга страна незнам колку е еколошки прозиводството на батерии, колку е еколошки нивното полнење, рециклажата и економичноста. Како сакаш земи при здрав ум и разум водородот во сите погледи е супериорен наспроти електричните автомобили ама ете некој решил дека тука нема иднина и тоа е тоа. Ќе се шлепаме на батерии. Ај ојдов јас да го ставам лаптопот на полнач оти ќе ми црки батеријата :)
 
Пак ќе повторам, секоја технологија си има свои предонсти и недостатоци. Батериите, кои служат како резервоар за електрична енергија, имаат голем недостаток со тоа што имаат релативно мал капацитет на складирање енергија, тешки и скапи за производство, користат специфични материјали ( литиум ) чие ископување и обработка загадува, имаат мал животен век. Од друга страна пак електромоторите имаат многу поволни карактеристики во однос на МСВС. Висока ефикасност, поволна брзинска карактерстика, можност за регенеративно полнење при кочење и движење по надолнина. Баш затоа сметам дека електричните автомобили се иднината.

Водородот денес во најголема мера се произведува од фосилни горива и останати јаглеводороди. Само мал дел се произведува со електролиза. Електричната енергија исто така во најголем дел ( преку 60% ) се произведува од фосилни горива. Проблемот кај нив не е инфраструктурата за производство и транспорт туку самиот начин на производство. Дури и водородот целосно да се произведува со електролиза, повторно треба да се користи електрична енергија која се добива во голема мера од фосилни горива и пак се јавува загадување. Истото важи и за електричните автомобили. Затоа пред целосно да се премине на електрични/водородни автомобили најпрво треба да се изнајдат начини за целосно еколошко производство на електрична енергија, било од нуклеарни централи, обновливи извори или пак, со голема надеж, а мали шанси, нуклеарна фузија. Такво нешто е тешко остварливо и за приближно да се стигне до такво ниво би биле потребни 15-20 години. Бидејќи тоа е доста долго време, сметам дека многу позитивни резултати би се постигнале со користење на КЗГ како алтернативно погонско горива кај МСВС. Потребната инфраструктура би била лесна за градење и лесно ќе се вклопи со веќе постоечката, а системите за погон со КЗГ веќе постојат и се речиси целосно исти со тие за ТНГ. Во Македонија КЗГ е достапен само во 3 станици на „Макпетрол“ и тоа само во Скопје па не е исплатливо да се монтира таков систем во возилата. Меѓутоа, доколку се постават станици за КЗГ и во другите градови и има државни субвенции за поставување на систем за погон со КЗГ кај дизел и бензински мотори, употребата на КЗГ како погонско гориво значајно би се зголемила.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
10.952
Поени од реакции
2.802
:vrtioci:

Не е истражување на шведското министерство, туку на IVL Swedish Environmental Research Institute. Еве линк од студијата во пдф. Но, сигурен дека се е тоа само завера на душманите.
На првиот линк медиумот велеше дека е истражување на Шведското министерство за околина. Небитно.
Битни се "заклучоците" што ги вади медиумот што ја пренесува веста.
Имено, студијата вика дека

This review shows that assuming the current level of emissions from manufacturing, the electricity mix of the production location greatly impacts the total result
А медиумот "заклучува" дека батериите на Тесла произведуваат по 17.5 тона СО2 за време на нивното производство. Значи намерно не го зема во предвид фактот погоре, ниту барем го спомнува и намерно води кон погрешни заклучоци.

Понатаму во објавеното истражување вели дека емисиите за производство на 1 KWh варираат меѓу 1 и 200 килограми CO2, а медиумот вели 150-200.

Kim et al (2016) did an LCA study for a Ford battery in collaboration with the battery manufacturer LG Chem, which provided them with real battery production data for their energy use during one year. It regarded a 24 kWh battery for Ford Focus and was of LMO/NCM type. N-Methylpyrrolidone (NMP) was used. The manufacturing greenhouse gas emissions were calculated to 65 kg CO2-eq/kWh.
Notter et al (2010) used expert estimations for cell manufacturing, which contributed with only 0.9 kg CO2-eq/kWh.
Lu et al (2016) reported very low greenhouse gas emissions from production (2 g CO2- eq/kWh).
Понатаму не се пренесува фактот што просечен автомобил во САД произведува 5.5 тони СО2 годишно или 44 тони за 8 години што е драстично повеќе од наведените (што испаѓа дека се погрешни) 17.5 тони по батерија на Тесла.

Од ова, единствен заклучок е дека изворот што го наведе погоре, води пропаганда против електричните возила, или таму работат неписмени идиоти кои не можат да прочитаат едно обично истражување.[DOUBLEPOST=1497709494][/DOUBLEPOST]
Освен таа на мобилниот и на лаптопот со какви батерии се имаш сретнато? Настрана тоа што претпоставувам ептен си задоволен од перформансите на истите по некое време. Батали ти тие теротески приказни на циклуси на полнења ти реков ми рече, реалноста ја имаш пред тебе и ја гледаш секој ден кога ќе го уклучиш мобилниот на полнење или кога лаптопот го работиш уклучен на полнач. И пази тука се работи за капацитет на батерии минорен спрема капацитетот на батериите за автомобил.
Да техологијата на батериите брзо напредува но сепак се светлосни години далеку од тоа да направат батерија која ќе трае. Патем за да добиеш батерија се троши исто така одредено количество енергија, па за да ја наполниш исто така. Сигурно не мислиш дека на нива растат? Веќе ако правиме споредба електричниот мотор не е ништо помалце специјален од хидрогнескиот кога ѓи споредуваме со на пример моторите на внатрешно соговрување. Од друга страна пак имаш хидрогенски мотори на внатрешно согорување кои технолошки со доволни слични на сегашните мотори на внатрешно согорување а цената на водородот како гориво се движи ако не се лажам колку и на бензинот со таа разлика што прво го има во неограничени количини и второ не загадува. Колку што пробуричкав на нет онака најголемата мана според приврзаниците на батериските автомобили е дистрибутивната мрежа или по наши на бензиснките станици на водород, па како тој треба таму да се донеси, па незнам што и како па тоа трошело енергија а никако да спомнат дека и батериската технологија троши енергија и ресурси. Единствена предност е што веќе има електрична мрежа скоро секаде па е полесно да се полнат што очигледно ќе биди нужно потребно на секој чекор.
Според твоево размислување ќе можеш да објасниш зошто скоро секој произведувач на автомобили ќе додаде најмалку еден електричен модел до 2020 година, а ниту еден напојуван од водород?[DOUBLEPOST=1497710156][/DOUBLEPOST]
Дури и со високата ефикасност на електричните мотори ( преку 90% ) од 1 литар гориво МСВС користи 30-40% од расположливата енергија, а електричниот мотор 17%.
Сигурен си за ова? :)

EVs have several advantages over conventional vehicles: Energy efficient. EVs convert about 59%–62% of the electrical energy from the grid to power at the wheels. Conventional gasoline vehicles only convert about 17%–21% of the energy stored in gasoline to power at the wheels.
https://www.fueleconomy.gov/feg/evtech.shtml
 
Последно уредено:
На врв Bottom