ИТ фирми и пракси во Скопје

Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.134
Поени од реакции
9.341
1. google.com
2. search adeva
3. https://adevait.com/

Супер, еве да видиме. На официјалната страна нема конкретен оглас за вработување, изгледа налик нешо на toptal.
Апропо муабетот неколку страни поназад, дека се вработуваат џуниори кои се шиткаат како интер на клиенти, еве и нешо налик тоа.
Еве го "огласот" од регрутерката на фб, не знам излеа по убавина на профилна слика ќе ги бираат кандидатите.
Screenshot at Feb 17 15-10-48.png

Џуниор аплицира на официјалната страна со цв и проекти иииии .... voila.
Screenshot at Feb 17 22-14-01.png
 

LustingVertigo

Puppets. I pull their strings,they dance.
Член од
1 декември 2017
Мислења
253
Поени од реакции
149
Супер, еве да видиме. На официјалната страна нема конкретен оглас за вработување, изгледа налик нешо на toptal.
Апропо муабетот неколку страни поназад, дека се вработуваат џуниори кои се шиткаат како интер на клиенти, еве и нешо налик тоа.
Еве го "огласот" од регрутерката на фб, не знам излеа по убавина на профилна слика ќе ги бираат кандидатите.
Прегледај го приврзокот 284752

Џуниор аплицира на официјалната страна со цв и проекти иииии .... voila.
Прегледај го приврзокот 284749
i cri everitim
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
9.038
Поени од реакции
12.014
Си имал лошо искуство брат ама не се сите фирми такви во МК.
Кога викаш сениор, дали повеќе се движиш кон team lead и management или кон експертиза (software architect, domain expert, technology expert, итн)?

Многу е битно да се сфати дека кога се оди на интверју, не те интервјуира само тебе фирмата, туку и ти неа.
Прашувајте, информирајте се, барајте да ви кажат кои се точно одговорностите на позицијата што ќе ја добиете.
Прашајте каков е процесот на работа.
Како реагира фирмата во кризни периоди (дали ќе те тераат да работиш прекувремено, дали прв страда квалитетот итн).
Барајте да го запознаете тимот со кој што ќе работите. Ако тие ви изгледаат позитивно и мотивирано, супер, такви ќе бидете и вие после неколку месеци. Зборувајте со менаџерот/тим лидерот/менторот за проектот на кој ќе работите. Прашајте го за добрите и лошите страни. Ако ви кажат и лоши страни, тоа е обично добар знак :D
Кон второто. Џабе е се ако луѓето се гомна, а најчесто излегуваат такви иако на почеток не се. Во некои случаи тимот ми бил ремоут, но локални, така што ги запознаваш на денот кога се сетираш за нов проект, така што и не можеш да знаеш. Какви дешавки сум имал, кажуваш добронамерна сугестија, а тоа од другата страна се сфаќа како правење паметен и затоа после на code review ти пишува коментари еј алгоритмов ти е сјебан нешто ми крева cpu usage па мора да се објаснуваме и докажуваме со видеа и принтскринови дека не е така. Па ако тикетот не е ко што треба објаснет поставуваш прашање и не ти одговара или ти дава одговор кој не ти помага ништо, а не можеш да почнеш да работиш или треба да почнеш да работиш по свои претпоставки, а ко што знаеме претпоставките се mother of all fuckups така што на крајот и тоа ќе биде искористено против тебе и си викаш чекај бе ја дојдов да работам у фирмава или да се нервирам со луѓево и си го фаќаш патот. Сега моментално работам фриленс за швајцарска фирма, иако со луѓето не сме се запознале лично, ја покултурен однос у живот не сум доживеал. И во однос на прашања и рокови, се е лабаво, се е пополека, нема искомплексирани ликови, сите се фини и не го глумат тоа или го прават со некоја задна намера ко да те затрупаат со работа итн.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
5.370
Поени од реакции
5.502
Ако може мислење/совет за некоја од следниве фирми - Loca, CodeChem, Sorsix и Еxelerate (нова и мала фирма, со млад кадар), има активни работни позиции и пракси па ме интересира како стојат со можност за учење, напредок и дали одма влагаш во оган/мека транзиција има или те обучуваат доста време.
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.001
Поени од реакции
2.110
Малце касно се уклучувам во дискусијата за платите, ама ја читав неколку страни наназад. Реалноста е дека термините junior, mid и senior се премногу општи во нашата бранша. Нивното значење страшно варира од фирма до фирма и затоа постои голема разлика во платите. Кога одите на интервју во фирма, нив не ги интересира дали сте биле junior / mid / senior , туку дали ќе можете да се справите со одговорностите на позицијата за која аплицирате.
Бидејќи во сите компании е различно, јас ќе зборувам за моето искуство. Би било cool ако сите ги споделиме нашите искуства за тоа што значат овие титули во компаниите во кои работиме :D


Ако аплицрате за entry position developer (да речеме junior), тогаш компанијата ја интересира дали имате основни комуникациски и програмерски (императивно, објектно ориентирано програмирање) вештини, кои таа во рок од 6-12 месеци ќе успее да ги порасне до степен во кој:
  • Ќе можете да го научите и применувате coding style-от на компанијата (не значи дека мора да го разберете). На пример, ако фирмата одлучила дека сака да користи JPQL наместо native queries, ќе се трудите секогаш да пишувате JPQL. Ако фирмата одлучила дека не сака да користи imperative style, ќе се насочите кон declarative & functional programming.
  • Ќе знаете да ги реискористите веќе постоечките components/tools/libraries при решавање на вашите таскови. Ако во продуктот постои date-picker компонента а во вaшиот таск треба да креирате форма со dateOfBirth поле, ќе ја реискористите таа компонента.
  • Има основни познавања за архитектурата на апликацијата. Може да одреди дали даден код треба да влезе во presentation или domain layer-от.
  • Ќе стекнете одлично познавање за процесот на работа во фирмата. Што е разликата помеѓу feature branch и hotfix branch? Што е merge request и каков е неговиот lifecycle? Ова ќе ви овозможи да го разбирате јазикот на senior и mid инженерите, што пак ќе ви овозможи да учите од нивните интеракции.
  • Ќе научите да поставувате прашања. Никој не сака да слушне прашање од типот: "Не можам да направам X". "Не можам да направам X, разгледав низ другите модули, побарав и online, ама не најдов сличен пример/грешка" звучи многу подобро, покажува дека сте вложиле труд и го цените времето на тој што го прашувате за помош.

Со еден збор, junior позицијата е техничка. Луѓето на оваа позиција работат на добро дефинирани таскови, на модулите со помал импакт.

Mid (ги исполнува сите junior точки):
  • Покрај применувањето, ги разбира и бенефитите на поставениот code style. Во примерот со JPQL, знае дека тие queries можат лесно да бидат валидирани во compile time, па грешката ќе биде фатена многу побрзо отколку со користење на native queries (грешката ќе се види во runtime).
  • Ја разбира поставената архитектура и може да ја копира во својата работа. Луѓето на оваа позиција може да работат на поголеми таскови и да учествуваат во нивното до-специфицирање.
  • Добива можност да работи и на похардкор тасковите, што побарува:
    - добро техничко познавање (како да го изведам X)
    - некој лимитира domain knowledge (како клиентите ќе го користат X) кој ќе му помогне да ги донесе правилните технички одлуки.
  • Има добра комуникација со junior девелоперите и може да им помогне во нивната секојдневна работа. На овој начин, го намалува времето кое senior/lead девелоперите го поминуваат со junior девелоперите.
  • Станува одговорен за одржување на одредени модул/функционалност.
  • Знае да се снајде со работа под притисок (пример, hotfix кој треба да се пушти до крајот на денот)

Senior

  • Има одлично техничко познавање на системот, работи на system critical модулите, знае да прави оптимизации на различни нивоа (FE/BE/DB).
  • Работи на абстракција и генерализација. Кодот кој го пишува senior треба да го погоди тој sweet spot помеѓу генерично и разбирливо. Компонента напишана од senior треба да биде доволно генеричка за да опфати повеќе use cases, но истовремено треба да биде и доволно јасна за да може да ја користи junior (не значи дека тој мора да разбира како таа работи во позадина).
  • Има одлично познавање за архитектурата и зависностите помеѓу модулите. Ја разбира цената при додавање на нова зависност и знае да го предвиди нејзиниот импакт.
  • Има соодветен domain knowledge за продуктот. Тоа значи дека има добра претстава за тоа како корисниците го користат системот, кои моменталните предности и слабости во системот. Moже да предвиди што ќе се прави следно.
  • Учествува во градењето на coding style-от и архитектурата на продуктот.
  • Знае да делегира.
  • Се грижи за квалитетот.
  • Е добар ментор, знае да го пренесе своето знаење на помладите колеги, врз основа на нивниот степен на знање.
  • Учествува во planning фазата, каде што дава фидбек за планираната работа. Неговиот збор има значење и знае да направи пушбек (имаме збор за ова?) ако нешто изгледа нереално.
  • Знае да постави приоритети
  • ...
Ova e sve tocno i ubavo ama nemozes da ocenish od eden saat interakcija dali eden kandidat gi chekira site ovie tochki.
Vodam intervjua vekje dobri tri godini. Nastrana od prakticnata zadaca koja e fokus na edno intervju, dobar rule of thumb koj go primenuvam za intervjuiranje na razlicni senioriteti e principot na "Shto; Kako; Zoshto". Od juniorite se ocekuva da imaat minimalno razbiranje na tehnologijata, od mid se ocekuva da imaat podrobno a od seniorite se ocekuva detalno razbiranje.

Eve posto pogore se spomna react developer, kako izoliran primer ke go zemam skrinshotot od pogore za intervju za hipoteticka react pozicija.
(Vo realni uslovi, vistinsko intervju povekje bi imalo fokus na prakticna zadaca)

1. Junior react developer: (oxymoron if u ask me)
- Shto e toa reconciliation vo react?

2. Mid react developer:
- Kako raboti reconcilierot vo react?
- Kako mozeme da go bajpasneme?

3. Senior react developer:
- Zoshto ponekogash treba da go bajpasneme?
- Dali e toa dobra ideja?
- Zoshto ne go bajpasnuvame celo vreme?
itn itn...

Poentata mi e deka od senior se ocekuva da moze detalno da ja objasni glavnata tehnologija/jazik vo koja/koj raboti. A najdobar nacin na koj mozete da sovladate edna tehnologija e so debug i so citanje na izvorniot kod.
Na ovoj princip imam intervjuirano odlicni kandidati od site senioriteti i mnogu od niv mi se kolegi do den denes.

Ќе си земам за слобода да ти дадам само еден совет од мое искуство: додека си почетник фирмите не ги избирај примарно ради парите туку на прво место секогаш да ти биде можноста за учење и надградба како кадар.

Имаш фирми каде платите се високи, ама пак немаш ни можност за да учиш (немаат време поискусните да се замараат со тебе, корпорациско работење (секој за себе и за свој личен напредок, да те гледа да умираш од работа нема со прст да мрдне за помош), сериозни проекти кон клиентите каде немаш време со денови да читаш за да најдеш решение и сл).
Jas bi ti rekol bash naprotiv, baraj visoka plata i frli se vo ogan, izgori ednas for good measure.
Nema podobar uchitel od pritisokot.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.899
Поени од реакции
13.525
Jas bi ti rekol bash naprotiv, baraj visoka plata i frli se vo ogan, izgori ednas for good measure.
Nema podobar uchitel od pritisokot.
Види фрлањето во оган е и голем влог, може да те искали ама и да те изгори квалитетно, додатно и не секој под 25-6 години сака да си го стави животот на пауза за да се бори со огнот.

Не ми беше тоа поентата, туку дека примарно треба да му биде место каде ќе има од кого да учи (и нормално и да имаат желба да му покажат).

Околу фрлањето во оган може да ти се случи и во фирма каде кога ќе дојде жешкото ќе има кој да те извади (со што ако ти објасни како го решил ќе учиш), ама и во фирма каде ќе бидеш оставен сам на себе и ќе се пцуеш и себеси и професијата по 50 пати на ден, и истото што може да го научиш од некој искусен во 1 година ќе го учиш минимум 2.

Второто ти го кажувам од свое искуство, како почетник сум бил со ОК плата за тој момент ама и фрлен сам на себе во огромен проект, влегов на место од човек кој го работел тоа повеќе од 6 години али имаше дадено отказ/годишен одмор/не баш во добри односи со претпоставените и немав можност ни да му се јавам за да прашам што/како, гратис јас бев единствен што ја работеше таа технологија. Првите 2-3 години имав ставено се останато од животот на пауза, работа и читање и по 14-16 часа на ден, стрес упм, инсомнии, подочњаци со кои без шминка можев да глумам ѓаол во приказните :D

Како споредба пред година и пол ми донесоа џуниор кој го учев јас, дечкото беше и малку досаден карактерно (да не речам pain in the ass), ама кога гледам некој дека сака да учи имам желба и да му покажувам. Поентата ми е дека во година и пол го научив двојно повеќе од тоа што знаев јас во првите 3 години каде немало со кого да се консултирам за било која работа. Ако сега имам можност да бирам - би бирал ваква опција и за мое општо добро и за професионален напредок.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
12.673
Поени од реакции
18.153
Види фрлањето во оган е и голем влог, може да те искали ама и да те изгори квалитетно, додатно и не секој под 25-6 години сака да си го стави животот на пауза за да се бори со огнот.
Напорно е, ама исплатливо ако се избориш со огнот. За 2-3 години ќе добиеш искуство и зрелост што луѓе што не биле фрлени во оган ги добиваат за 10. И пазарот знае да го препознае тоа.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.899
Поени од реакции
13.525
Напорно е, ама исплатливо ако се избориш со огнот. За 2-3 години ќе добиеш искуство и зрелост што луѓе што не биле фрлени во оган ги добиваат за 10. И пазарот знае да го препознае тоа.
Се согласувам, особено во поглед на менаџирање и справување со проблемите, работење под притисок и сл.
Но од аспект на учење на техничкиот дел - дефинитивно е подобро да почнеш некаде каде ќе има кој да те учи.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
5.518
Поени од реакции
4.087
За човек со фронт енд искуство во енгулар од 1-2 години, таман е задачава. Времето би било таман исто, ако тоа ти е единствена работа. Не зеле во предвид дека најголем дел од кандидатите веќе ќе имаат работа. Платата е смешно ниска.
"Тасков" во реална средина е цел проект на кој ќе се работи неколку месеци, а они очекуваат да биде сработено за 3 дена. Премногу глупости тропаш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
12.673
Поени од реакции
18.153
"Тасков" во реална средина е цел проект на кој ќе се работи неколку месеци, а они очекуваат да биде сработено за 3 дена. Премногу глупости тропаш.
Што тоа ќе се работи неколку месеци? :pos::pos:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
83.540
Поени од реакции
192.328
Напорно е, ама исплатливо ако се избориш со огнот. За 2-3 години ќе добиеш искуство и зрелост што луѓе што не биле фрлени во оган ги добиваат за 10. И пазарот знае да го препознае тоа.
Word. Последниот пат кога ми се случи ова, се наредно што доаѓаше година и пол го сработив со втора брзина.
 
Член од
26 јуни 2018
Мислења
18
Поени од реакции
28
Здраво до сите, размислувам да почнам курс за Software Testing - гледам Сивус имаат програма што почнува наскоро - имате ли некои искуства со нив или повеќе би препорачале друга компанија? Критериуми/прашања по кои би оценувала курс се: 1. Дали е технички добра програмата особено за почетник без претходно знаење? 2. Дали нудат пракса која би можела да се претвори во работна платена позиција во некој прифатлив рок (1 година до 1,5 година)? Многу сум благодарна доколку можете да споделите искуство или информации - поздрав Ема
 
Член од
4 август 2012
Мислења
149
Поени од реакции
53
Не знам дали е попаметно да дадам отказ, па да барам нова работа или да најдам нова работа, па да дадам отказ. Секој ден се фрустрирам и нервирам со неорганизираноста, неодговорноста и недоволната посветеност на фирмата кон мене како џуниор. Веќе скоро 11 месеци маткање натака навака. Демотивација и burnout. Уште поголема демотивација ми е тоа што читам колку тешко се наоѓа работа и дека во 95% од фирмите ситуацијата е иста. А пак кога ќе ми текне колку се напорни интервјуата... :place:

Бaј д веј некој да знае критериуми на Нетцетера при вработување или повик за интервју?
 

LustingVertigo

Puppets. I pull their strings,they dance.
Член од
1 декември 2017
Мислења
253
Поени од реакции
149
Не знам дали е попаметно да дадам отказ, па да барам нова работа или да најдам нова работа, па да дадам отказ. Секој ден се фрустрирам и нервирам со неорганизираноста, неодговорноста и недоволната посветеност на фирмата кон мене како џуниор. Веќе скоро 11 месеци маткање натака навака. Демотивација и burnout. Уште поголема демотивација ми е тоа што читам колку тешко се наоѓа работа и дека во 95% од фирмите ситуацијата е иста. А пак кога ќе ми текне колку се напорни интервјуата... :place:

Бaј д веј некој да знае критериуми на Нетцетера при вработување или повик за интервју?
Не би ти препорачал да напуштиш во овој период.
Посвети си самиот себеси внимание со курсеви во областа која ја изучуваш, и аплицирај воедно во други фирми се додека не најдеш друго работно место, па потоа можеш да дадеш отказ.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.899
Поени од реакции
13.525
Не знам дали е попаметно да дадам отказ, па да барам нова работа или да најдам нова работа, па да дадам отказ. Секој ден се фрустрирам и нервирам со неорганизираноста, неодговорноста и недоволната посветеност на фирмата кон мене како џуниор. Веќе скоро 11 месеци маткање натака навака. Демотивација и burnout. Уште поголема демотивација ми е тоа што читам колку тешко се наоѓа работа и дека во 95% од фирмите ситуацијата е иста. А пак кога ќе ми текне колку се напорни интервјуата... :place:

Бaј д веј некој да знае критериуми на Нетцетера при вработување или повик за интервју?
Како што ти пиша и другиот член, прво најди друга работа, па давај отказ.Во зависност од отказниот рок што го имаш во договор ќе се договораш со новата фирма. Особено почетник е многу ризичен потег да дадеш отказ без веќе најдена работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom