city напиша:
ftopic: да се соглсувам со тебе. но мислам на техничари од аспект на монтажери, што ќе прават (ДОБРИ) реклами и џинглови, не мислиш дека успехот на двете најслуашни радио станици кај нас меѓудругото се должи и на тоа?
За секој радио слушател рекламата во програмата е „нужно зло“ и никако неможам да се согласам дека некој ќе слуша радио заради рекламите или ќе гледа ТВ заради нив. Ако не е так тогаш зошто рекламните блокови обично се сместуваат во емисии и програми кои имаат најголем рејтинг кај аудиториумот?-Само со цела за да бидат од истиот аудиториум забележани.
-Скоро да е и неважно колку и како ќе бидат направени рекламите за „ Мини маркет Симе“, „Пиљарница Диме“ или „Рибарница Климе“ кои ќе се рекламираат во најевтините блокови со најниска цена за најкус период, без одредена кампања и од кои неможеш да наплатиш изведба на радио рекламен спот. Кај нив најчесто оди се во пакет, deja vu jingle со неавторска музика во фон преку која вработениот спикер збрда-здола ќе прочита off tone и ќе му залепиш 2-3 ефекти да не е многу сиромашно.Јебига, колку пари толку музика. -За такви реклами не е потребен врвен тонец! А кај „големите“ клиенти како што е Скопска Пиварница, Кока Кола, Пепси, Нестле...нивните спотови доаѓаат готови, адаптирани за МК говорно подрачје од старана на агенцијата што ја води нивната кампања која таа работа ја завршила кај некоја од аудио продукциите или тонски студија така да нема што да се направи за нив освен да се емитува.
Jingl за емисија се прави еднаш и тој се користи цело време додека емисијата постои најчесто заради создавање на ефект на звукова препознатливост на програмата, така да и тука нема голема потреба од вработување на врвен тонец зашто таа работа може да се заврши кај некоја аудио продукција или надворешен соработник за хонорар.
Ако мене ме прашаш, креативна работа во медиум каква што ти спомна не се работи за плата туку за хонорар исклучиво и по договор поединечно по проект.