Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.243
- Поени од реакции
- 1.299
100% се согласувам со ова.Од мое искуство има само еден универзален принцип, дека продуктот е сопственост на тимот и дека тимот треба да знае што е најдобро за продуктот.
Нема ништо подобро од тоа кога фирмата така гледа на своите тимови и продукти. Сите работи што се дефнириаат во тимот (позиции, одговорности, итн) требат да зависат од самиот тим. Тимот треба да има активно учество во дефиницијата на својата работа. Луѓето што живеат во "процесот" на работа, се тие што највеќе можат да кажат што е добро а што недостасува.
Така да, од мое искуство, работата е баш онака како што кажа @Inglourious Basterd.
Пример, еден од сервисите на кои што работи мојот тим е public, наменет за ненајавени корисници кои некогаш може да остават сензитивни податоци. За тој модул, покрај e2e и integration tests, правиме и регуларни load и pen тестови.
Од друга страна имаме сервис за кој што немаме никакви автоматизирани тестови. Бизнис логиката на овој сервис е доста фиксна (многу ретко се менува) а зависи од многу надворешни системи, па интеграциски тестови со мокирани надворешни системи нема да ни завршат никаква работа. Во овој случај, многу ни е полесно да направиме мануелен тестинг на секоја нова верзија.
Е сега, дали ќе беше подобро да имавме какви такви тестови? Па да, секогаш е добро да имаш тестови. Ама сме одлучиле дека придобивката од нив е толку мала што повеќе ни се исплати да работиме на нешто друго

Битно е дека не треба да бидеме робови на процедурите и методологиите на работа, туку да ги користиме како алатки модифицирани според нашите потреби.
И од тука произлегува тоа што го зборувавме неколку страни наназад, дека позициите се различни во секоја фирма. Во некоја фирма бекндашот (го сакам терминов

Реалноста е дека колку помалку вештини имаш, толку потешко ќе наоѓаш работа, без разлика колку си добар во тоа едно нешто што го знаеш.
Пример, замислите дека сте фирма и сакате да направите web app како kajgana.com. Очекувате дека после 2-3 год ќе стигнете до 4-5к корисници со макс 100 конкурентни корисници.
Во моментов работите на креирање на бекенд тимот. Дали би вработиле: тројца експерти (dev, dev-ops i db) или некој со 2-3 години искуство, кој што има moderate разбирање од овие 3 области
