ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
17 август 2011
Мислења
9.758
Поени од реакции
17.457
Колку е остварливо ова 800 евра за 2 години искуство? Претподтавувам дека има доста програмери што ќе заглават на иста плата неколку години. Чисто ме интересира, не сум работел во ит фирма.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917
Па муабетот го отворивме за јуниор со 2 години искуство во енгулар. Што е блиску до мид. Плус дечкото праша за фриленс. Вака оди мојата пресметка за фриленсер:

1. Колкава плата би земал во нормална компанија со 2 години искуство? - Нека биде 800 евра нето, песимистички.
2. 800 евра нето = 72500 денари (1150 евра) бруто (од тука ги спомнав тие 1150)
3. +10% затоа што кога сум фриленс контрактор имам дополнителни глупости (треба да се мачам сам да регистрирам приходи, да плаќам осигурувања, опремата е моја, трошоци за хом офис) 1150 + 10% = 1260 евра месечно.
4. +10% затоа што како фриленс контрактор договорот може да ми заврши било кога. И ако паузирам месец-два измеѓу една и друга работа, ми отишле помеѓу 10% до 20% од плата годишно. 1260+10% = 1390.

Или во превод, за секаков договор што е под 1400 евра месечно, на крај памет не би ми паднало да работам фул тајм фриленс. (Патем, не теоретизирам, сум работел и едното и другото) Повеќе ми се исплати да се вработам за 800 евра во фирма.
Не секоја странска фирма се нафаќа да префрла пари на физичко лице (пајонир, пејпал и сл), при што мора да регистрираш фирма за која месечно имаш 100 евра само:сметководител (3-4к месечно), завршна сметка (3500/12 месечно), банка за правни лица и Ел банкарство (1500-2000 месечно), фирмарина (7000/12 месечно) + давачки за придонеси на сумата што ќе се пријавиш, персонален, данок на добивка и до минатата година ако си над 3 милиони денари прилив од надвор имаше ддв, оваа мислам ќе биде 5 милиони.
Како и да ја вртиш мин 20% ќе ти ги земе државата.
Плус ти е опрема (лаптоп, асални столица и биро).
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Колку е остварливо ова 800 евра за 2 години искуство? Претподтавувам дека има доста програмери што ќе заглават на иста плата неколку години. Чисто ме интересира, не сум работел во ит фирма.
Остварливо е и за една. Дека некој заглавил на иста плата со години, не сум слушнала, барем не во поголемите ИТ фирми каде што имам познати. Е сега програмер во некоја не ИТ фирма, можеби.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
Блазе си ви на бројките. Моја перцепција од досегашно искуство со ИТ светот би било вакво нешто:

< 2 години искуство: 25к - 35к
~2 години искуство: 35к-50к
~4 години искуство: 50-70к
5+ години искуство: 70 - 120к

Не познавам луѓе што земаат 120к+ плата, така да тука го ставам прагот.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.185
Поени од реакции
14.457
well со две години искуство си уште јуниор на некој начин, така да 35 - 55к е океј рамка.

Малце е лошо што имаш само главни "звања" јуниор-мид-сениор, меѓутоа измеѓу имаш нивоа, не секој јуниор е на исто ниво, не секој мид е на исто ниво итн.

Исто би сакал да посочам дека не може сите да напредуваат со исто темпо, двајца што почнуваат во исто време со исто (пред)знаење за 2 години во најголем случај нема да бидат пак на исто место со знаењето и одговорностите, и напредувањето е различно.

Според мене не може да се дефинира одговорност (а со тоа и плата) чисто само според колку години работиш, имало луѓе кои за 4 години напреднале многу малку, се наоѓаат во тој comfort zone, океј им е и немаат поглеми амбиции, не сакаат поголема одговорност.

Од друга страна, имало луѓе кои за 1-2 години напреднале многу повеќе од стандардот што е за тој период, гладни се за повеќе и сакаат поголема одговорност.

Тоа е до самиот човек и сметам дека двете се океј, сепак сме сите луѓе а не роботи, со различен менталитет, секој со различни проблеми во животот и не може да се стави фиксно "еве вака треба" и да се очекува од сите исто да напредуваат.

Се додека секој си ги исполнува обврските, фирмата треба да најде соодветно место (и плата) за него во фирмата, а сето тоа да биде искомуницирано на начин на кој ќе разбере и самиот вработен зашто е таму каде што е.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.149
Поени од реакции
25.591
Малце е лошо што имаш само главни "звања" јуниор-мид-сениор, меѓутоа измеѓу имаш нивоа, не секој јуниор е на исто ниво, не секој мид е на исто ниво итн.
Има и звања над сениор, во сите фирми различно ги именуваат. Плус секоја роља различни енричментс (менаџерски обврски, проектни обврски, технички специфики) што ја прават персонифицирана. И да, за еден човек со 5 години искуство фирма може да издвојува 2000+ евра плата и да би му дала се во случај да сака да замине, а за друг со истото искуство да не е спремна да оддели 1500.
 
Член од
8 февруари 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, има ли некој инфорамции каква е компанијата Vox Teneo? Сакам да аплицирам кај нив...
 
Член од
12 мај 2020
Мислења
91
Поени од реакции
55
Здраво, има ли некој инфорамции каква е компанијата Vox Teneo? Сакам да аплицирам кај нив...
Незнам што фирма е само гледам нон стоп имаат огласи. Исто ко ПротонМаил и слични.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.139
Поени од реакции
1.078
Малце касно се уклучувам во дискусијата за платите, ама ја читав неколку страни наназад. Реалноста е дека термините junior, mid и senior се премногу општи во нашата бранша. Нивното значење страшно варира од фирма до фирма и затоа постои голема разлика во платите. Кога одите на интервју во фирма, нив не ги интересира дали сте биле junior / mid / senior , туку дали ќе можете да се справите со одговорностите на позицијата за која аплицирате.
Бидејќи во сите компании е различно, јас ќе зборувам за моето искуство. Би било cool ако сите ги споделиме нашите искуства за тоа што значат овие титули во компаниите во кои работиме :D


Ако аплицрате за entry position developer (да речеме junior), тогаш компанијата ја интересира дали имате основни комуникациски и програмерски (императивно, објектно ориентирано програмирање) вештини, кои таа во рок од 6-12 месеци ќе успее да ги порасне до степен во кој:
  • Ќе можете да го научите и применувате coding style-от на компанијата (не значи дека мора да го разберете). На пример, ако фирмата одлучила дека сака да користи JPQL наместо native queries, ќе се трудите секогаш да пишувате JPQL. Ако фирмата одлучила дека не сака да користи imperative style, ќе се насочите кон declarative & functional programming.
  • Ќе знаете да ги реискористите веќе постоечките components/tools/libraries при решавање на вашите таскови. Ако во продуктот постои date-picker компонента а во вaшиот таск треба да креирате форма со dateOfBirth поле, ќе ја реискористите таа компонента.
  • Има основни познавања за архитектурата на апликацијата. Може да одреди дали даден код треба да влезе во presentation или domain layer-от.
  • Ќе стекнете одлично познавање за процесот на работа во фирмата. Што е разликата помеѓу feature branch и hotfix branch? Што е merge request и каков е неговиот lifecycle? Ова ќе ви овозможи да го разбирате јазикот на senior и mid инженерите, што пак ќе ви овозможи да учите од нивните интеракции.
  • Ќе научите да поставувате прашања. Никој не сака да слушне прашање од типот: "Не можам да направам X". "Не можам да направам X, разгледав низ другите модули, побарав и online, ама не најдов сличен пример/грешка" звучи многу подобро, покажува дека сте вложиле труд и го цените времето на тој што го прашувате за помош.

Со еден збор, junior позицијата е техничка. Луѓето на оваа позиција работат на добро дефинирани таскови, на модулите со помал импакт.

Mid (ги исполнува сите junior точки):
  • Покрај применувањето, ги разбира и бенефитите на поставениот code style. Во примерот со JPQL, знае дека тие queries можат лесно да бидат валидирани во compile time, па грешката ќе биде фатена многу побрзо отколку со користење на native queries (грешката ќе се види во runtime).
  • Ја разбира поставената архитектура и може да ја копира во својата работа. Луѓето на оваа позиција може да работат на поголеми таскови и да учествуваат во нивното до-специфицирање.
  • Добива можност да работи и на похардкор тасковите, што побарува:
    - добро техничко познавање (како да го изведам X)
    - некој лимитира domain knowledge (како клиентите ќе го користат X) кој ќе му помогне да ги донесе правилните технички одлуки.
  • Има добра комуникација со junior девелоперите и може да им помогне во нивната секојдневна работа. На овој начин, го намалува времето кое senior/lead девелоперите го поминуваат со junior девелоперите.
  • Станува одговорен за одржување на одредени модул/функционалност.
  • Знае да се снајде со работа под притисок (пример, hotfix кој треба да се пушти до крајот на денот)

