Иднина на дизел моторите после скандалот со VW

Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Ниту еден реномиран футурист не излегол со оптимистична проценка во врска со возила на фосилни горива. До 2020 би требало да пркне овој маркет, а проценките се дека до 2040та нема веќе да има ниту едно возило (копнено, водено, летачко) кое ќе користи фосилни горива. Позитивниот притисок по ова прашање од минатата декада се исплати, и индустријата на електрични возила е во зародиш. од Балканов, колку што знам, Словенија е најголем произведувач на (релативно) ефтини електрични автомобили. Мислам дека и Хрватска планира да се пробива на тој пазар наскоро. Само штета е тоа што од моделите достапни, сите се за по две-лица по кола минимум. Само Тесла планира на широко да носи возила со солиден капацитет на внатрешен простор. Again, од што имам видено. Ако некој знае нешто поинаку, нека сподели.

Во однос на еколошките последици, не знам за сите производители, ама мислам дека батериите кои Тесла ги издава се со рециклирачка карактеристика (со што се заштедува на материјал во однос на производство/повторно производство).
На што ќе летаат авионите, на батерии :icon_lol: Тие забрани и стандарди важат само ако некој ги изгласа, не е божја заповед да важат одредени норми на издувни гасови. А, ќе бидат изгласувани се додека економијата ќе може да ги издржи, или се додека не се наруши значајно стандардот на луѓето. Може некој да забрани да се возат возила свс, но ако за сметка на тоа се наруши преносот на луѓе, идеи и стока ( :icon_mrgr: ) толку ќе трае таа забрана и власта која тоа ќе сака да го спроведе. И не е проблем да се направи електрично возило, проблем се батериите, брзината на полнење и производството и снабдувањето со струја воопшто.

Бај д веј, кој е значаен "футурист" :icon_lol: Една од по-фазла професиите кои можам да ги замислам.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.669
Поени од реакции
38.847

Mnogu si optimisticen, momentalno letaat iljadnici avioni i nema nitu eden sto raboti na alternativna energija, isto i brodovi, osven voenite koi rabotat na nuklearen pogon, kako ti ocekuvas za 20 godini 100% da se isfrlat ovie koga seuste nemas ni osnova kade i kako bi se implementirala taa tehnologija, i dali voopsto postoi? Za 20 godini moze elektricnite vozila bi bile okolu 30% od vkupniot broj, a drugiot del bi bile hibridni vozila koi rabotat na struja i na benzin. I toa zboram za novi koli sto togas bi se proizveduvale.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Па и твоето тврдење не е поткрепено со аргументи, но сепак не се откажуваш од истото, и тоа е сосема во ред.

Јас од друга страна, не ги гледам твоите електрични автомобили на патиштата, ама затоа дизелашите гледам ги има во изобилие. Но не се секирај, ќе ти признаам веродостојност на твоите тврдења кога ќе зачестат електричните автомобили на патиштата.
Поткрепено е и тоа како. Еуро 6 стандардот мал аргумент ти е? :D

Ако не можеш ти сега да видиш електрични возила, тоа не значи дека не се иднината. Ако ти живееш во некое племе во Африка тоа не значи дека луѓето не може да летаат. Или ако стоиш на едната половина од бродот која е во воздух, а другата под вода, тоа не значи дека тоне. Ако гледаш многу дизелаши можеби треба да смениш диоптер.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Но не живеам во Африка, туку во Европа, а од последниот систематски преглед пред нешто помалку од 8 месеци ми потврдија дека немам никакви проблеми со видот, така да одлично знам што гледам на улиците и патиштата, а тоа не се електрични автомобили. :D
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Но не живеам во Африка, туку во Европа, а од последниот систематски преглед пред нешто помалку од 8 месеци ми потврдија дека немам никакви проблеми со видот, така да одлично знам што гледам на улиците и патиштата, а тоа не се електрични автомобили. :D
Очигледно, нели?
Не можам и јас да видам право да ти кажам...
И овој Африканецов исто така...
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да ти се позлати тастатурата.

Се согласувам дека возилата со мотор со внатрешно согорување ја загадуваат околината, но не верувам дека така брзо ќе ги снема бидејќи одеднаш се појавила некаква еколошка свест кај автомобилската индустрија, туку бидејќи како што ти спомна, конечно им дошол паметот на државите кои стануваат се позависни од увоз на нафта и гас.

И во целост се согласувам со тебе за тоа дека треба прво да умрат крвопијците од фамилиите кои ги водат банкарските и корпорациските картели, само внимавај @Human да не ти го прочита овој дел од коментарот, експресно ќе те етикетира како душман на Америка и западот. :D
Има повеќе причини за тоа, и само повеќе причини и се надоврзуваат што ги тера работите во тој правец. Не знам колку тешко или лесно ќе биде, можам само да говорам дека прогнозата стана пооптимистична во однос на таа што беше пред 10ина години, што значи нешто во меѓувреме се сменило во светски рамки што ги натерало футуристите да ја променат прогнозата за годиниве што доаѓаат.

Инаку не сум нити про-западно ориентиран нити ја сакам ни мразам Америка. Она што ми смета е насоката на плутархизирање на државата, капитализмот сам по себе не ми смета. Мада истите вампири дејствуваат и во Европа, кога ќе размислам, не е се лимитирано во Америка и Канада. Проблемот во таквите династии e што од мали нозе полека се требени новите генерации кои треба да ги заменат старите. Затоа и покрај тоа што еден Рокфелер умре, има доста помлади кои ќе го заменат. Иако Сорос е пред крајот, со една нога в гроб, син му веќе полека го презема кормилото итн. Тука е коренот на проблемот, цикличното одржување на статус квото преку нови генерации кои ја преземаат улогата од нивните родители.

На што ќе летаат авионите, на батерии :icon_lol: Тие забрани и стандарди важат само ако некој ги изгласа, не е божја заповед да важат одредени норми на издувни гасови. А, ќе бидат изгласувани се додека економијата ќе може да ги издржи, или се додека не се наруши значајно стандардот на луѓето. Може некој да забрани да се возат возила свс, но ако за сметка на тоа се наруши преносот на луѓе, идеи и стока ( :icon_mrgr: ) толку ќе трае таа забрана и власта која тоа ќе сака да го спроведе. И не е проблем да се направи електрично возило, проблем се батериите, брзината на полнење и производството и снабдувањето со струја воопшто.

Бај д веј, кој е значаен "футурист" :icon_lol: Една од по-фазла професиите кои можам да ги замислам.
Тебе ти е смешно, но од 195, 147 го ратификуваа Парискиот Климатски Договор. Да е некоја небитна работа нема да има повик кон толку држави да се приклучат кон оваа кауза. Нормално дека станува збор за различни држави, и договорот е скоцкан на начин на кој секоја држава во рамки на нејзината економија ќе ги прави побараните промени, а не еден калап кој сите треба да го посвојат. Сигурно ако тебе ти текнало за импактот врз транспортот на луѓе и стока, на нив им текнало прво, и земени се в предвид сите тие работи.

Во однос на авионите - уште пред 5 години имаше тест-погони кои требаше да работат на масло. Успешни беа првичните резултати но проценката беше дека премногу ќе кошта. Има и други поефикасни идеи - како ликвификација на алги (кои лесно се растат во затворен систем, и може да се произведуваат во толкава количина колку што е потребно за потребите на авио-превозниците. Таквото биогориво би требало да се имплементира и кај морскиот транспорт (заедно со соларна енергија, која кај авионите ќе биде застапени на површинскиот дел од авионите и на крилата).

НАСА и ред други веќе спремаат нови генерации на авио-превозни средства и тоа со суперсонична брзина, кои треба да бидат влезени во комерцијална употреба. X-plane линијата. Да не збориме за линијата летала кои ќе бидат исто така за комерцијална употреба а ќе летаат над облачната покривка (каде и подобро ќе биде искористена сончевата енергија доколку имаат надоградба на соларна технологија врз трупот). Ова се официјални проекти, не мои измислици. За тоа како ќе се решат одредени проблеми веројатно ќе треба да удриш Гугл. Најситните детали се уште не ги знам, ова што го знам сум го дознал затоа што градам футуристична временска линија ради потребите на некои научно фантастични приказни што ги пишувам, и нормално е да се консултирам со предвидени трендови и футуристички прогнози. Во однос на тоа кои се значајни футуристи - Реј Курцвел, Џејсон Силва, Мичио Каку, Жак Фреско, Џејмс Ловлок, Бакминстер Фулер и многу други живи и мртви. Тоа што некои од нив не се познати не значи дека не знаат што зборат.

Mnogu si optimisticen, momentalno letaat iljadnici avioni i nema nitu eden sto raboti na alternativna energija, isto i brodovi, osven voenite koi rabotat na nuklearen pogon, kako ti ocekuvas za 20 godini 100% da se isfrlat ovie koga seuste nemas ni osnova kade i kako bi se implementirala taa tehnologija, i dali voopsto postoi? Za 20 godini moze elektricnite vozila bi bile okolu 30% od vkupniot broj, a drugiot del bi bile hibridni vozila koi rabotat na struja i na benzin. I toa zboram za novi koli sto togas bi se proizveduvale.
Не јас, туку тие што тоа им е струка се оптимистични, врз основа на сегашни трендови и тоа што набрзо следува да биде пуштено во масовна употреба. За авионите и бродовите ете имаш над твојот цитат, во однос на тоа дали ова ќе биде реалност за 20 години - Можеби да, можеби не. Може да се сменат многу работи до тогаш, и на полошо и на подобро. Дваесет години не се малце, за некого се и цел живот до сега. Ти изгледа малку затоа што сме навикнати прогресот да го гледаме споро во однос на технологијата, ама овој прогрес зависи и од други фактори, како што е кризата со климатските промени, така да ако ти се чини дека временската рамка е мала и дека им се брза, тоа е затоа што навистина им се брза, бидејќи како што реков и претходно, се ближиме до критична точка.

Тие што го потпишале Парискиот договор не влегле слепо, свесни се во што се впуштаат, и дека веројатно на кратка стаза економијата може малку да им се раздрма, но проблемот е поголем од било која индивидуална држава и нејзината економија. Стабилната економија нема да остане многу стабилна ако климатските промени удрат најпосле по земјоделските гранки, по изворите и резервите на вода, ако од зголемената глобална температура, битни животински видови во ланецот на исхрана почнат да изумираат масовно. Тоа нема да има ефект врз економијата? Колку би ти вредела тогаш стабилната економија се до тој настан? После таква катастрофа се ти се множи со нула. Сметам дека државите кои го потпишале договоров се свесни и за последиците ако успеат, и ако не успеат.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Очигледно, нели?
Не можам и јас да видам право да ти кажам...
И овој Африканецов исто така...
За проблеми со видот ќе си одиш на офталмолог, Систина Офталмологија се добри, го знам ова од личното искуство на мој близок кој отстрануваше катаракта таму, максимално е задоволен од нивните офталмолошки услуги.

Има повеќе причини за тоа, и само повеќе причини и се надоврзуваат што ги тера работите во тој правец. Не знам колку тешко или лесно ќе биде, можам само да говорам дека прогнозата стана пооптимистична во однос на таа што беше пред 10ина години, што значи нешто во меѓувреме се сменило во светски рамки што ги натерало футуристите да ја променат прогнозата за годиниве што доаѓаат.

Инаку не сум нити про-западно ориентиран нити ја сакам ни мразам Америка. Она што ми смета е насоката на плутархизирање на државата, капитализмот сам по себе не ми смета. Мада истите вампири дејствуваат и во Европа, кога ќе размислам, не е се лимитирано во Америка и Канада. Проблемот во таквите династии e што од мали нозе полека се требени новите генерации кои треба да ги заменат старите. Затоа и покрај тоа што еден Рокфелер умре, има доста помлади кои ќе го заменат. Иако Сорос е пред крајот, со една нога в гроб, син му веќе полека го презема кормилото итн. Тука е коренот на проблемот, цикличното одржување на статус квото преку нови генерации кои ја преземаат улогата од нивните родители.
Плутархизмот постои од кога постои државното уредување.

Наводно ние луѓето сме поинтелигентни од животните бидејќи мислиме со сопствени глави, но дури и во џунглата лавот има свои граници и знае колку му е доволно за да се нахрани себеси, исто како и змијата, мајмунот и сите останати жители на џунглата, но за човекот никогаш не е доста и доволно.

Еве и заколнатиот душман на Русија, Збигњев Брзезински почина во петокот, 26 мај 2017, но секако дека има кој да го замени на позицијата лидер меѓу русофобите, исто така како резултат на плутархизмот и плутократијата.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
И во меѓувреме, Тесла го бриши подот со конкурентите во сегментот за премиум возила во Америка:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Браво за Мерцедес како втори. За првите нема потреба од акнолеџмент, заслужено си се таму. Него каде е Тојота? Они планираа да им бидат конкуренти на Тесла а ги нема на тебалава ..
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Браво за Мерцедес како втори. За првите нема потреба од акнолеџмент, заслужено си се таму. Него каде е Тојота? Они планираа да им бидат конкуренти на Тесла а ги нема на тебалава ..
Ете му го Лексусот со мизерни 1000 продадени примероци.

Интересното е што пред само 2-3 години, Германците, а особено Мерцедес владееја во овој сегмент.

Патем, сите останати се автомобили со мотор со внатрешно согорување.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
Тебе ти е смешно, но од 195, 147 го ратификуваа Парискиот Климатски Договор. Да е некоја небитна работа нема да има повик кон толку држави да се приклучат кон оваа кауза. Нормално дека станува збор за различни држави, и договорот е скоцкан на начин на кој секоја држава во рамки на нејзината економија ќе ги прави побараните промени, а не еден калап кој сите треба да го посвојат. Сигурно ако тебе ти текнало за импактот врз транспортот на луѓе и стока, на нив им текнало прво, и земени се в предвид сите тие работи.

Во однос на авионите - уште пред 5 години имаше тест-погони кои требаше да работат на масло. Успешни беа првичните резултати но проценката беше дека премногу ќе кошта. Има и други поефикасни идеи - како ликвификација на алги (кои лесно се растат во затворен систем, и може да се произведуваат во толкава количина колку што е потребно за потребите на авио-превозниците. Таквото биогориво би требало да се имплементира и кај морскиот транспорт (заедно со соларна енергија, која кај авионите ќе биде застапени на површинскиот дел од авионите и на крилата).

НАСА и ред други веќе спремаат нови генерации на авио-превозни средства и тоа со суперсонична брзина, кои треба да бидат влезени во комерцијална употреба. X-plane линијата. Да не збориме за линијата летала кои ќе бидат исто така за комерцијална употреба а ќе летаат над облачната покривка (каде и подобро ќе биде искористена сончевата енергија доколку имаат надоградба на соларна технологија врз трупот). Ова се официјални проекти, не мои измислици. За тоа како ќе се решат одредени проблеми веројатно ќе треба да удриш Гугл. Најситните детали се уште не ги знам, ова што го знам сум го дознал затоа што градам футуристична временска линија ради потребите на некои научно фантастични приказни што ги пишувам, и нормално е да се консултирам со предвидени трендови и футуристички прогнози. Во однос на тоа кои се значајни футуристи - Реј Курцвел, Џејсон Силва, Мичио Каку, Жак Фреско, Џејмс Ловлок, Бакминстер Фулер и многу други живи и мртви. Тоа што некои од нив не се познати не значи дека не знаат што зборат.
Пффф, биогориво, јас мислев ќе спомнеш некои фисии, чуда, оно керозинот се заменува со друг тип на гориво, а моторот си останува ист.
Инаку според некои прогнози требаше пола свет досега да биде под вода, па не е. Имам читано прогнози според кои сме на почеток на ново ледено доба - што веројатно би било исто така малку штетно за економијата - ќе видиме која прогноза ќе се оствари... Трамп веќе го повлекува потписот на САД од договорот...[DOUBLEPOST=1495979395][/DOUBLEPOST]
Браво за Мерцедес како втори. За првите нема потреба од акнолеџмент, заслужено си се таму. Него каде е Тојота? Они планираа да им бидат конкуренти на Тесла а ги нема на тебалава ..
Тојота продава преку 10 милиони возила годишно, сигурно ги заболе што не успеале да продадат 7500 премиум возила во САД како Тесла.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Пффф, биогориво, јас мислев ќе спомнеш некои фисии, чуда, оно керозинот се заменува со друг тип на гориво, а моторот си останува ист.
Инаку според некои прогнози требаше пола свет досега да биде под вода, па не е. Имам читано прогнози според кои сме на почеток на ново ледено доба - што веројатно би било исто така малку штетно за економијата - ќе видиме која прогноза ќе се оствари... Трамп веќе го повлекува потписот на САД од договорот...
Трамп е конзервативно магаре што верува во конспиративни заговори дека климатските промени се измислени од Кинезите за да им се продаваат фотоволтаиците. Или барем се прави дека верува во тоа. Но колку и да се напрега не може да поништи скоро ништо од тоа што е зацртано во Париз. Ниту пак фактите за климатските промени.

Инаку иако сега е незамисливо, но во блиска иднина (декада-две) заради огромниот напредок на полињата на материјали и складирање енергија (батерии) електричните авиони може да бидат реалност. Јас лично мислам дека иднината на авио-сообраќајот е во суперсоничните летала и дека електричните авиони немаат многу шанса. Но којзнае...
 
M

mordekaj

Гостин

И авионите на струја веќе не се ништо ново. Додуша ептен се во почетен развој но сепак ги има.

www.pipistrel.si
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
И во меѓувреме, Тесла го бриши подот со конкурентите во сегментот за премиум возила во Америка:

Znaci ednas veke ti napisav, ovie se kupuvaat pretezno.za PR i promocija na tech kompanii. Patem od ovie samo tesla raboti.so zaguba.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Znaci ednas veke ti napisav, ovie se kupuvaat pretezno.za PR i promocija na tech kompanii. Patem od ovie samo tesla raboti.so zaguba.
Што направија тие, досега продале 200 000 возила за промоции...
И јас пишав веќе, Тесла работи со загуби заради огромни инвестиции во производствени погони за батерии, мотори, производствени линии, фотоволтаици, станици за полнење... инвестиции кои ја чинат Тесла 5-6 билиони долари. Не знам дали треба ова да се напиши со големи букви, но тоа е причината заради која засега работат со загуба.
Тесла планира да произведи пола милион возила 2018 и милион во 2020 година.
Патем, не е само Тесла која произведува електрични возила, не се дури ни лидер во продажба на електрични возила.

И авионите на струја веќе не се ништо ново. Додуша ептен се во почетен развој но сепак ги има.

www.pipistrel.si
Погрешно се изразив, мислев на еквиваленти на патнички авиони.
Иначе постои и соларен авион кој може да лета и ноќе и веќе ја има свртено планетава. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom