Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.238
- Поени од реакции
- 1.295
Супер ако имаш таков mindset, ама погоре и во некој коментар понатака прочитав за тоа дека во мк фирмите се црнчи и се ниски платите. Мислам, нема ништо погорешно во тоа,има еден куп фирми за кои што е точно.Конкретно за себе, кога бев без искуство и барав пракса со можност за вработување или прва работа во ИТ, воопшто не ми беа битни пари, ќе работев и беспари, само да добијам шанса да учам и да се докажам. ИТ не е спринт, маратон е, само треба да добиеш шанса да учиш и работиш, платата ќе си дојде. Така да од тој аспект ова што го збориш, не верувам дека е вистина, ниеден што аплицира за јуниор или пракса не условува или гледа колку пари ќе зема, на сите им е јасно дека се на долгорочен пат.
За вториот дел се согласувам.
Само што луѓето треба да гледаат да искористат максимум од тие ситуации, тоа сакав да го кажам.
Според мене, секоја фирма што има преставништво во МК е македонска фирма, затоа што имаш локални менаџери кои работат како што работат по наши стандарди. Нормално имаш подобри и полоши фирми, а имаш и екстреми. Од луѓе со кои со месеци ништо не работат па до фирми кај што газдата ти ѕвони во 6 сабајле затоа што некој клиент се пожалил нешто.Имаа некои што условуваа до лани летото ама тоа дека имаше сеуште побарувачка на кадар.
Него друго ме интересира, како рангирате која е македонска фирма ? Гледам тука се хејтаат македонските фирми па ме итнересира кои фирми ги сметате за македонски ? И што е лошо во старт ап?
Стартапите обично ги хејтаат бидејќи таму најчесто ќе работиш повеќе улоги (пример ќе бидеш и девелопер и тестер и девопс), се послабо платени, планирањето е минимално и најчесто работите доаѓаат адхок. Накратко, работењето во повеќето стартапи е хаотично.
Ако сакаш да работиш само одредено улога, сакаш се да ти биде дефинирано, да немаш прекувремено и слично, стартап фирмите нема да ти одговараат.