Не секоја странска фирма се нафаќа да префрла пари на физичко лице (пајонир, пејпал и сл), при што мора да регистрираш фирма за која месечно имаш 100 евра само:сметководител (3-4к месечно), завршна сметка (3500/12 месечно), банка за правни лица и Ел банкарство (1500-2000 месечно), фирмарина (7000/12 месечно) + давачки за придонеси на сумата што ќе се пријавиш, персонален, данок на добивка и до минатата година ако си над 3 милиони денари прилив од надвор имаше ддв, оваа мислам ќе биде 5 милиони.Па муабетот го отворивме за јуниор со 2 години искуство во енгулар. Што е блиску до мид. Плус дечкото праша за фриленс. Вака оди мојата пресметка за фриленсер:
1. Колкава плата би земал во нормална компанија со 2 години искуство? - Нека биде 800 евра нето, песимистички.
2. 800 евра нето = 72500 денари (1150 евра) бруто (од тука ги спомнав тие 1150)
3. +10% затоа што кога сум фриленс контрактор имам дополнителни глупости (треба да се мачам сам да регистрирам приходи, да плаќам осигурувања, опремата е моја, трошоци за хом офис) 1150 + 10% = 1260 евра месечно.
4. +10% затоа што како фриленс контрактор договорот може да ми заврши било кога. И ако паузирам месец-два измеѓу една и друга работа, ми отишле помеѓу 10% до 20% од плата годишно. 1260+10% = 1390.
Или во превод, за секаков договор што е под 1400 евра месечно, на крај памет не би ми паднало да работам фул тајм фриленс. (Патем, не теоретизирам, сум работел и едното и другото) Повеќе ми се исплати да се вработам за 800 евра во фирма.
Остварливо е и за една. Дека некој заглавил на иста плата со години, не сум слушнала, барем не во поголемите ИТ фирми каде што имам познати. Е сега програмер во некоја не ИТ фирма, можеби.Колку е остварливо ова 800 евра за 2 години искуство? Претподтавувам дека има доста програмери што ќе заглават на иста плата неколку години. Чисто ме интересира, не сум работел во ит фирма.
Има и звања над сениор, во сите фирми различно ги именуваат. Плус секоја роља различни енричментс (менаџерски обврски, проектни обврски, технички специфики) што ја прават персонифицирана. И да, за еден човек со 5 години искуство фирма може да издвојува 2000+ евра плата и да би му дала се во случај да сака да замине, а за друг со истото искуство да не е спремна да оддели 1500.Малце е лошо што имаш само главни "звања" јуниор-мид-сениор, меѓутоа измеѓу имаш нивоа, не секој јуниор е на исто ниво, не секој мид е на исто ниво итн.
Незнам што фирма е само гледам нон стоп имаат огласи. Исто ко ПротонМаил и слични.Здраво, има ли некој инфорамции каква е компанијата Vox Teneo? Сакам да аплицирам кај нив...
НИК Системи е приватна компанија која се занимава со инсталирање и продажба на компоненти и системи за:Дали некој има инфо за фирмата:
nik sistemi
ceo slavcho nakev
Дали е добра за почетник?
Работна атмосфера?
Работен договор, плата?
Не е лично за мене, се работи за брат на пријатели и ајде да прашам тука.НИК Системи е приватна компанија која се занимава со инсталирање и продажба на компоненти и системи за:
А. Индустриска автоматизација
Б. Техничка заштита на објекти
В. Детекција и дојава н позар и опасни гасови како Метан, ЦО, ТНГ и сл.
Г. Контрола и евиденција на работно веме со картички и отпечаток на прст
Д. Домофонија, Видеодомофонија и Интерфонија
Ѓ. Менаџирање и наплата на Паркинзи и Катни гаражи
Е. Контрола и регулација на движење на луѓе и возила со механички бариери
Ова е повеќе хардвер/системаши. Тешко дека имаат нешто IT related.