Еднаш кажав на темава, ќе кажам пак. Го обожавам човечето, закон ми е. И не во иронична смисла, стварно го сакам. Кога он коментира, дополнителен жар дава на натпреварот, затоа што искрено и од срце коментира. Не знам на кој натпревар беше, мислам со Грција дека беше, се осеќаше неговото отсуство. Неговите киксови прават уште да ми е посимпатичен како коментатор. Во такви моменти на хистерија ретко кој е свесен што збори. Па човекот беше спремен лом да се направи со судиите, па има ли друг што ќе го направи тоа.
Она што ми беше интересно, после Литванија, кога Илиевски го изјави познатото “Леле, леле што направивме“, Игор викаше: Така е Владо, така е, овој вика не знае каде е, Игор го смирува имаш право, така е така е... ЅВЕР! Па се расплаче дури на дочекот.
Легенда е. Легенда.