Senior

  • Има одлично техничко познавање на системот, работи на system critical модулите, знае да прави оптимизации на различни нивоа (FE/BE/DB).
  • Работи на абстракција и генерализација. Кодот кој го пишува senior треба да го погоди тој sweet spot помеѓу генерично и разбирливо. Компонента напишана од senior треба да биде доволно генеричка за да опфати повеќе use cases, но истовремено треба да биде и доволно јасна за да може да ја користи junior (не значи дека тој мора да разбира како таа работи во позадина).
  • Има одлично познавање за архитектурата и зависностите помеѓу модулите. Ја разбира цената при додавање на нова зависност и знае да го предвиди нејзиниот импакт.
  • Има соодветен domain knowledge за продуктот. Тоа значи дека има добра претстава за тоа како корисниците го користат системот, кои моменталните предности и слабости во системот. Moже да предвиди што ќе се прави следно.
  • Учествува во градењето на coding style-от и архитектурата на продуктот.
  • Знае да делегира.
  • Се грижи за квалитетот.
  • Е добар ментор, знае да го пренесе своето знаење на помладите колеги, врз основа на нивниот степен на знање.
  • Учествува во planning фазата, каде што дава фидбек за планираната работа. Неговиот збор има значење и знае да направи пушбек (имаме збор за ова?) ако нешто изгледа нереално.
  • Знае да постави приоритети
  • ...
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
@Amaterasu супер објаснето, само некои фирми во очаен обид да вработат и задржат кадар, се расфрлаат со титуливе. Сите сакаат да бидат сениори, кога ќе дојде време за носење одлуки прц, ги нема. Ама битно на прв состанок ќе ти се претстави Здраво, јас сум Петко и сум сениор девелопер.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.149
Поени од реакции
25.591
Сениор е човек што кога работите не одат ко што треба, станува и вика ова е моја вина, требаше тоа и тоа да го направам подобро, и навремено да приметам дека нешто не се направило како што треба. И притоа комплетно ги штити појуниор колегите од било каков притисок. Се друго е само сениор на хартија.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.427
Поени од реакции
9.132
Дали некој има инфо за фирмата:
nik sistemi
ceo slavcho nakev

Дали е добра за почетник?
Работна атмосфера?
Работен договор, плата?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.149
Поени од реакции
25.591
Дали некој има инфо за фирмата:
nik sistemi
ceo slavcho nakev

Дали е добра за почетник?
Работна атмосфера?
Работен договор, плата?
НИК Системи е приватна компанија која се занимава со инсталирање и продажба на компоненти и системи за:
А. Индустриска автоматизација
Б. Техничка заштита на објекти
В. Детекција и дојава н позар и опасни гасови како Метан, ЦО, ТНГ и сл.
Г. Контрола и евиденција на работно веме со картички и отпечаток на прст
Д. Домофонија, Видеодомофонија и Интерфонија
Ѓ. Менаџирање и наплата на Паркинзи и Катни гаражи
Е. Контрола и регулација на движење на луѓе и возила со механички бариери

Ова е повеќе хардвер/системаши. Тешко дека имаат нешто IT related.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.427
Поени од реакции
9.132
НИК Системи е приватна компанија која се занимава со инсталирање и продажба на компоненти и системи за:
А. Индустриска автоматизација
Б. Техничка заштита на објекти
В. Детекција и дојава н позар и опасни гасови како Метан, ЦО, ТНГ и сл.
Г. Контрола и евиденција на работно веме со картички и отпечаток на прст
Д. Домофонија, Видеодомофонија и Интерфонија
Ѓ. Менаџирање и наплата на Паркинзи и Катни гаражи
Е. Контрола и регулација на движење на луѓе и возила со механички бариери

Ова е повеќе хардвер/системаши. Тешко дека имаат нешто IT related.
Не е лично за мене, се работи за брат на пријатели и ајде да прашам тука.
Фала во секој случај.
Најверојатно за авотматизација или нешто слично аплицирал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom