ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Ова ви го зборував тука уште пред 1.5 година, ама ме правевте будала.
И од искусните ќе се бара се поголема продуктивност, со АИто едно чудо код се куца автоматски, гратис и пазарот е во се полоша состојба, се потешко се наоѓаат инвеститори.
Ќе те цитирам тука да не одиме офтопик.
Индустријата не се разви како што треба за да имаме континуиран и одржлив раст. Немаме доволно фирми со свои продукти кои ќе се пробијат на пазарот или нудење целосни решенија и изработка туку 90% се прерентање на програмери. Веќе наоѓаат поефтини решенијам, ЈУжна Америка, Азија па и Африка ќе почне. Најверојатно го достигнавме врвот и треба да се адаптираме за понатаму. 1000 годишно нови програмери/тестери ќе има.

Веќе почнаа кај нас во фирма да се бара, од само бекенд најверојатно ќе треба и ФЕ и ДевОпс да почнам барем со нешто. Секако планирав ФЕ фрејмворкот што го работиме ама изгледа ќе ме забрзаат. :icon_lol:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.123
Поени од реакции
36.279

На кратко, толку можеме како држава.
Има многу причини, ќе се задржам на неколку кои сметам дека се клучни:
Капитал - за продукт најчесто треба капитал кој во мкд е тешко да го собереш и затоа најчесто мора да нудиш сервиси. Инвеститори во ИТ скоро и да нема во таа држава, за цигла секој втор, за софтвер со среќа во потрагата.

Кадар - за да успееш со продукт со помал капитал, најчесто мора да си во индустрија која не е интересна за големите играчи. Како прво нема да најдеш стручни луѓе во такви индустрии, како второ тешко да собереш апла квалитетен тим, ретки се, и најчесто или работат за големите за по неколку илјади евра плата, или работат за себе/фриленс.
Муабетот е баце сега правам пари, ќе поработат да спечалам, ретко кој ќе преземе ризик да седнете и куцате нешто заедно без да примите денар во наредните 1-2 години, или да ставите на кредит куќи/станови.

Мајндсет - склоп на првите две, плус неписменост за бизнис и маркетинг. Ние сме копирачи, не иноватори, општо како народ, почнувајќи од училишни клупи, па се натаму. Колку професори имаш кои имаат направено иновации признаени на светско ниво? Со колку од нив си имал прилика да седнеш и создаваш нешто еден на еден?

Незаинтересираност на државата - нема грантови баце, во мкд и тие награди од по 30-40к се даваат ако му дадеш процент на тој што ги дели, јавна тајна е ова. За исти бизниси на запад може да добијат грантови од по 300-400к што во комбинација со инвеститорите ти е добитно комбо кај продукт. Еве пробај да рекламираш на LinkedIn и слични платформи, скапо е упм, за троа поасално рекламирање на таргетирани публика Google adds + LinkedIn имаме трошено по 150-250 евра на ден, ами кај се плати за маркетинг лица, продажби, програмери. Оваа сума за подизведувачи фирми и наш капитал е многу, тука пример е саат работа на програмер. Генерално фрлаат по 2-5% од годишен обрт за Б2Б, за некој со тукашни тендери тоа е најчесто 2-5% од 2-3 милиони на 4-5 вработени фирми, во мкд таков прилив нема да ти дојде ни со 15-20 вработени.

На крај од денот се е игра на бројки, кој има повеќе пари за горење, повеќе кадар за избор, поголем пазар и тн.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.900
Поени од реакции
18.618
Ќе те цитирам тука да не одиме офтопик.
Индустријата не се разви како што треба за да имаме континуиран и одржлив раст. Немаме доволно фирми со свои продукти кои ќе се пробијат на пазарот или нудење целосни решенија и изработка туку 90% се прерентање на програмери. Веќе наоѓаат поефтини решенијам, ЈУжна Америка, Азија па и Африка ќе почне. Најверојатно го достигнавме врвот и треба да се адаптираме за понатаму. 1000 годишно нови програмери/тестери ќе има.

Веќе почнаа кај нас во фирма да се бара, од само бекенд најверојатно ќе треба и ФЕ и ДевОпс да почнам барем со нешто. Секако планирав ФЕ фрејмворкот што го работиме ама изгледа ќе ме забрзаат. :icon_lol:
Не мислам дека е тоа проблем, повеќе е проблем зошто не постојат македонски фирми кои би нашле големи клиенти. А кај комшиите тоа и не е баш случај, па дури ни кај Србија и Албанија кои не се во ЕУ исто.

Еве ко исклучок би ги зел Cosmic Development кои за клиент ги имаат Rumble, само затоа што газди на Rumble се Македонци од Канада.

За УС имаш над 1.000.000 активни огласи за ит позиции, за Германија имаш над 300.000 во моментов. Сте чуле некоја странска компанија во последнава година кај нас да отвори фирма или па некоја наша фирма да се пробие на странски пазар и да земе работа и да отвори нови работни места?

Ја не се сеќавам да било поголемо мртвило од сега.
 
Последно уредено:

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
802
Поени од реакции
1.163

Македонија е 3rd world country и со слаба економија. 70% од ИТ фирмите се outsource и останатите работат за странски клиенти во секој случај.

Ако не иде работата како што не треба во тие hyper-economies (USA,Germany etc), кај нас ќе биде пропаст, убаво си кажа (y)
 
И многу ѓупски земји се, па се главни играчи на тој пазар. Се е до тоа каква слика/бренд ќе изградиш за земјата.

Не е проблем да си аутсорс, ама ако си ауторс биди аутсорс на твитер, редит и фејсбук, не на забаталена фирма од некое холандско село што гледа да помине поевтино со кадар од Македонија.

Могу нормално е тоа, ама некако не ми делува дека не оди работата на тие пазари, туку се предвидува двоциффрен раст во проценти за наредна година. А ние некако ко да не успеваме да го фатиме возот, тоа ми беше поентата, ниту пак има некакви обиди во таа насока.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.228
Поени од реакции
26.028
Ако ИТ пазарот во САД кивне, ние тука се разболуваме. Тоа е факт, прво зошто зависиме од нивни пари, второ зошто се тренд сетери. На пример, има фирми што по сите економски параметри растат побрзо од планираното, ама стагнираат со нови инвестиции, затоа што бордот буквално вика “а зошто не пробаме да направиме нешто како Илон Маск со Твитер?“.

Од аспект на плати, нема многу поефтини пазари од нашиот, така да, не е дека ја изгубивме конкурентноста.

Плус, има и субјективен момент во приказната. Живеевме во свет (2015-2023та) во која платата на вработен се дуплираше на секои три години, па макар воопшто не се замарал, туку само да оди по интервјуа. Тој свет е умрен.

Лестер ќе рече дека е заради АИто, јас мислам дека е заради тоа што се смени стратешкиот фокус на сопствениците на ИТ компаниите (тие што ги сетираат трендовите кај сите). До лани беше да се фалиш дека имаш многу вработени, сега е да се фалиш дека си оптимален. Ама небитно, во секој случај, таа околност е сменета.

И таа субјективна околност генерира незадоволство, особено помеѓу луѓе што никогаш не работеле надвор од ИТ балонот. Од бројките што ги имам видено бројот на вработени во ИТ никогаш не е престанат да се зголемува, платите никогаш не престанаа да се покачуваат. Единствената разлика е што фокусот за вработување се претежно сениори и по нешто ептен почетници, луѓето во средина висат. И покачувањата, наместо за сите (како што беше) се фокусирани на најпродуктивните вработени.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.376
Поени од реакции
3.417

Кај нас има и многу проблеми од бизнис околности, заостанати закони и општа неписменост на тие кои треба да ги променат. Наместо економија државата се занимава со надворешни политики кои не вродуваат со никаков плод. Имаш бизнис идеа, а немаш услови да ја реализираш и тапкаш во место.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.123
Поени од реакции
36.279
И многу ѓупски земји се, па се главни играчи на тој пазар. Се е до тоа каква слика/бренд ќе изградиш за земјата.

Не е проблем да си аутсорс, ама ако си ауторс биди аутсорс на твитер, редит и фејсбук, не на забаталена фирма од некое холандско село што гледа да помине поевтино со кадар од Македонија.

Могу нормално е тоа, ама некако не ми делува дека не оди работата на тие пазари, туку се предвидува двоциффрен раст во проценти за наредна година. А ние некако ко да не успеваме да го фатиме возот, тоа ми беше поентата, ниту пак има некакви обиди во таа насока.
Не знам како го замислуваш ова да бидеш аутсорс за вакви компании, да не ти кршам филм, за мкд фирми (македонски капитал и сопственост) ова е невозможна мисија.

Пред неколку денови баш бев во АУС во мала фирма, ги запознав на нетворкинг настан тука и сме во преговори за соработка, кул дечки (1 програмер, 1 продавач и 1 роботика), дечките продаваат уред кој користи computer vision и почнува да се применува во рударство. Од 2018 до почеток на 2022ра го граделе и биле финансирани од грантови на државата + грантови дадени од BHP и Rio Tinto, кои им ги купиле во претпродажба првите 60 уреди (еден кошта од 190 до 270к), плус преку истите тие успеале да продадат и во рударство во Канада уште 30 уреди.

Ваква фирма од мкд нема да успее ни да стигне на состанок со секретарката од BHP или слични тиер 1 компании, а не пак да седне на маса со директорите и да им продаде приказна за иновативност.

Ако ИТ пазарот во САД кивне, ние тука се разболуваме. Тоа е факт, прво зошто зависиме од нивни пари, второ зошто се тренд сетери. На пример, има фирми што по сите економски параметри растат побрзо од планираното, ама стагнираат со нови инвестиции, затоа што бордот буквално вика “а зошто не пробаме да направиме нешто како Илон Маск со Твитер?“.

Од аспект на плати, нема многу поефтини пазари од нашиот, така да, не е дека ја изгубивме конкурентноста.

Плус, има и субјективен момент во приказната. Живеевме во свет (2015-2023та) во која платата на вработен се дуплираше на секои три години, па макар воопшто не се замарал, туку само да оди по интервјуа. Тој свет е умрен.

Лестер ќе рече дека е заради АИто, јас мислам дека е заради тоа што се смени стратешкиот фокус на сопствениците на ИТ компаниите (тие што ги сетираат трендовите кај сите). До лани беше да се фалиш дека имаш многу вработени, сега е да се фалиш дека си оптимален. Ама небитно, во секој случај, таа околност е сменета.

И таа субјективна околност генерира незадоволство, особено помеѓу луѓе што никогаш не работеле надвор од ИТ балонот. Од бројките што ги имам видено бројот на вработени во ИТ никогаш не е престанат да се зголемува, платите никогаш не престанаа да се покачуваат. Единствената разлика е што фокусот за вработување се претежно сениори и по нешто ептен почетници, луѓето во средина висат. И покачувањата, наместо за сите (како што беше) се фокусирани на најпродуктивните вработени.
Не викам јас дека е само поради АИ-то, оптимизацијата се случува веќе 2 години наназад и беше најавена. Ние работевме доста со УК пазар кој во последните 2-3 години има тежок бронхитис, се закашлува упм, и буквално секоја фактура требаше да има силна поткрепа и објаснување зошто ти требале тие ресурси.
Знаеш и сам дека во голем дел од фирмите им беа продавани деца што немаат ни 1 месец искуство како мид левел, и додека имаше ефтини пари никој не се замараше, особено не ако работиш за САД. Додуша и не им беше од интерес, тие си го тераат бизнис делот, хастлери кои пробуваат да соберат кеш од инвеститори, да извадат некаква бета за да соберат уште повеќе пари, па да направат уште нешто ситно и да ја флипнат за повеќе пари.
За време на криза оваа индустрија ќе трпи, секој може да живее без нова верзија од системот, особено ако секој долар му е потребен за да си ги сервисира долговите.
АИ-то е само капак на се, како што се радуваме ние дека ни помага за куцање на кодот, така се радуваат и ѓупците дека со ова се дигнаа на 3 нивоа погоре.

Инаку не сме најефтин пазар, ниту пазар со најмногу конкуренција, во Индија/Пакистан/Виетнам сениори ти коштаат колку џуниори/мидови во мкд, плус ги има во изобилство.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.900
Поени од реакции
18.618
Не знам како го замислуваш ова да бидеш аутсорс за вакви компании, да не ти кршам филм, за мкд фирми (македонски капитал и сопственост) ова е невозможна мисија.

Пред неколку денови баш бев во АУС во мала фирма, ги запознав на нетворкинг настан тука и сме во преговори за соработка, кул дечки (1 програмер, 1 продавач и 1 роботика), дечките продаваат уред кој користи computer vision и почнува да се применува во рударство. Од 2018 до почеток на 2022ра го граделе и биле финансирани од грантови на државата + грантови дадени од BHP и Rio Tinto, кои им ги купиле во претпродажба првите 60 уреди (еден кошта од 190 до 270к), плус преку истите тие успеале да продадат и во рударство во Канада уште 30 уреди.

Ваква фирма од мкд нема да успее ни да стигне на состанок со секретарката од BHP или слични тиер 1 компании, а не пак да седне на маса со директорите и да им продаде приказна за иновативност.
Прво скокни па кажи оп. Ијаме во Македонија компанија која развива таков производ?

Многу просто, пошто до неодамна работев ко аутсорс ресурс на проекти за две од трите набројани компании, на алатки кои комуницираат со адвертајзинг апиња на гореспоменативе платформи, ама за странска компанија.

Не е дека се потребни чуда, едноставно само решаваш проблем или создаваш потреба, кој таа копманија не согледала дека го има.

У конкретниот случај проблемот беше што на нивното постоечко апи, на дашбордот за една адвертајзинг кампања, за една ад група, можеа да бидат прикажани адс со сите детали од само еден ад акаунт. И земавме напраивме бекенд апи кое им листаше буквално се од сите ад акаунти поврзани со компанијата, со можност за филтрирање и пагинација и дополнителни статистики поврзани со буџети, импресии, кликови и слично, напраивме и булк креаирање и апдејтување и све тоа имплементирано и на фронтенд. На демото беа воодушевени и сакаа што побрзо да почнат со соработка. А не е дека богзнае каков код се куцаше или дека ние измисливме топла вода.

Муабетот ми е дека дури и да најдам листа од топ 100 it компании од Југоиточна Европа, ниту една нема да биде македонска. Ама затоа види ги Бугарите што прават

така што џабе трендот во ит секторот и све тоа кога никој нема ниту план, ниту стратегија како да се дојде до големи клиенти или да се направи саглам портфолио од проекти
 
За производот, да, сигурен дека никој во мкд не развива таков производ (на рака се бројат и Европски фирми). Хардверот и сензорите се достапни на пазарот за секој (се произведуваат Кина и САД), ама ретко кој седнал да ги склопи во производ со практична примена во инженерство, и да искуца код за истото.

За продавањето, да, пробано, невозможно е да стигнеш ни до состанок/презентација со такви големи фирми, а не да продадеш, ова е од наше искуство, а сме пробале скоро се можно од маркетинг (linkedin navigator, inmail i avtomatizacii, hubspot, lead generatori, cold calls, cold mails, duri i sme kupuvale b2b listi).
И со тие поголеми играчи со кои соработуваме, преговорите беа пекол и со месеци и на маса седнавме преку некого, плус мораше да се земе professional indemnity insurance со покритие над 5м евра (14к евра годишно ти е само ова оти сме класифицирани како земја со висок ризик, споредено со околу 2к евра ако си земја од западен свет), да се сетираат процедури за се можно, сертификати и тн.

Не им ја знам приказната на Мусала, како и што успеале да влезат со такви фирми, но верувам дека не било лесно и едноставно, и претпоставувам дека таквите клиенти се донесени преку други кругови. За јавност приказната е една, во реалност е сосема поинаква :)
 
Да, излезе дека е најлесна ствар на свет, особено за фирми од мк. :) Али Рим не бил изграден за еден ден и се прашував кои проекти треба да ги имаш позади себе за да ти станат достапни вакви компании? А верувам да имаш соработка со една до две големи компании, ќе станат поотворени за соработка и другите.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.123
Поени од реакции
36.279
Да, излезе дека е најлесна ствар на свет, особено за фирми од мк. :) Али Рим не бил изграден за еден ден и се прашував кои проекти треба да ги имаш позади себе за да ти станат достапни вакви компании? А верувам да имаш соработка со една до две големи компании, ќе станат поотворени за соработка и другите.
Се согласувам дека ништо не се гради преку ноќ, но во случајов, моето искуство е дека до таквите се стига само и само преку некого.

Најлесно сме минувале со компании со грубо од 50 до кај 300 вработени, најчесто се со помала бирократија, брзо се одлучува и се ок организирани, плус често имаш разбирање за плаќање до кај 30 дена (кај големите често се чека многу повеќе).

Бегај подалеку од фирми каде што имаш македонец во тимот што одлучува. Едно копиле наше не издупи за проект во Австрија, немав ни појма дека генералниот директор е македонец, влегуваме на состанок, не беше повикан во листата, почнуваме со 2ца Австријци менаџери, ликовите топ, се оди како подмачкано. Влегува ликов при крај на состанокот (тие беа од сала за состаноци, им се пикна таму), од прва минута почнува со напади и омаловажување мислиш татко му сме го отепале, австријциве почнаа да се погледнуваат еден со друг демек што е проблемов, на крај ништо од проектот. Имаме едно чудо вакви клошари надвор од земјата, да се чуди човек колкава омраза имаат кон таа држава/народ, болна работа...

Исто имам пробано да влезам во поголеми фирми преку наши, газди на фирми подизведувачи во друга индустрија, се скапаа ветување, на крај гарантирам дека немаат ни зуцнато, досега немаме фатено ниту еден проект преку такви ликови.

Од друга страна пак имаме фатено проекти преку луѓе кои само соработувале со нас, а ги немам ни запознаено во живо. Последно еден англичанец не пикна на проект буквално додека трепнеш, беше задоволен од тоа што го сработивме во претходната фирма, отиде во нова фирма и самиот не побара таму.

Треба фрлање страшно многу пари на маркетинг, нетворкинг настани, алатки за маркетинг, нон стоп да имаш некој што ќе врти по телефони/ќе замара по linkedin, ќе се појавува на се што е поврзано со индустријата и ќе прави контакти.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.228
Поени од реакции
26.028
Mislam deka tie jaki klienti Musala i tn gi imaat fateno preku licni kontakti. Dali e nekoj bugar so imal vlijanie tamu ili slicno.
90% од договорите одат преку лични контакти. Иста приказна се и продажба, ако си продуктна компанија. Добри продавачи се луѓе со одлични лични контакти со купувачот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom