Иднина на дизел моторите после скандалот со VW

Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.012
egolf kola li e ne zaebavaj, ni 100km ne moze da gi istera. Problemot kaj EV e so ne moze ti da racunas dek baterijata ke ja trosis do kraj,mora neso da ostane,i deka navedenite podatoci za dostrelot se vo idealni uslovi. Pa taka ako sakas realni 300km treba da imas baterija deklarirana za najmalku 500km, so pogolema baterija, pomal problem so rezervata, poso 10% rezerva na 500km e solidni 50km a na 100km e sitni 10km.
200км е дометот на новиот еГолф според некои тестови, и би ми била втора кола оти живеам во Германија и имам пари :P (барем засега).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Каде успеа да видиш дека споредив телефон со автомобил, секоја чест. Лежи некој талент во тебе.

Ај друга споредба ќе направиме.
Виндоус 10 вс Андроид.
Куалком вс. Интел.
Пошто сакаш многу да се мешаш во дискусии, а врска немаш, баш да видиме кои познавања ги имаш. :pos:

Примерот со телефоните е најопиплив и најчесто споменуван, затоа е и најчесто употребуван, но постојат многу други како овие погоре кои комплетно исто ја доловуваат поентата.
Во тебе лежи талент за избегнување на темата на дискусија, ја фалиш заработувачката на една компанија, но сепак избегнуваш со денови да одговориш на едноставно прашање - пред или после оданочување ?

Ајде бидејќи ти имаш врска за да се мешаш во дискусии, дај да видиме колкави познавања имаш од областа на автомобилската индустрија, поконкретно за дизел моторите, бидејќи тоа е темата на дискусија.

Дај кажи во 2016 година за колку пораснала или опаднала побарувачката на возила со дизел мотори и еве, бидејќи толку милуваш да одиш оф-топик со електричните автомобили и со мобилните телефони, направи споредба со растот или падот на побарувачката на електрични возила во истиот период.

Баш да видиме колку имаш врска од конкретната тема на дискусија.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670

Ти ја однесе дискусијата во тој правец - финансиски проблеми и решенија на дадена компанија неможејќи да најдеш соодветен одговор на аналогојата со телефоните и автомобилите. Се давеше неколку постови со ред за да се фатиш за затајувањето данок на Ејпл. :pos: Да не правиме муабет за тајните приходи на акционерските друштва. :pos:

Деновите на дизел моторите се одбројани. Тешко дека ќе го видат светлото на денот наредната деценија, барем на Запад. Продажбата на дизели е во надолна линија после скандалот на Фолксваген. Самиот Фолксваген планира десетина целосно електрични модели наредните години во кои ќе вложи преку 10 билиони евра, Иднината е во електричните возила.
 
И повторно избегнуваш да дадеш одговор на прашањето - пред или после оданочувањето на затаената добивка ?

И каде се статистиките за да ги поткрепиш твоите тврдења за падот на продажбата на возила со дизел мотори ?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
И повторно избегнуваш да дадеш одговор на прашањето - пред или после оданочувањето на затаената добивка ?

И каде се статистиките за да ги поткрепиш твоите тврдења за падот на продажбата на возила со дизел мотори ?
Ти беше одговорено 2-3 постови наназад.
Аман, еве нека не е обрт зборот туку приход. Сите средства остварени од продажба во една година пред оданочување. Подобро?
Уште не разбирам каква врска има ова со темата. Веројатно ти е аргумент за да речиш дека јас ја избегнувам темата. :pos:

Еве ти и статистика за продажбата на дизели во Европа:
http://www.acea.be/uploads/statistic_documents/Share_of_diesel_in_new_cars_in_West_Europe_(1990-2016).xlsx

Друго нешто?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Ти беше одговорено 2-3 постови наназад.

Уште не разбирам каква врска има ова со темата. Веројатно ти е аргумент за да речиш дека јас ја избегнувам темата. :pos:

Еве ти и статистика за продажбата на дизели во Европа:
http://www.acea.be/uploads/statistic_documents/Share_of_diesel_in_new_cars_in_West_Europe_(1990-2016).xlsx

Друго нешто?
Значи сакаш да кажеш дека обртот, пардон, добивката на Епл ќе биде оданочена после година дена, или погрешно те разбрав ?

Инаку, под претпоставка дека статистикиве твои се веродостојни, истите ги негираат твоите песимистички очекувања, бидејќи и после 2007 година имало пад на регистрирани дизел возила - несомнено економската криза од 2008 година играла улога во тоа, за подоцна во 2011 и во 2012 година повторно да има раст.

Исто така, според твоиве статистики, посериозен пад на регистрирани дизел возила имало во 2015 и во 2016 година - несомнено поради скандалот со дизел возилата на Фолксваген, а со оглед дека сега сме 2017 година, најверојатно оваа година повторно ќе има раст на регистрирани дизел возила, со што твоите песимистички прогнози паѓаат во вода.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ниту еден реномиран футурист не излегол со оптимистична проценка во врска со возила на фосилни горива. До 2020 би требало да пркне овој маркет, а проценките се дека до 2040та нема веќе да има ниту едно возило (копнено, водено, летачко) кое ќе користи фосилни горива. Позитивниот притисок по ова прашање од минатата декада се исплати, и индустријата на електрични возила е во зародиш. од Балканов, колку што знам, Словенија е најголем произведувач на (релативно) ефтини електрични автомобили. Мислам дека и Хрватска планира да се пробива на тој пазар наскоро. Само штета е тоа што од моделите достапни, сите се за по две-лица по кола минимум. Само Тесла планира на широко да носи возила со солиден капацитет на внатрешен простор. Again, од што имам видено. Ако некој знае нешто поинаку, нека сподели.

Во однос на еколошките последици, не знам за сите производители, ама мислам дека батериите кои Тесла ги издава се со рециклирачка карактеристика (со што се заштедува на материјал во однос на производство/повторно производство).
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Значи сакаш да кажеш дека обртот, пардон, добивката на Епл ќе биде оданочена после година дена, или погрешно те разбрав ?

Инаку, под претпоставка дека статистикиве твои се веродостојни, истите ги негираат твоите песимистички очекувања, бидејќи и после 2007 година имало пад на регистрирани дизел возила - несомнено економската криза од 2008 година играла улога во тоа, за подоцна во 2011 и во 2012 година повторно да има раст.

Исто така, според твоиве статистики, посериозен пад на регистрирани дизел возила имало во 2015 и во 2016 година - несомнено поради скандалот со дизел возилата на Фолксваген, а со оглед дека сега сме 2017 година, најверојатно оваа година повторно ќе има раст на регистрирани дизел возила, со што твоите песимистички прогнози паѓаат во вода.
Којзнае што разбра и којзнае што ти е поентата со приходите и даноците на Ејпл. Побара одговор, доби - двапати.

За дизелите побара податоци за 2016 година и го доби. Јасен е падот во продажбата.
Каква ќе биде 2017 не можеме да знаеме, глупаво е да тврдиме било што. Но според статистиката за оваа година во Британија, годинава најверојатно ќе им биде најлоша со пад од скоро 6.5% до Април во споредба со истиот период лани. Така да не се надевај многу.

Меѓутоа вистинскиот удар за дизелите доаѓа во 2020 со воведувањето на новиот стандард за емисии во Европа. Производителите немаат избор освен да прават хибриди или целосно електрични возила. Со забраните и предлозите за забрани во Норвешка, Холандија, Германија во 2025 и 2030 за сите мотори со внатрешно согорување, иднината воопшто не им е светла. За тебе тоа е можеби песимистички, но за повеќето е оптимистички што конечно производите зависни од нафта ќе заминат во историјата.
 
Значи сепак станува збор за неоданочена добивка на Епл, ти благодарам за одговорот.

Па јасен е падот и на продажбата во 2007, истовремено како што е јасен и растот на продажбата во 2011 и 2012, потсетува на јо-јо ефектот. Јас воопшто немам за што да им се надевам на дизелашите, воопшто не ни возам дизелаш, но воопшто не ги гледам како музејски експонати во блиска иднина.

За мене оптимистички е бесплатната енергија, па пиши кога ќе стане реалност, за и јас да го делам твојот оптимизам.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јас воопшто немам за што да им се надевам на дизелашите, воопшто не ни возам дизелаш, но воопшто не ги гледам како музејски експонати во блиска иднина.
Toa што ти не ги гледаш е една работа, а зошто најверојатно ќе отидат, е сосема друга работа. Има повеќе причини зошто има толкав притисок до средината на овој век веќе да ги нема сите форми на фосилни горива и да се воведат алтернативни и обновливи извори на енергија во целата инфраструктура на една модерна држава.

Прво - еколошката: Според некои климатолози, се ближиме до стапка која ако ја поминеме, нема враќање. Одреден праг, кој ако се помине, вратата позади е затворена. Со други зборови, вечна штета врз климата на планетата од која нема враќање. На пример, некое зголемување на 1 или 2 целзиусови степени на просечната температура на планетата - за навек. Не се чини многу, но за биосферата и животната средина тоа е многу. Се смета дека температурата ќе порасне многу повеќе од ова наредниве декади, но дека сите напори колку и да се ефективни, ако се помине тој таканаречен праг, нема да ги елеминираат тие 1/2 степена пораст кои ќе станат новата нормална температура за идните генерации луѓе.

Лично не ја подржувам во целост оваа перспектива, затоа што и не сум убеден во големината на негативниот придонес кон климатските промени од страна на човекот, сметам дека е многу помал тој негативен ефект (и дека се наоѓаме во циклус кој од време на време се случувал, претежно и без нас со нашата технологија, ова е прв пат во историјата на планетата тој циклус да се поклопува со нашиот технолошки развиток), но секако не смее да се занемари, или истото да биде аргумент против тоа дека треба да влезат во историјата што побрзо сите видови фосилни и конечни извори на енергија.

Второ - економската: Веќе полека стануваат неисплатливи сите видови технологија која зависи од таканаречените конечни извори на енергија, особено фосилни горива и јаглен (можеби само греењето на дрва да е една аномалија тука, но ќе му стигне неисплатливиот крај и на тоа, со оглед на тоа колку поскапуваат дрвата за огрев во странство, заради санкции и забрана на сеча од еколошки причини. Кај нас се стига покасно или прекасно, па така и ова ќе дојде како контраефект на се што се случува надвор на тоа поле). Јагленот веќе цела деценија е во опаѓање во глобална рамка а и еден од најголемите извозници на јаглен, Кина, веќе планира да прекине да го произведува како извозен продукт кај и да е. Друго, повеќе држави увидоа дека извозот на нафта и гас станува преголема алатка за менување геополитички интереси на независни држави, и некои од нив за да не зависат од цените на нафта и гас на тие што ги извезуваат, решаваат да се свртат на обновливи извори на енергија и нивната независност од економски аспект да остане што повеќе нечепкана.

Трето - Фактор на ефикасност: Не можеш да ги споредиш старите извори на енергија и новите и да посочиш кон првите дека се поефикасни. Грубото производство на енергија е скоро двојно поголемо денес, особено па ако е направено со комбинирање на повеќе видови обновливи извори на енергија. Тоа што нема инфраструктура на државно ниво во ниедна земја за ова не е аргумент, затоа што станува збор за процес на транзиција која е се уште во рана фаза, но во експерименти во затворени системи како одделни примери за ефикасност, обновливите извори без сомнение водат. Затоа и е тој притисок, за како што викаш ти, да отидат овие возила како музејски експонати. Затоа што едно возило, доколку е електрично, со додатно засилување на облоги од соларни ќелии на врвот од возилото, ако има три пати повеќе енергија во било која сезона од годината, тогаш во кој свет некој би одбрал дизел кола?

За мене оптимистички е бесплатната енергија, па пиши кога ќе стане реалност, за и јас да го делам твојот оптимизам.
За бесплатна енергија прво треба да умрат крвопијците од фамилиите кои го поседуваат банкарскиот глобален капитал, потоа и пијавиците од корпорациите кои се уште заглавени се со старите технологии и презафатени пробувајќи да ги дебанкираат новите технологии. Дотогаш бесплатна енергија ќе биде предмет на научна фантастика.
 
Да ти се позлати тастатурата.

Се согласувам дека возилата со мотор со внатрешно согорување ја загадуваат околината, но не верувам дека така брзо ќе ги снема бидејќи одеднаш се појавила некаква еколошка свест кај автомобилската индустрија, туку бидејќи како што ти спомна, конечно им дошол паметот на државите кои стануваат се позависни од увоз на нафта и гас.

И во целост се согласувам со тебе за тоа дека треба прво да умрат крвопијците од фамилиите кои ги водат банкарските и корпорациските картели, само внимавај @Human да не ти го прочита овој дел од коментарот, експресно ќе те етикетира како душман на Америка и западот. :D
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Значи сепак станува збор за неоданочена добивка на Епл, ти благодарам за одговорот.

Па јасен е падот и на продажбата во 2007, истовремено како што е јасен и растот на продажбата во 2011 и 2012, потсетува на јо-јо ефектот. Јас воопшто немам за што да им се надевам на дизелашите, воопшто не ни возам дизелаш, но воопшто не ги гледам како музејски експонати во блиска иднина.

За мене оптимистички е бесплатната енергија, па пиши кога ќе стане реалност, за и јас да го делам твојот оптимизам.
И што ти беше целта со добивката на Ејпл?

Судбината на дизелите е запечатена. Со Еуро 6 стандардот кој треба да стапи на сила некаде околу 2020 емисиите на штетни гасови треба драстично да бидат намалени и да бидат некаде во граница со можностите на дизел моторите што е знак прашалник дали технолошки / економски може да се изведи тоа. Доволно проблеми си имаат со сегашниот стандард што е и причина за дискусијава, па камоли со новиот стандард.

Оттука и огромната инвестиција на Фолксваген од преку 10 билиони евра во електричните возила. Не само Фолксваген, туку скоро сите производители планираат минимум еден електричен модел во 2020 година.

Од друга страна, бројот на електрични возила е во постојан пораст:

Не знам, ти го спомна Епл, па обиди се ти да објасниш која ти беше целта на споредбата која ја правиш помеѓу автомобилската индустрија и информатичката индустрија.

Инаку, на македонски јазик велиме милијарди, а не билиони евра.

Слободно нека инвестираат и Фолксваген и сите останати автомобилски гиганти колку сакаат во електрични возила, додека не ги видиме на улиците и патиштата, дизелашите не си заминуваат.
 
Објаснав најмалку 2-3 пати, но изгледа не секој има капацитет да сфати.

Ако не го поткрепиш со некакви аргументи, твоево тврдење како и сите досега паѓаат во вода.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Објаснав најмалку 2-3 пати, но изгледа не секој има капацитет да сфати.

Ако не го поткрепиш со некакви аргументи, твоево тврдење како и сите досега паѓаат во вода.
Па и твоето тврдење не е поткрепено со аргументи, но сепак не се откажуваш од истото, и тоа е сосема во ред.

Јас од друга страна, не ги гледам твоите електрични автомобили на патиштата, ама затоа дизелашите гледам ги има во изобилие. Но не се секирај, ќе ти признаам веродостојност на твоите тврдења кога ќе зачестат електричните автомобили на патиштата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom